Author: riste

Германскиот тим Шалке 04 ја објави разделбата со дефанзивецот Сеад Колашинац и напаѓачот Клас-Јан Хунтелар. Раководството на тимот од Гелзенкирхен одлучи да не ги продолжи договорите со двајцата играчи поради фактот што не можеа да им обезбедат на играчите она што го бараа како плати. Колашинац играше за Шалке на позајмица од Арсенал, 27-годишниот Босанец ќе се врати во лондонскиот клуб. Хунтелар, за кого ова беше втор период во тимот по 2010 до 2017 година, се врати во германскиот клуб во јануари 2021 година. Тој потпиша договор со клубот до крајот на јуни и одигра 9 натпревари на кои постигна…

Read More

Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Андре Силва, кариерата може да ја продолжи во Англија. Манчестер Сити е заинтересиран за услугите на 25-годишниот Португалец, информираше „Билд“. Според изворот, „граѓаните“ гледаат во Андре Силва како потенцијална замена за Серхио Агуеро, кој го напушти клубот на крајот на сезоната 2020/2021. Андре Силва е интересен и за Атлетико Мадрид. Во сезоната што заврши, Андре Силва одигра 34 натпревари за Ајнтрахт Франкфурт, постигна 29 гола и даде 10 асистенции. Интернет порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 45 милиони евра.Претходно, интерес за него покажа и Манчестер Јунајтед. Силва ја започна својата кариера во Порто пред…

Read More

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено 1:1 против селекцијата на Словенија иако водевме се до самиот финиш на оваа средба. Нашата репрезентација одигра добро прво полувреме, но не успеа да постигне гол за водство, а не дозволи ниту Словенија да го отвори резултатот, па на одмор се замина со 0:0. Во второто полувреме Македонија почна многу подобри и тоа резултираше со гол за водство во 55.минута кога по центаршутот на Алиоски, Елмас од прва шутираше во спротивниот агол за водство на Македонија од 1:0. До крајот на натпреварот Македонија имаше неколку шанси, посебно за одбележување беша онаа на Адеми, но не успеавме…

Read More

Реал Мадрид официјално го објави името на својот нов тренер. Станува збор за Карло Анчелоти, за кого ова ќе биде втор период на чело на тимот. Во претходниот престој на „Сантијаго Бернабеу“ помеѓу 2013 и 2015 година, тој го донесе 10-от трофеј во Лигата на шампионите во Кралскиот клуб. Неговиот договор е за следните три сезони, со што ќе го замени Зинедин Зидан, кој и самиот реши да го напушти тимот. За да го преземе Реал Мадрид, Анчелоти мораше да го раскине договорот со неговиот досегашен клуб Евертон. Клубот додаде дека 61-годишниот тренер ќе го потпише својот договор утре во…

Read More

Селекторот на Холандија, Франк де Бур објави дека голманот на Валенсија, Јаспер Силесен е исклучен од националниот тим за претстојниот европски шампионат. Претходно, на фудбалерот му беше дијагностициран коронавирус. „Морав да го направам овој сериозен чекор. Како што знаете, Јаспер има позитивен тест на коронавирус. Поради ова, тој ќе пропушти важен дел од подготовките за ЕП. Не знаеме колку време ќе му треба за да се врати во својата најдобра форма. Не сакам да ризикувам во овој поглед“, беа зборовите на Де Бур. Натпреварите од ЕП ќе се одржат од 11 јуни до 11 јули во повеќе градови низ Европа,…

Read More

Нуно Еспирито Санто е фаворит за новиот менаџер на Кристал Палас. 47-годишниот Португалец веќе неколку дена преговара со лондончани. Откако го напушти Вулверхемптон по четири години поминати во клубот, тренерот сака брзо да започне нова работа. Тој исто така е поврзан со тренерската позиција во Тотенхем. Раководството на Кристал Палас размислува за иднината на клубот и опциите за нов менаџер. Друг кандидат за оваа функција е менаџерот на Свонси, Стив Купер. Меѓу споменатите имиња се и Френк Лампард и Патрик Виеира.

Read More

Англиската Премиер лига на својата веб-страница го претстави списокот на играчи номинирани за наградата за најдобар млад играч во изминатата сезона. Кандидати се играчот за врска Фил Фоден и дефанзивецот Рубен Дијас (двајцата Манчестер Сити), напаѓачот Доминик Калверт-Левин (Евертон), голманот Илан Меслиер (Лидс), играчот за врска Мејсон Маунт (Челзи), напаѓачот Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед), дефанзивецот Деклан Рајс ( Вест Хем) и играчот за врска Букајо Сака (Арсенал). Премиер лигата објави и список на претенденти за најдобар играч во сезоната, вклучувајќи ги Кевин Де Бруин, Рубен Дијас, Бруно Фернандеш, Џек Грилиш, Хари Кејн, Мејсон Маунт, Мохамед Салах и Томас Сучек.

Read More

Македонската репрезентација ја очекува првиот тест пред настапот на ЕП, дуелот со Словенија на домашен терен и тоа со ограничен број на гледачи на трибините на нашиот најголем стадион. На прес-конференцијата како најава на дуелот зборуваше дефанзивецот Стефан Ристовски кој рече дека е среќен што конечно на нашиот стадион ќе се вратат навивачите и ќе може да ги бодрат од трибините. „Имаме два натпревари пред нас и сме фокусирани на нив. Мислам дека имаме доволно време за подготовка пред почетокот на ЕП. Првиот меч на ЕП го играме против Австрија. Пред две години не победија убедливо во Скопје, јас тогаш реагирав…

Read More

Репрезентацијата на Македонија се подготвува за настап на Европското првенство (ЕП), а во рамките на овие подготовки ќе одигра два тест дуели. Првиот контролен натпревар го играме против Словенија утре во Скопје од 18 часот. Пред овој натпревар, на прес-конференцијата зборуваше селекторот Игор Ангеловски кој истакна дека екипата е мотивирана и ќе даде сè од себе и на овие тест натпревари.  „Барди се чувствува добро, нема симптоми. Го очекуваме негативниот тест и да се приклучи на тимот. Се надевам тоа ќе биде во наредните денови. Момците работат одлично, како и секогаш досега. Македонија секогаш и во минатото тестирала со учесници на СП…

Read More

Серхио Кун Агуеро е на неколку часа од потписот со Барселона. Утрово напаѓачот бил снимен како го напушта својот хотел и заминува во автомобил со претставници на клубот. Најверојатно, Аргентинецот бил однесен во клупските канцеларии за да го финализира неговиот трансфер. Се претпоставува дека тој ги поминал задолжителните лекарски прегледи вчера. Кун доаѓа како слободен агент од Манчестер Сити и Каталонците нема да платат ништо за него. Агуеро брза да го заврши процесот на неговиот трансфер во Барселона, затоа што мора да лета во својата татковина, бидејќи на неговиот национален тим му претстојат светски квалификации и натпревари од Копа Америка.

Read More