Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешамп, кој има договор до декември во 2022 година, сака и по тој термин да остане на кормилото на „галските петли“. 52-годишниот специјалист се надева дека на претстојното Европско првенство ќе успее да ја освои титулата. „Може да продолжам и по 2022 година ако се договориме со претседателот. Во моментов сум задоволен од мојата улога. Пресреќен сум. Се надевам дека луѓето ме сакаат“ – изјави Дешамп. Франција под диригентската палка на Дешамп одигра 112 натпревари со ефект од 74 победи, 20 нерешени и 18 порази. Најголемиот успех на Дешамп беше во 2018 година…
Author: riste
Хокеарите на САД го освоија бронзениот медал на Светското првенство откако во битката за третото место ја совладаа Германија со убедливи 6:1. Во „Арена Рига“ во главниот град на Летонија, Кристијан Воланин го отвори резултатот во првата третина а Конор Гарланд, Џек Друри, Џејсон Робертсон и Тревор Мур погодија во втората. Во последниот дел од мечот, Доминик Битнер постигна почесен гол за Германија а Рајан Донато ги постави конечните 6:1. Треба да се потенцира дека селекцијата на САД по 20-ти пат во историјата влегува меѓу првите три селекции на Светскиот шампионат. Вечерва за златото ќе се борат Финска и Канада.
Еден од најдобрите тенисери во историјата, Роџер Федерер, по консултација со лекарскиот тим, се повлече од Отвореното првенство на Франција кое се реализира на терените на Ролан Гарос. „По две операции на коленото и долгата пауза, морам да го слушам моето тело. Среќен сум за трите победи, но, ќе се повлечам од турнирот“ – објави 39-годишниот тенисер. Тоа значи дека Шампионот од 2009 година нема да игра во осмина-финалето против Матео Беретини кој доби неочекувано отворен пат кон наредната фаза.
Трофејниот фудбалски тренер, Жозе Мурињо, пред стартот на Европското првенство нагласи дека Германија игра многу лошо во последниве две години. Тој не заборави да ја потенцира и победата на Македонија на теренот на „панцирите“. „Тимот на Јоаким Лев играше многу лошо во Лигата на нации и во квалификациите за Светското првенство. Македонија му нанесе историски пораз. Да не заборавиме, тие се „војници“ и се крајно дисциплинирани. Ако ја поминат групата можат да одат и во финалето“ – рече Португалецот. Германија на Евро-шампионатот ќе стартува во групата со Франција, Португалија и Унгарија.
Серхио Перез од Ред Бул е победник на трката за ГН на Азербејџан откако го искористи лошиот ден на својот колега Макс Верстапен, а подоцна и грешката на Луис Хамилтон. Верстапен беше пред победа на оваа трка, но на четири круга до крајот остана без пласман, кога пукна неговиот пневматик и удри во заштитниот ѕид. Трката беше прекината и имаше повторен рестарт, а тоа можеше да го искористи Луис Хамилтон, но на повторениот старт на два круга до крајот, Британецот направи грешка и излета од патеката во првиот завој и со тоа остана без бодови. Второто место му припадна на…
Биљана Кираџиева и Милош Ранчиќ се победници 21-километарската полумаратонска трка на петтото по ред издание на Атлетската манифестација „Охрид трчаТ”. Ранчиќ оваа делница од 21 километар ја истрча за 1:18:27 часа, додека Кираџиева триумфираше минувајќи ја патеката за 1:31:29 часа. На рекреативната петкилометарска трка победи Муџахид Мислимоски со постигнато време 18:38 минути, додека во женска конкуренција прва на целта пристигна Николина Милевска – Велјаноска со време од 24:17 минути. На јубилејното петто издание на „Охрид трчаТ” учествуваа околу 650 натпреварувачи, а бројот учесници беше ограничен поради протоколите за спречување на ширењето на коронавирусот.
Реал Мадрид не побара плаќање на обештетување од поранешниот тренер Зинедин Зидан за предвремено раскинување на договорот, објавија медиумите во Шпанија. Во договорот меѓу Зидан и Реал Мадрид беше ставена сума од 10 милиони евра, која Французинот требаше да ја плати за предвремено раскинување на договорот. Клубот одлучи да ја вклучи оваа клаузула во договорот за да не страда од уште едно изненадување, слично на она што беше пред три години, кога Зидан прв објави дека ќе го напушти мадридскиот клуб. По заминувањето од Реал Мадрид, Зидан објави писмо во кое ги критикуваше Флорентино Перез и клубот за недовербата, што…
Селекторот на Холандија, Франк де Бур изјави дека дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт се повредил на тренинг за националниот тим. Играчот го напуштил тренингот на својата репрезентација пред предвидениот рок. „Тој има болка во препоните, па не сакаше да ризикува. Треба да почекаме и да видиме што ќе се случи понатаму. Другите фудбалери треба да се подготвуваат за ЕП, а со оние кои имаат повреди не треба да ризикуваме“, изјави Де Бур. Натпреварите на ЕП ќе се одржат од 11 јуни до 11 јули, а во групната фаза на Европското првенство, репрезентацијата на Холандија ќе игра со репрезентациите на…
Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе конечно без проблеми заврши трката од ТЦР италијанскиот шампионат и забележа одличен успех на денешната втора трка на патеката во Мисано. Најдобар автомоболист во нашата земја иако не можеше да смета на најдоброто од својот автомобил, поради вчерашниот судир по кој излета од патеката, сепак успеа да вози добро и да се пласира на осмата позиција со тоа што заотсануваше девет секунди зад победникот Бури од Финска. На подиумот имаше место уште за Балдан од Италија и Јанг од Велика Британија. Игор Стефановски – Иџе и вчера имаше судир и не ја заврши првата трка…
Аргентинскиот тренер Диего Симеоне, кој минатата сезона го предводеше Атлетико Мадрид до титулата во шпанската лига, постигна договор со управата на клубот за продолжување на неговиот договор, кој истекува следното лето, пренесува „АС“. Новиот договор на аргентинскиот тренер ќе биде до летото 2024 година, бидејќи двете страни постигнаа принципиелен договор, а остануваат да се разјаснат некои формалности пред официјалното финализирање на договорот. Симеоне го води Атлетико од 2011 година. Под негово водство, тимот освои две титули во Шпанија, триумфираше во Купот и Суперкупот на оваа земја, двапати го освои трофејот во Лигата на Европа и двапати играше во финалето на…
