Хокеарите на САД го освоија бронзениот медал на Светското првенство откако во битката за третото место ја совладаа Германија со убедливи 6:1.
Во „Арена Рига“ во главниот град на Летонија, Кристијан Воланин го отвори резултатот во првата третина а Конор Гарланд, Џек Друри, Џејсон Робертсон и Тревор Мур погодија во втората. Во последниот дел од мечот, Доминик Битнер постигна почесен гол за Германија а Рајан Донато ги постави конечните 6:1.
Треба да се потенцира дека селекцијата на САД по 20-ти пат во историјата влегува меѓу првите три селекции на Светскиот шампионат. Вечерва за златото ќе се борат Финска и Канада.

