Карате федерацијата на Македонија ќе биде меѓу најбројните делегации на претстојниот олимписки квалификациски турнир за олимписките игри во Токио, што ќе се одржи од 11-13 јуни во Париз, Франција. КФМ има свои репрезенти во сите категории во борби во машка и во женска конкуренција, како и во кати за жени. Нашите најдобри каратисти го заслужија тоа со пласманот меѓу 100 најдобри во своите категории на ранг листата на Светската карате федерација (WKF). КФМ во изминатиот олимписки циклус заврши со тројца олимписки стипендисти меѓу кои се двојниот европски шампион и освојувач на две златни медали на премиер лигите Емил Павлов, европскиот…
Author: riste
Во убава атмосфера нашата фудбалска репрезентација го одработи и вториот тренингр во Букурешт, на стадионот каде в недела ќе го има дебитантскиот настап на Европското првенство против селекцијата на Австрија. ФОТОФОТО: ФФМ
Поранешниот тренер на Јувентус, Маурицио Сари е назначен за тренер на Лацио. Клубот јавно го потврди назначувањето на Маурицио Сари објавувајќи информација преку Твитер. Ова беше потврдено и пренесено и од сите медиуми во Италија кој објавија дека договорот важи до 2023 година. Да потсетиме, претходен тренер на Лацио беше Симоне Инзаги. По завршувањето на минатата сезона, тренерот се согласи со клубот за нов договор, но потоа се предомисли и поднесе оставка. По некое време го презема шампионот Интер, од каде замина Антонио Конте. Сари е без работа откако го напушти Јувентус во август минатата година. Под негово водство, клубот…
Македонската фудбалска репрезентација од вчера е во Букурешт, каде што ќе ги има завршните подготовки и в недела ќе го игра дебитантскиот натпревар на Европското првенство против Австрија. Пред заминувањето за Романија , Македонија се комплетираше со Енис Барди кој конечно се врати во тимот по поминатат изолација поради позитивен ковид-19 тест. „Се чувствувам добро немам здравствени проблеми. Во моментот кога бев изолиран тренирав сам и ја одржав формата. Подготвен сум за овој момент и физички и психички како и сите други фудбалери. Едвај чекаме да почне првенството и првиот натпревар против Австрија. Секој ги чека овие натпревари комплетно спремен. Нам ни останува само…
Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике е подготвен да му биде намалена платата. Според радиото Каталуња, пред неколку дена, 34-годишниот Шпанец се сретнал со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта кој сакал да знае какво е мислењето на фудбалерот по крајот на сезоната, што беше неуспешна за тимот. Сепак, на оваа средба, Пике и Лапорта разговарале за иднината на дефанзивецот во клубот. Пике изразил подготвеност да има намалување на платата за да му помогне на клубот да се справи со тешката финансиска состојба. Според изворот, Пике може повторно да го потпише договорот, така што неговата плата зависи од бројот на одиграни натпревари.…
Македонскиот ракометен шампион Вардар немаше многу проблеми во првиот од двата осминафинални натпревари со Металопластика во СЕХА лигата. Вардар веќе со едно нога е во четвртфиналето во СЕХА лигата, затоа што во првата осминафинална пресметка со Металопластика одиграна денес славеше со 39:31. Со оваа победа Вардар влегува со голема предност пред утрешниот втор меч кој исто така ќе се игра во Скопје. Српскиот тим добро го почна натпреварот и водеше со 7:4. Но потоа следуваше добра серија на Врадар кој израмни на 10:10, а подоцна дојде до предност која не ја испушти до крајот на натпреварот. На одмор се замина со…
Десет играчи на Реал Мадрид не сакале Антонио Конте да го преземе нивниот тим, тврдат одредени новинари кои ги следат состојбите во Реал Мадрид. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез преговарал со италијанскиот стручњак, но во позадина се појавил одреден тивок револт кај одредени играчи кои го контактирале Перез и му рекле дека ќе си заминат доколку Конте го назначи за тренер. Ова го поттикнало Перез да се премисли и да го сврти вниманието кон друг Италијанец, Карло Анчелоти, кој на крајот беше избран да го замени Зинедин Зидан. Од друга страна, Антонио Конте е сè уште без тим откако…
Матијас де Лихт и Дони ван де Бек го пропуштија тренингот на репрезентацијата на Холандија, која го започнува учеството на Европското првенство против Украина за само седум дена. Дефанзивецот Де Лихт има болка во препоните и тренира по индивидуална програма, што важи и за Ван де Бек. Двајцата го пропуштија пријателскиот натпревар против Грузија, кој го доби Холандија со 2:0 одигран вчера. Европскиот шампион од 1988 година ќе ги одигра сите свои натпревари во групата Ц во Амстердам, а во последното 3.коло ќе и биде домаќин на Македонија на „Јохан Кројф“ арената .
Раководството на Барселона му понуди на Мемфис Депај подобри услови за да може да се потпише договорот што е можно побрзо и да се избегне повторување на случајот со Жоржињо Вајналдум. Поранешниот играч за врска на Ливерпул се согласи со Каталонците, но потоа на сцена стапи ПСЖ, кој ја удвои понудата за него и со тоа успеа да го привлече Вајналдум. Според Фабрицио Романо, договорот што му го понудиле на Депај од „Камп Ноу“ е на три години, а новинарот не ги откри финансиските параметри. Во Барселона сакаат сè да биде потпишано пред да започне Евро 2020. Депај ќе стане…
Рома ги продолжува преговорите со Арсенал за играчот за врска Гранит Џака, објавија медиумите во Италија. Римјаните понудија 14 милиони евра плус 3 милиони бонуси за 28-годишниот швајцарски репрезентативец, но лондонскиот клуб ја одби понудата. „Топџиите“ се надеваат дека ќе успеат да добијат 23-25 милиони евра од продажбата на Џака. Самиот играч веќе ги договори деталите за четиригодишниот договор со Рома и очекува договор на ниво на клуб-клуб. Џака минатата сезона во Премиер лигата постигна 1 гол и имаше 2 асистенции на 31 натпревар одигран за Арсенал.
