Author: riste

Аргентинскиот играч за врска на Рома, Хавиер Пасторе го привлече интересот на клубовите од САД, Катар и Бразил. Новинарот Николо Шира го објави ова на својот профил на Твитер. Според овој извор, Пасторе сака да разговара со новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо, пред да направи избор за неговата иднина. Договорот на Пасторе со клубот истекува во 2023 година, платата на играчот е 4,5 милиони евра годишно. Според Скира, Орландо Сити и Атланта Јунајтед (САД), Ал-Духаил (Катар) и Сао Паоло (Бразил) се заинтересирани за купување на играчот. Неговата вредност се проценува на 2 милиони евра. Пасторе игра во Рома од…

Read More

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде изјави дека не жали за својот избор да се пресели во шпанскиот тим, но сака да игра во уште поголем клуб. „Преселувањето во Севиља беше најдобрата опција за подобрување на мојата игра. Не жалам за мојот избор. Играв во голем клуб, но би сакал да играм во уште поголем. Да видиме што ме чека во иднина“, изјави Кунде. Претходно стана познато дека Реал преговара за трансфер на Кунде. Актуелниот договор со Севиља трае до 2024 година. Порталот Трансфермаркт го проценува играчот на 60 милиони евра. Исто така беше објавено дека Кунде може да се пресели…

Read More

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос има намера да го продолжи договорот со клубот, ова го објавија неколку водечки медиуми во Шпанија. Според истите, 35-годишниот Шпанец сака да остане во мадридскиот клуб и побарал да го продолжи договорот со него до 2023 година. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се уште не одлучил дали клубот ќе потпише нов договор со играчот. Во сезоната 2020/2021, Рамос одигра 21 натпревар за Реал Мадрид, на кои постигна четири погодоци и една асистенција. Како што беше соопштено на крајот на април, дефанзивецот сакаше да добие двегодишен договор, за кој шпанскиот фудбалер е подготвен да…

Read More

Капитенот на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин поради повреда не го заврши финалето од Лигата на шампионите против Челзи, бидејќи при еден дуел со Рудигер се здоби со незгодна повреда на носот. Белгискиот фудбалер со големи болки мораше да го напушти теренот, а последните информации велат дека повредата не е сериозна и тој веќе и отпуштен од болница. „Само што се вратив од болница. Мојата дијагноза е акутна фрактура на носната коска и фрактура на очната коска. Се чувствувам добро. Сè уште сум разочаран од вчерашниот пораз, но ќе се вратиме посилни“, напиша Кевин Де Бруин на својот Твитер профил. Повредата на…

Read More

Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) објави синоќа дека Аргентина нема да биде домаќин на турнирот, ставајќи го во прашање неговото одржување само 13 дена пред неговиот официјален почеток, објави „Ројтерс“. Ова натпреварување меѓу 10 држави од Јужна Америка требаше да се одржи во Аргентина и Колумбија во периодот од 13 јуни до 10 јули, но на 20 мај, Колумбија го изгуби правото на домаќин поради немирите во земјата. Сепак, со одлука на конфедерацијата, аргентинското домаќинство исто така отпадна од „сегашната ситуација“, како што се наведува во соопштението. КОНМЕБОЛ не ги објасни причите, но Аргентина во моментов се соочува со скок на…

Read More

Капитенот на репрезентацијата на Германија, Мануел Нојер не планира да престане да игра за Бундес тимот. Голманот додаде дека едвај чека да започне соработка со новиот тренер Ханзи Флик како селектор, со кого беа заедно последните две сезони во Баерн (Минхен). Флик ќе ја предводи германската репрезентација по крајот на Евро 2020, заменувајќи го Јоаким Лев. „За мене лично, отсекогаш било забавно и задоволство да играм за националниот тим. Ме прави горд и ќе бидам среќен ако продолжам да го носам овој дрес и во иднина”, изјави 35-годишниот голман на прес-конференцијата. „Не планирам да го прекинам учеството во националниот тим.…

Read More

Еден од главните играчи на хрватската репрезентација – дефанзивецот Дејан Ловрен, скоро сигурно ќе го пропушти Европското првенство ова лето, објавија медиумите во Хрватска. Искусниот централен дефанзивец на Зенит заработи повреда на тетивата за време на еден од последните тренинзи на „коцкестите“ и според првичните прогнози ќе му требаат од 3 до 6 недели за да се опорави. Ловрен има 64 натпревари и 4 гола за репрезентацијата на Хрватска, која освои сребрен медал на СП 2018 во Русија. Хрватите ќе играат две контроли пред почетокот на Евро 2020 – против Ерменија на 1 јуни и против Белгија на 6 јуни.…

Read More

Барселона се надева дека ќе потпише нов договор со својата суперѕвезда Лионел Меси, со кој двете страни ќе се обврзат за период од 10 години, пишува „Спорт“, кој открива детали за планот на Каталонците. Целта на претседателот Жоан Лапорта е Меси да остане во клубот како фудбалер уште две сезони до 2022/23. Аргентинецот потоа би можел да се пресели во Интер Мајами каде сопственик е Дејвид Бекам, каде уште две сезони би бил играч на тимот од МЛС, но и амбасадор на Барселона. На овој начин, напаѓачот би ја завршил својата фудбалска кариера во 2025 година. За тие четири години,…

Read More

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис официјално го објави назначувањето на Лучијано Спалети за нов тренер на тимот. Спалети го наследува Џенаро Гатузо, чиј договор не беше обновен. „Среќен сум што можам да објавам дека Лучијано Спалети ќе биде нов тренер на Наполи од 1 јули. „Добредојдовте, Лучијано, ќе завршиме одлична работа заедно“, напиша Де Лаурентис на „Твитер“. Договорот на 62-годишниот Спалети е на две сезони. Тој не водеше тим во последните две години откако беше ослободен од Интер во 2019 година, но неговиот договор никогаш не бил раскинат и ќе истече на 30 јуни. Тренерот има долгогодишно искуство во…

Read More

Арсенал подготвува понуда за англискиот репрезентативец Рахим Стирлинг, а Манчестер Сити е подготвен да преговара, пишува британското издание на „Дејли Меил“. Според информациите, шампионите ќе направат голем број промени во нивниот проширен состав и тоа ќе се случи без оглед на резултатот од финалето на Лигата на шампионите против Челзи вечерва. Фил Фоден веќе го замени Рахим Стирлинг во почетниот состав и менаџерот Пеп Гвардиола е подготвен да ги разгледа понудите за тинејџерот од Ливерпул, тврди „Дејли Меил“. Истото важи и за Ријад Марез, и за него е заинтересиран Арсенал. Како потенцијални купувачи на Стирлинг се споменуваат и Барселона и…

Read More