Дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Кирон Трипиер е интересен за Манчестер Јунајтед и Евертон, објавија медиумите на Островот. Англичанецот потекнува од Манчестер Сити и играше за Тотенхем од 2015 до 2019 година. Дефанзивецот играше и за Барнли и Барнсли, а за клубот од Мадрид игра од 2019 година. Оваа сезона, 30-годишниот Трипиер одигра 34 натпревари за Атлетико, на кои забележа шест асистенции. Според порталот Трансфермаркт, вредноста на играчот е 20 милиони евра. На едно коло пред крајот на шпанскиот шампионат, Атлетико е на првото место со 83 бода и е со два бода предност пред најблискиот ривал – Реал Мадрид. Атлетико…
Author: riste
Во Барселона одлучиле да го отпуштат тренерот Роналд Куман на крајот на сезоната, објавија медиумите во Каталонија. Според истите извори, оваа одлука е донесена по поразот на тимот во мечот од 37. коло на шпанскиот шампионат со Селта (1:2). Со поразот на оваа срдба, Барселона ги загуби шансите за шампионската титула. Тимот е на третото место на табелата со 76 поени. Исто така објавено е дека Куман има шанса да ја задржи функцијата главен тренер само доколку раководството на Барселона не може да најде достојна замена за него. Претходно беше објавено дека Барселона разгледува тројца кандидати во случај на разделба…
Реал Мадрид се најде на првото место на листата како најскап фудбалски бренд во светот. На рангирањето подготвено од англиската консултантска компанија Бренд финансис, Реал Мадрид ја зазема првата позиција, бидејќи вредноста на брендот се проценува на 1,276 милијарди евра. Втората позиција ја зазема Барселона со 1,266 милијарди, а на третата позиција е Манчестер Јунајтед со 1,118 милијарди. Еве како изгледаат првите 10: 1 (1) Реал Мадрид, Шпанија – 1,276 милијарди евра 2 (2). Барселона, Шпанија – 1,266 милијарди евра 3 (3). Манчестер Ј., Англија – 1,130 милијарди евра 4 (5). Манчестер Сити, Англија – 1,118…
Играчот за врска на Интер, Николо Барела претпладнево беше подложен на успешна операција на носот, соопштија од италијанскиот тим. Играчот од средниот ред беше опериран поради потреба од корекција во внатрешноста на носот. Италијанскиот репрезентативец ќе добие неколку слободни дена, а потоа ќе продолжи со тренинзите. 24-годишниот Николо Барела има 3 гола и 9 асистенции на 36 натпревари во Серија А оваа сезона, и има 24 натпревари за репрезентацијата на Италија. Фудбалерот во моментов е проценет на 60 милиони евра, а за неговите услуги се заинтересирани голем број на клубови од Европа, но тој и понатаму му останува верен на…
Играчот за врска на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, продолжи со тренинзите. Белгиецот ги пропушти последните два натпревари на „граѓаните“ против Челзи и Њукасл поради повреда на мускулот, но веќе се опорави и се очекува да биде во составот на својата екипа за финалето во Лигата на шампионите против Челзи на 29 мај. „Де Бруин тренираше последните два дена, тој се чувствува добро. Кевин е важен како и другите играчи. Ќе видиме во каква состојба е и дали ќе може да игра”, изјави менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола пред утрешниот натпревар против Брајтон. Тренерот е задоволен од враќањето на…
Пласманот на Челзи меѓу најдобрите четири зависи само од „сините“, категоричен е менаџерот Томас Тухел. На две кола пред крајот на сезоната, лондончани имаат бод пред Ливерпул, кој вчера победи во драматичен финиш со 2:1 како гостин против испаднатиот Вест Бромвич. Голманот Алисон беше автор на победничкиот гол во судиското продолжение. „Тоа беше фантастичен удар со глава во последен момент. Ги направи работите исклучително интересни и врзани. Се е во наши раце. Нашиот пораз од Арсенал (0:1) му овозможи на Ливерпул да се приближи до нас. Треба да покажеме истрајност во она што го започнавме. Ситуацијата ни овозможува да не…
Голманот на Барселона и германската репрезентација Марк-Андре Тер Штеген објави дека ќе го пропушти претстојното Европско првенство во фудбал. „Разочаран сум од вчерашниот пораз и фактот дека ги загубивме шансите за шампионската титула ( Барселона загуби од Селта со резултат 1:2). По тешкотиите на почетокот на сезоната, покажавме карактер и одигравме серија од 19 натпревари без пораз. Но, не бевме во можност да ја задржиме оваа форма. Медицинскиот персонал на клубот и јас решивме да направиме дополнителна операција на коленото. Тажен сум што ќе ми недостига Евро 2020… За прв пат по многу години, ќе бидам навивач кој ја поддржува…
Роберто Манчини официјално потпиша нов договор со Италијанската фудбалска федерација. Претседателот на федерацијата Габриеле Гравина потврди дека Манчини потпишал нов договор, кој ќе заврши во 2026 година. Така, 56-годишниот фудбалски стручњак ќе ги предводи „азурите“ на уште 2 европски и две светски шампионати, доколку, се разбира, четирикратниот светски шампион се квалификува за сите овие завршни турнири. Тој ќе биде на кормилото на тимот до СП 2026 година, каде домаќини ќе бидат САД, Мексико и Канада. Гравина рече дека Манчини заврши брилијантна работа како национален селектор на Италија од 2018 година и Федерацијата се чувствува должна да го продолжи проектот што…
МЗТ Скопје е победник на кошаркарскиот Куп на Македонија кој за прв пат го носи името „Благоја Георгиевски – Буштур“ по прославениот кошаркар кој почина минатата година. МЗТ Скопје во финалето го совлада своијот голем ривал Работнички со 77:69, во натпревар со многу добри потези, на моменти премногу нервоза, но сепак на крајот со заслужена победа на екипата која имаше поголем ростер и успеа да го реши натпреварот во клучните моменти кога се кршеше резултатот на некојаминута пред крајот. За МЗТ Скопје ова е јубилеен десетти трофеј во Купот, или прв по 2018 година кога во финалето во Гевгелија славеше…
Ливерпул ќе биде без Диого Жота во последните три натпревародво сезоната, во кои Ливерпул мора да стори се што е можно да се изборат за четвртото место. Причината е повреда на стапалото што Португалецот ја доби за време на дербито со Манчестер Јунајтед. Според менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, повредата не е сериозна, но сепак го спречи Жота да игра на денешнио натпревар со Вест Бромвич, но ќе го нема ниту на средбите со Барнли и Кристал Палас. Жота се претстави многу добро откако беше привлечен од Вулверхемптон минатото лето. Тој има 13 голови на 29 натпревари во сите натпреварувања,…
