Author: riste

Тренерот на Баерн Минхен, Ханзи Флик ја потврди информацијата дека најверојатно ќе ја преземе германската репрезентација. Тој тоа ќе го стори откако ќе ја напушти тренерската позиција во Баерн на крајот од оваа сезона. „Јасно е дека разговарав со Германската фудбалска асоцијација. Секој знае како се чувствувам во врска со репрезентацијата. Некои работи сепак треба да се решат. Станува збор за ситници. Доколку се поправат, можеме брзо да ги објавиме вестите. Сега, сепак, фокусот ми е на натпреварот со Аугсбург. Дали имав разочарувања во текот на сезоната? Да, две работи. Испаѓање во Купот на Германија од Холштајн Кил, како и…

Read More

Екипата на Силекс од Кратово е освојувач на Купот на Македонија во фудбал. Во финалниот натпревар кратовчани славеа над Академија Пандев по подобро изведување на пенали, откако регуларниот дел заврши без голови 0:0, а немаше гол и победник ниту пом продолжението. По изведувањето на пеналите Силекс славеше со 4:3. Натпреварот помина безмногу шанси, а двете екипи не ризикуваа многу затоа што сепак влогот беше голем, настап во Европа. Клучен момент во пенал серијата беше последната серија кога во петтата серија за Силекс погоди Карчески, додека за Академија Пандев, Велиновски шутираше во пречката и му донесе радост на противничкиот тим. Со ова Силекс ја освои третата…

Read More

Актуелниот тренер на Баерн Минхен, Ханзи Флик може да ја преземе Барселона, објави весникот „Марка“. Според изворот, управата на каталонскиот клуб сака да го види Флик како главен тренер на тимот. Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта контактирал со германскиот тренер и се обидува да го убеди да го предводи тимот. Претходно беше објавено дека Флик, кој ќе го напушти Баерн на крајот од тековната сезона, ќе го води германскиот национален тим по Европското првенство, но во моментот нема договор меѓу двете страни. Роналд Куман е актуелен тренер на Барселона, но во текот на изминативе денови се пишуваше дека каталонскиот клуб…

Read More

Поранешниот играч за врска на Јувентус, Реал Мадрид и репрезентацијата на Германија, Сами Кедира, објави дека се одлучил на завршување на професионалната кариера. Во моментов 34-годишниот играч за врска е играч на Херта Берлин. „Време е да се збогуваме. Таквите одлуки никогаш не се лесни. Го менуваат животот. Во сабота ќе го играм последниот натпревар во мојата кариера. Ми беше чест да играм за најголемите клубови, да освојувам трофеи и да бидам дел од историскиот момент кога Германија го освои Светското првенство во 2014 година. Благодарност до сите навивачи, соиграчи, тренери и секако до моето семејство и пријателите. Вие бевте…

Read More

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница оддржана во „Куќа на фудбалот“ донесе одлука за финансиски награди за репрезентативците за успешните настапи во квалификациите за Светското првенство, но најави и какви премии ќе добијат фудбалерите за евентуален успех на ЕП 2020. УО донесе одлука да се исплати парична награда за македонската А репрезентација во износ од 150.000 евра за мартовските натпревари (Романија, Лихтенштајн и Германија) од квалификациите за Светското првенство. Исто така, секоја победа од групната фаза на Европското првенство, ФФМ ќе ја вреднува со 300.000 евра како парична награда за македонската репрезентација. Секој нерешен резултат на натпреварите од…

Read More

Напаѓачот на Олимпик Лион, Мемфис Депај ги договорил деталите за неговиот договор со Барселона, објави француското издание на „Л‘Екип“. 27-годишниот Холанѓанец ќе се пресели на „Камп Ноу“ како слободен агент откако Олимпик Лион не успеа да го убеди да го продолжи договорот. Депај се очекува официјално да се пресели во Барселона пред почетокот на Европското првенство. Вчера тој одби да ги открие своите планови, но според „Л‘Екип“ наскоро ќе го потврди договорот со Каталонците.

Read More

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, проговори за состојбата на аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро. „Тој има некои ситни проблеми. Тој е загрижен за ногата, повредата на мускулот. Тој тоа го почувствува пред натпреварот против Њукасл. За денес не е подготвен. Се надеваме дека ќе може да игра против Евертон. Што се однесува до финалето во Лигата на шампионите, доколку Серхио е во форма, тој ќе ни помогне. Тоа е сигурно. Ако може да ни помогне да постигнуваме голови, ќе игра, но тоа е финале. Ќе треба да донесам одлука што ќе ги зголеми нашите шанси за победа“ изјави Гвардиола. Натпреварот…

Read More

Напаѓачот на Сасуоло, Џакомо Распадори го доби првиот повик за италијанската репрезентација. 21-годишниот фудбалер е дел од прелиминарниот состав на Италија за Европското првенство ова лето. Селекторот Роберто Манчини го објави списокот на своите избраници од кои седум фудбалери ќе бидат елиминирани на конечниот список од 26 играчи, кој мора да биде објавен до 1 јуни. Распадори е во одлична форма и постигна четири гола на последните пет натпревари во Серија А. Тренинг кампот на Италија ќе биде активен од 24 мај, а првата контрола пред Евро 2020 е против Сан Марино на 28 мај во Каљари. Последната проверка пред…

Read More

Реал Мадрид веќе му дал специјална понуда на Масимилијано Алегри да го замени Зинедин Зидан на тренерската позиција во клубот, информираше „Газета дело спорт“. Понудата на Флорентино Перез е за 2-годишен договор со опција за уште 12 месеци со плата од 10 милиони евра. Се чини дека управата на Реал Мадрид повеќе верува на искусниот Италијанец пред барањата на навивачите нов тренер да биде Раул Гонзалес, кој досега работеше само во вториот тим и нема искуство како тренер на првиот тим. Алегри е без работа веќе две години откако заврши со обврските во Јувентус. Во неговата биографија тој освои шест…

Read More

Дефанзивецот на Интер, Данило Д’Амброзио ќе го продолжи договорот со неговиот клуб, објавија неколку новинари кои ги следат состојбите во Интер. Од Интер размислуваат да ја активираат опцијата за продолжување на договорот со 32-годишниот играч на уште една година. Тековниот договор со фудбалерот истекува на 30 јуни 2021 година. Во оваа сезона, Д’Амброзио одигра 23 натпревари за Интер, на кои постигна три гола и заработи три жолти картони. Д’Амброзио игра во Интер од 2013 година, претходно играше за Торино, Јуве Стабија и Потенца. Да потсетиме, Интер стана шампион во сезоната 2020/2021, откако го освои 19-то Скудето во историјата. Интер ја…

Read More