Author: riste

Капитенот на Барселона, Лионел Меси може да остане во каталонскиот клуб. Според „Диарио Спорт“, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во неколку наврати се сретнал со таткото на фудбалерот и агентот Хорхе Меси. Забележано е дека веќе во текот на првите преговори, двете страни се блиску до договор з апродолжување на соработката. Лапорта објасни какви услови е подготвен да му понуди на Меси, а овој предлог беше одобрен од семејството на фудбалерот. Во исто време, и покрај постигнатиот напредок, деталите сè уште треба да се допрецизираат. Меси, наводно, е поблиску до одлуката да остане, иако конечниот договор е уште далеку. Претходно…

Read More

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ќе ги пропушти преостанатите натпревари до крајот на сезоната поради повреда на коленото, пренесува „Газета Дело Спорт“. Шведската мегатвезда заработи повреда на натпреварот против Јувентус во 35. коло, кога неговата екипа победи со 3:0. Очекувањата дека ќе се опорави очигледно не се остварија. Така, Милан нема да смета на ветеранот во натпреварите со Торино, Каљари и решавачката пресметка со Аталанта. Ибрахимовиќ оваа сезона играше на 19 натпревари во Серија А, постигна 15 гола и даде две асистенции. Милан е во битка за пласман во топ 4, што ќе го однесе во групите од Лигата на…

Read More

На својот последен состанок, Бордот на европскиот дел од ФИБА донесе една исклучително битна одлука Имено, прифатен е предлогот кој вели дека и претквалификациите за Светскиот Куп 2023, ќе се играат во сега добро познатите „балони“. Наместо размена на домаќинства, 12. селекции кои се дел од вториот претквалификациски циклус за места во оние „главни квалификации“, ќе играат на четири одвоени турнири од „затворен тип“ во периодот од 12. до 18. август, 2021 година. Местата на одигрување на т.н. „балони“ ќе бидат дополнително одредени, откако ќе бидат разгледани сите пријави за организација-домаќинство Ова се доста променети услови за машката сениорска репрезентација,…

Read More

Селекторот на Италија, Роберто Манчини ќе го продолжи договорот со репрезентацијата до 2026 година. Ова го објави новинарот Николо Шира на својот профил на Твитер. Според изворот, платата на Манчини во националниот тим ќе биде 3 милиони евра годишно. Манчини го предводи италијанскиот национален тим од 2018 година. Претходно беше тренер во Зенит, Интер, Галатасарај, Манчестер Сити, Лацио и Фиорентина. На Европското првенство, италијанската репрезентација е во групата А и ќе игра натпревари со Швајцарија, Турција и Велс. Исто така, репрезентацијата на Италија ќе игра во полуфиналето од Лигата на нации со шпанскиот тим. Во квалификациите за СП 2022 година,…

Read More

Тренерот на Барселона, Роналд Куман беше разочаран по нерешениот резултат 3:3 на гостински терен кај Леванте во натпревар од 36. коло во Ла Лига. Овој резултат ги намалува шансите на Каталонците во битката за шампионската титула. Барселона има само една победа на последните 4 натпревари. „Тешко е да се објасни што се случи. Тимот играше добро во првото полувреме, но по паузата го намали притисокот и започна да прави многу грешки. На 2:2 реагиравме добро, но потоа повторно направивме грешка. Да примиме три гола за 45 минути е нешто ненормално, ова не е типично за Барселона, сезоната е тешка, има…

Read More

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон (43) изјави дека ќе го напушти клубот од Торино на крајот од сезоната. „Мојата иднина е веќе позната. Прекрасен и многу долг период во Јувентус конечно завршува оваа година. Мислам дека му дадов се на Јуве, но добив сè, па дури и повеќе. Или ќе престанам да играм, или ќе се најдам во ситуација што ме мотивира да ја продолжам кариерата. Можеби ќе добијам поинакво животно искуство“, изјави Буфон. Беше објавено дека на крајот на сезоната, Буфон сака да се пресели во Парма, во која ја започна својата играчка кариера. За потсетување, Буфон стана играч…

Read More

Левиот бек Ферлан Менди ќе ги пропушти натпреварите на Реал Мадрид до крајот на сезоната и затоа Зинедин Зидан останува без сите свои дефанзивци. Французинот има проблеми со грбот и весникот „АС“ тврди дека ќе отсуствува три недели. Исто така надвор од терените поради повреди се и централните дефанзивци Рафаел Варан и Серхио Рамос, како и актуелниот десен бек Дени Карвахал. Неговата алтернатива Лукас Васкез е исто така во болница. Шпанските медиуми очекуваат Варан да пропушти само уште еден натпревар за Реал Мадрид и да се врати на последните два. Останатите играчи се надвор од комбинација до крајот на сезоната.

Read More

Поранешниот играч за врска на Барселона, Андрес Иниеста ќе продолжи да игра за јапонскиот тим Висел Коби. Според прес-службата на јапонскиот клуб на Твитер, договорот со фудбалерот бил продолжен до 2023 година. Во исто време, денес,11 мај, Андрес Иниеста  го слави својот роденден и полни 37 години. Иниеста се приклучи на Висел Коби летото 2018 година од Барселона како слободен агент. Договорот на фудбалерот со јапонскиот клуб траеше до крајот на 2021 година. Играчот за врска играше за Каталонците од почетокот на својата кариера. Со оваа екипа тој стана шампион на Шпанија девет пати, шест пати го освои Купот на…

Read More

Селекторот на Германија, Јоаким Лев, планира да го врати Томас Милер во репрезентацијата за Евро 2020 ова лето, објави весникот „Билд“. Според изданието, Лев веќе го повикал играчот за врска на Баерн (Минхен) и го известил дека сака повторно да смета на него. Милер последен пат играше за Германија во ноември 2018 година во Лигата на нациите. Во март 2019 година, тој беше ослободен од националниот тим заедно со неговиот соиграч Жером Боатенг и дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс. Пишувањата за враќање на Мулер се интензивираа во текот на изминатата година, бидејќи играчот за врска стана клучен играч на…

Read More

Фудбалската федерација на Македонија официјално го пушти во употреба и го предаде на користење најновиот терен со вештачка трева (без полнење со вештачка гума) наменет за ФК Академија Пандев во Струмица. Проектот за целосна изградба на теренот со вештачка трева чини 280.000 евра, а нашата федерација средствата ги обезбеди преку Хет-трик програмата на УЕФА. На официјалното отворање на теренот за Академија Пандев беа присутни раководните луѓе на ФФМ, предводени од претседателот Муамед Сејдини, градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и претставникот на Академија Пандев, Мартин Алаѓозовски. ФОТО: ffm.mk „За Фудбалската федерација на Македонија денот како денешниот кога отвораме нови фудбалски терени…

Read More