Арсенал е заинтересиран за дефанзивецот на Севиља, Жул Кунде, пренесуваат медиумите на Островот. 22-годишниот талент остави силен впечаток со своите настапи во текот на сезоната, одигра 34 натпревари и постигна 2 гола во Ла Лига. Ова не остана незабележано од големите гиганти, па затоа Французинот е и во плановите на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Арсенал итно треба да ја засили одбраната, особено во централниот дел. Клубот ќе се раздели со ветеранот Давид Луис, чиј договор истекува и нема да биде обновен. Затоа е важно да се најде квалитетна замена за него, а „топџиите“ го свртеа вниманието кон Кунде. Сепак,…
Author: riste
Вечерва ќе биде одиграно финалето во Лигата на Европа, точно во 21:00 часот екипите на Виљареал и Манчестер Јунајтед ќе ја стартуваат последната средба за оваа сезона и ќе ја водат решавачката битка за големиот трофеј. Секој од двата тима очајно го посакува овој трофеј, но само еден ќе се радува по мечот. Натпреварот ќе се игра на стадионот во Гдањск. Поради пандемијата Ковид-19, беше одлучено да се пополнат само 25% од капацитетот на стадионот, што значи дека натпреварот ќе го следат во живо околу 9.500 гледачи. Иако има големо искуство на европските терени, за Виљареал ова ќе биде прво…
Трансферот на Ибрахим Конате од РБ Лајпциг во Ливерпул многу веројатно ќе се случи до крајот на неделава. Од Ливерпул се подготвени да ја платат откупната клаузула во договорот на играчот, што изнесува 40 милиони евра. Според последните информации, играчот веќе ја поминал првата фаза од лекарските прегледи пред трансферот да стане официјален факт, пишува „Фудбал инсајдер“. Ливерпул сезонава имаше сериозни проблеми во одбраната по повредата на Вирџил ван Дајк. Јирген Клоп беше принуден да направи многу експерименти, а зимата дури ги привлече Дејвис и Кабак, кои сепак не ја донесоа потребната стабилност. Затоа, тренерот е решен да најде квалитетен…
Новиот шампион на Шпанија, Атлетико Мадрид ќе стори се што е можно за да го привлече напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, тврдат медиумите во Шпанија. Од „Ванда Метрополитано“ започнаа голема офанзива за реализација на трансферот, подготвувајќи неколку опции за целата зделката. Атлетико Мадрид најмногуу би сакал размена на играчи, што се очекува со оглед на тешката финансиска состојба во која се наоѓаат повеќето клубови. Затоа, првата опција е Атлеико Мадрид да му го понуди на Јувентус Анхел Кореа. 26-годишниот Аргентинец нема статус на стартер во клубот, но од друга страна тој имаше своја улога во освојувањето на титулата оваа сезона,…
Раководството на Интер сè уште чека одговор од тренерот Антонио Конте. Тренерот ги предводеше „нероазурите“ до титулата во Серија А, но неговата иднина останува нејасна. Првите луѓе на Интер се обидуваат да го натераат Конте да се согласи за намалување на платата, но тренерот не е особено подготвен да го стори тоа, пишува „Кориере дело Спорт“. Во наредните денови се очекува средба меѓу претседателот на Интер, Стивен Жан и Конте. Засега, секој од не сака да го направи првиот чекор. Конте веќе се вратил во неговиот дом во Торино и чека повик од Жан. Челниците на Интер ќе се обидат…
Оправдан е стравот на навивачите на Барселона дека Лионел Меси ќе се врати во Аргентина без потпишан договор. Медиумите во Барселона откриваат дека утре мегаsвездата ќе слета во својата татковина за да се приклучи на националниот тим. „Гаучосите“ се соочуваат со два светски квалификациски натпревари на почетокот на јуни – против Чиле (4 јуни) и Колумбија (9 јуни), по што следи Копа Америка. Ова натпреварување се одржува меѓу 13 јуни и 10 јули. Сето ова значи дека договорот на Меси со Каталонците, кој е до 30 јуни, најверојатно ќе истече додека тој е во Јужна Америка. Секако, постои опција тој…
Раководството на Борусија Дортмунд очекува загуби од 75 милиони евра за тековната финансиска година, а причината е пандемијата Ковид-19, објави германскиот клуб. „Жолто-црните“ ја амортизираа штетата со пласман во Лигата на шампионите и освојување на Купот на Германија, но сето тоа се случи пред празни трибини. Извршниот директор на клубот Ханс-Јоаким Вацке веќе објави дека очекува дефицитот да биде помеѓу 70 и 75 милиони. Тој тоа го стори за време на состанокот на акционери на почетокот на сезоната, но исто така не ја исклучи можноста загубите за финансиската година што завршува ова лето да бидат поголеми. Во првичните пресметки на…
По само два дена откако објави дека веќе нема да го води Наполи, Џенаро Гатузо веќе си најде нова работа. Досегашниот тренер на Наполи во следната сезона ќе седне на клупата на Фиорентина и ќе го води овој тим од Фиренца. Фиорентина одигра сезона која сака што поскоро да ја заборави зато ашто влегоа со амбиции з апласман во Европа, а завршија со борба за опстанок. Поранешниот играч на Перуџа, Ренџерс, Салернитана, Милан и Сион во својата тренерска кариера беше на клупата на Сион, Палермо, Пиза, ОФИ, Милан и Наполи. Ова ќе биде уште еден нов предизвик за Гатузо кој…
Денеска кај нас беа одиграни бараж-мечевите за пополнување на првата фудбалска лига за наредната сезона. Екипата на Тиквеш направи изненадување и го испрати Силекс која неодамна го освои пехарот во Купот во втората македнска фудбалска лига. Единствениот гол за победа на Тиквеш го постигна Спахиу во 54.минута со кој Тиквеш победи со 1:0. На вториот натпревар меѓу Ренова и Охрид немаше победник во регуларниот дел, мечот заврши 2:2, а по подобро изведување на пенали, Ренова обезбеди опстанок во првата лига, а Охрид следната година повторно ќе биде второлигаш. По цели 17 години чекање, Тиквеш од следната сезона повторно ќе биде…
Возачот на Ред Бул Макс Верстапен е победник на трката за ГН на Монако. Стартуваше од пол-позицијата и во ниту еден момент не дозволи да биде загрозена неговата победа, а сето тоа благодарение на проблемите со кои се соочи Чарлс Леклерк поради проблем си менувачот. Леклерк не мо Еше да настапи на оваа трка и му је препушти првата позиција на стартот на Верстапен кој максимално го искористи тоа. Хамилтон на крајот на трката успеа да го освои само седмото место, додека место на подиумот имаше уште за Карлос Саинц од Ферари и Ландо Норис од Мекларен. Триумфот му донесе…
