Откако беше одигран последниот натпревар во 38. коло од шпанскиот шампионат за Атлетико Мадрид кој го победи Ваљадолид и ја освои шампионската титула стана јасно за еден интересен податок. Статистиката на Ла Лига покажа дека екипата на Атлетико Мадрид ја одигра целата сезона 2020/21 без да добие исклучување на свој играч на сите 38 натпревари. Нешто што не беше вообичаено за екипата на АТлетико Мадрид изминативе години. Последен пат Атлетико Мадрид не добил исклучување во текот на сезоната во далечната 1976/1977 кога исто така стана шампион. Можеби и ова е податок кој значи дека Симеоне го смени концептот на игра,…
Author: riste
Вчера беа одиграни дел од натпреварите во последното 38.коло во италијанската Серија А. Сампдорија ја победи Парма на свој терен со резултат 3:0. За напаѓачот на Сампдорија Фабио Кваљарела, овој натпревар беше 500-ти во италијанската Серија А. Напаѓачот излезе во почетниот состав и го отвори резултатот во 20-та минута. Вкупно, 38-годишниот Кваљарела постигна 177 голови и даде 50 асистенции на 500 натпревари во Серија А. Тој ја започна својата кариера како напаѓач во Торино, а потоа играше за Асколи, Удинезе, Наполи, Јувентус и Сампдорија. Дебито на напаѓачот се случи на 14 мај 2000 година, кога имаше 17 години. Првиот гол…
Напаѓачот на Атлетико, Луис Суарез има огромно влијание во настапот на неговиот тим оваа сезона во шпанската Ла Лига, покажува статистиката. Последните 16 гола на Луис Суарез во Ла Лига му донеле на Атлетико Мадрид 21 бод. Вкупно, уругвајскиот напаѓач постигна 21 гол и направи три асистенции на 32 натпревари во Ла Лига. На вчерашниот натпревар против Ваљадолид, напаѓачот на Атлетико го постигна вториот гол на тимот од Мадрид. Исто така Суарез беше стрелец на победничкиот гоо на Атлетико Мадрид минатото коло кога напрваија пресврт на домашен терен против Осасуна. Атлетико освои 86 поени на 38 натпревари и ја освои…
Македонската одбојкарска репрезентација вечерва од 20 часот ќе го игра последниот меч од Европската сребрена лига, а за противник ја има Данска, селекција која исто како и нашата славеше во првие две средби. Македонија одигра тежок натпревар против Израел, иако веќе се чувствува замор, сепак целта на одбојкарите е една, да ја завршат својата мисијата во Струмица со максимални 3 победи. Данска покажа несигурност на првата средба и мораше во 5 сета да го решава дуелот со Израел, па зато аимаат бод помалку од Македонија. Сепак за да се освоие првото место во оваа група, Македонија ќе мора да победи…
Тренерот на Барселона, Роналд Куман не верува дека победата над Еибар од 1:0 ќе биде неговиот последен натпревар на кормилото на клубот и додаде дека сака да изгради подобар тим. Куман, кој беше назначен од поранешниот претседател на клубот Хозе Марија Бартомеу минатото лето, ги предводеше Каталонците оваа сезона до трофеј во „Копа дел Реј“. Сепак, тимот заврши на разочарувачкото трето место во Ла Лига и беше елиминиран во осминафиналето од Лигата на шампионите. Последните недели шпекулираа шпанските медиуми за неговата иднина. Во текот на неделата, новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, рече дека промената е неизбежна, а медиумите постојано…
Конечно добри квалификации за Ф1 тимот на Ферари пред трката за ГН на Монако, затоа што италијанскиот тим ќе има болид од првата позиција за првпат по повеќе од една година. Чарлс Леклерк го освои првото место и донесе за Ферари прва пол-позиција од 2019 година, поточно последен пат пол-позиција Ферари имаше за ГН на Мексико. И покрај тоа што имаше оштетување на болидот, Леклерк успеа да го задржи лидерското место, а зад себе ги остави Макс Верстапен од Ред Бул и Валтери Ботас од Мерцедес кој имаше третто најдобро време. Актуелниот шампион Луис Хамилтон од Мерцедес ќе тргне од…
По стартната убедлива победа над Кипар, вечерва од 20 часот во спортската сала „парк“ во Струмица, македонската одбојкарска репрезентација ќе го одигра вториот натпревар од првата фаза на Сребрената европската Лига. Вториот противник на Македонија ќе биде селекцијата на Израел, која вчера имаше тежок натпревар против Данска, во кој иако двапати водеа, на крајот загубија со 3:2. За разлика од Израел, Македонија вчера имаше убедлива победа во три сета против Кипар и многу помалку се „потрошија“ нашите одбојкари во однос на пртивниците. Сепак во таборот на нашата репрезентација не планираат никакви калкулации и опуштање, напротив сакаат уште една победа во…
Одбојкарската репрезентација на Македонија со победа ги започна натпреварите од Сребрената европска лига откако убедливо го совлада Кипар со 3:0 во сетови (25-21, 25-21, 25-21), на натпревар кој беше одигран во салата „Парк“ во Струмица. Нашата репрезентација ги доби сите три сета со идентичен резултат, а гостите од Кипар имаа сила да се спротистават на Македонија само во првите два сета, додека во третиот се виде разликата во квалитет и Македонија со рутинирана игра го однесе натпреварот кон крај. Најдобар поентер кај нашата репрезентација беше Никола Ѓорѓиев со 19 поени, додека Љафтов имаше 12, а Милев и Николов завршија со седум…
Напаѓачот Лионел Меси, со дозвола на својот тренер Роналд Куман, не тренирал со останатите играчи на Барселона и ќе го пропушти натпреварот од 38-то последно коло на Шпанското првенство со Еибар, објави прес-службата на Барселона. Претходно стана познато дека Аргентинецот разговара за продолжувањето на кариерата со своето семејство, вклучувајќи ги и неговиот татко и еден од браќата. Тие инсистираат на преселба во ПСЖ. Спортскиот директор на францускиот клуб Леонардо внимателно ја следи ситуацијата со договорот на Меси. Напаѓачот знае дека во иднина нема да може да добива висока плата во шпанскиот клуб, бидејќи Каталонците се во тешка финансиска состојба. Аргентинскиот…
Тренерот на Сампдорија, Клаудио Раниери, објави дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната 2020/2021. „Јас веќе му кажав на тимот дека нема да останам уште една сезона. Нема соодветни услови за престој. Сакам да им се заблагодарам на навивачите. Се надевам дека им се допаднав како тренер. Сакам да им се заблагодарам на сите. Играчите беа одлични. Особено во моментот на одлука, на крајот го задржавме своето место во Серија А. Оваа година се боревме, имавме многу добри натпревари, неколку лоши, но тоа е фудбалот. Сакам од се срце да им се заблагодарам на моите играчи“, изјави Раниери…
