Интер е во контакт со тренерот на Лацио, Симоне Инзаги. Ова го објавија дел од италијанските новинари кои ги следат трансферите во Сериј А. Претходно, „Газета дело Спорт“ објави дека клубот од Милано може да го раскине договорот со тренерот Антонио Конте во следните 48 часа. Според гласините, причината за ова може да биде финансиско прашање. Плановите на Интер се да останат конкурентни, но да ги намалат трошоците со прилагодување на буџетот на сегашната економска криза, што не одговара на амбициите на Конте, кој не само што е најплатен тренер во Серија А, туку и инсистира на засилување на клубот…
Author: riste
Манчестер Сити и Барселона би можеле да влезат во трансфер битка за потписот на левиот бек на Аталанта, Робин Госенс. Двата клуба имаат сериозен интерес за него и ќе се обидат да го земат во своите редови, пишува шпанскиот венсик „Спорт“. 26-годишниот Германец имаше неколку многу добри сезони во тимот од Бергамо, а тоа не помина незабележано ниту од гигантите, како и од селекторот на репрезентацијата Јоаким Лев, кој смета на него и во репрезентацијата, вклучително и во тимот за Еуро 2020. Манчестер Сити не го крие интересот за Госенс, но клубот ќе даде понуда за него само доколку се…
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го напушта клубот, тврди новинарот Фабрицио Романо. Веста официјално се очекува да биде потврдена во текот на денешниот ден. Зидан по втор пат се разделува со Реал Мадрид. Најнапред го напушти „Сантијаго Бернабеу“ со три последователни трофеи во Лигата на шампионите, но сега го напушта тимот по една сезона без ниту еден трофеј. Според медиумите на Апенините, Зидан многу веројатно ќе се врати во Италија за да го предводи Јувентус. Како фаворит за тренерската позиција во Реал Мадрид, медиумите го поврзуваат Антонио Конте, кој вчера се раздели со Интер, како и уште еден Италијанец…
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не го криеше големото разочарување по поразот на пенали од Виљареал во финалето од Лигата на Европа. Тренерот дури ја опиша сезоната како неуспешна, бидејќи тимот повторно не освои ниту еден трофеј. „Тивко е во соблекувалната. Разочарувањето е големо. Но, тоа е фудбал – понекогаш еден удар или гол одлучува за сè. Треба да ја научиме оваа лекција. Да се потсетиме на тоа чувство и да се осигураме дека никогаш повеќе нема да го почувствуваме тоа”, рече Солскјер. Запрашан дали сезоната е успешна, тој беше прецизен: „Не“. „Не одигравме најдобро како што можевме.…
Тренерот на Виљареал, Унаи Емери уште еднаш докажа дека е владетел на Лигата на Европа. Тој го освои трофејот по четврти пат во кариерата, откако во финалето против Манчестер Јунајтед ја предводеше екипата на Виљареал. Тренерот смета дека овој успех е заслужен. „Многу сум среќен. Момчињата напорно работеа цела сезона за сопственикот и претседателот. Горди сме. Мислам дека заслуживме да победиме. Манчестер Јунајтед беше наш противник, но игравме многу рамноправно вечерва”, изјави Емери. „Нашиот клуб веќе играше во Лигата на шампионите и ние повторно ќе уживаме во ова натпреварување. Сакав да ја освојам Лигата на Европа, но сакам да учествувам…
Хрватот Иван Јуриќ ќе биде назначен за тренер на италијанскиот тим Торино, објави новинарот Џанлука Ди Марцио. Така, по две сезони минати во Верона, каде успеа да го стабилизира тимот на средината од табелата во Серија А, Јуриќ сега ќе ги предводи „биковите“. Договорот на 44-годишниот тренер ќе биде на три сезони, а неговата плата е планирана за 2 милиони евра годишно, пишува на веб-страницата на Ди Марцио. Иван Јуриќ ги предводеше фудбалерите на Верона од 2019 година, а во 2020/21 тимот успеа да заврши на 10-то место. Од друга страна, Торино имаше многу тешка сезона и на крајот заврши…
Познато е веќе колку навивачи ќе можат да присуствуваат на финалниот натпревар во Лигата на шампионите 2020/21 помеѓу англиските екипи Челзи и Манчестер Сити. Оваа информација ја објави „АС“ повикувајќи се на прес-службата на УЕФА. Португалските власти потврдија дека стадионот „Драгао“ може да се наполни со 33% од вкупниот капацитет на арената, што е 16.500 гледачи. На секој од финалистите им беа доделени по 6.000 билети резервирани за своите навивачи, кои клубовите ги продаваа директно. 1.700 билети се резервирани за португалската јавност и ќе се продаваат врз основа на прв дојден, прв услужен и беа ставени во продажба вчера, 25…
Македонската фудбалска репрезентација која синоќа го имаше својот собир, од денеска и официјално ќе ги започне подготовките за учеството на Европското првенство. Селекцијата предводена од Игор Ангеловски денеска ќе го одработи и првиот тренинг, закажан од 18.30 часот на теренот на ФФМ. По премиерно обезбедениот прв настап на ЕП, сега нашите фудбалери посакуваат да продолжат да ги радуваат своите фанови и Македонија со нови успеси. Токму поради тоа амбициите се да се има успешен настап на ЕП и да се помине групата во која играме. Нашите најдобри фудбалери во рамките на подготовките ќе одиграат и две контролни средби на 1…
УЕФА објави дека ќе преземе казнени мерки против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, кои се уште не се откажале од својата идеја за формирање на Супер лига. „Како резултат на истрагата спроведена од инспекторите на УЕФА за етика и дисциплина во врска со таканаречената „Супер лига“, покрената е дисциплинска постапка против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус за потенцијални прекршувања на прописите на УЕФА“, соопштиле од УЕФА во кратката изјава. Не е јасно какви ќе бидат казните за трите клуба, а меѓу можностите што се споменуваат во странските медиуми е и исфрлањето од европските натпеварувања за период од две години. Останатите…
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, им порача на сопствениците на клубот дека повеќе би сакал да ги насочи своите напори кон привлекување на крилото на Борусија (Дортмунд) Џејдон Санчо, објави „Телеграф“. 21-годишниот талент веќе долго време е во центарот на вниманието на „црвените ѓаволи“, кои го посакуваа во последните два преодни рока, но не успеаја да се договорат со Борусија Дортмунд и трансферот не успеа. Сега се очекува Манчестер Јунајтед да инвестира многу во текот на летото, со главен приоритет да привлече централен дефанзивец, крило и напаѓач. Се смета дека на „Олд Трафорд“ исто така го посакува плејмејкерот…
