Голманот Џанлуиџи Донарума потпиша договор со ПСЖ. Ова на Твитер го објави новинарот Фабрицио Романо. Според изворот, договорот е со важност до 2026 година, лекарскиот преглед на голманот на италијанската репрезентација ќе се одржи по мечот на ЕП 2020 со Швајцарија, закажан за 16 јуни. Објавено е дека Донарума ќе остане во ПСЖ и нема да замине на позајмица. Тој ќе се бори за местото број еден на голманската позиција со Кејлор Навас. Донарума имаше 48 настапи за Милан во сезоната 2020/21, од кои 15 ги заврши без примен гол. Голманот ќе го напушти италијанскиот клуб како слободен агент, неговиот…
Author: riste
Енис Барди и покрај проблемите кои ги имаше со ковид-19 пред ЕП сепак доби шанса од првата минута и учествуваше на дебито на македонската репрезентација. Според него, ништо не е загубено и дека шансите за пласман во следната фаза и понатаму се присутни. „Мислам дека ова беше добар натпревар за нас. Беше тешко и очекувавме така да биде. Во некои моменти бевме подобри од нив. Тие подобро ги искористија шансите кои ги имаа. Дадовме сè од себе. Мора да продолжиме, имаме шанси до крајот на првенството. Сега треба да се одмориме добро и да видиме каде ни се грешките. Секој…
Фудбалската репрезентација на Македонија го одигра својот прв натпревар на ЕП и секако тоа е големо искуство за секој фудбалер кој настапи на оваа средба. Македонија загуби со 3:1, а капитенот Горан Пандев по натпреварот истакна дека жали затоа што фудбалерите не ги израдувале навивачите кои беа на стадионот во Букурешт со победа. „Како за првпат, за прв натпревар на Европското првенство, за нас ова е едно големо искуство. Одигравме одлични 80 минути. Австрија физички е многу посилна од нас, имаат добра клупа, знаевме дека ако издржиме во првите 15 минути, можеме да играме против нив. Примивме еден несреќен втор гол,…
Македонската фудбалска репрезентација е поразена од Австрија со 3:1 на својот деби-натпревар на Еуро 2020, на мечот кој се одигра во Букурешт. Австрија очекувано ја имаше доминацијата на стартот на натпреварот и преку Лаинер дојде до предност во 18.минута, но тоа не ги демотивираше нашите репрезентативци кои преку капитенот Пандев израмнија на 1:1 во 28.минута. По една грешка на одбраната на Австрија и голманот Бахман, Пандев ја искористи целата ситуација и го постигна првиот гол за Македонија на ЕП. Во второртон полувреме се играше повторно повеќе на нашата половина, а селекторот на Австрија, Фода направи неколку измени со што во…
Македонската фудбалска репрезентација дебитира на ЕП со натпреварот против Австрија, а селекторот Игор Ангеловски се определи со формација 3-5-2 да настапи на дуелот со Австрија кој го играме од 18 часот во Букурешт. На голот ќе биде Димитриевски, во одбраната Муслиу, Велковски и Ристовски, додека во средниот ред ќе настапат Алиоски, Адеми, Барди, Елмас и НИколов. Нападот на Македонија ќе биде составен од Пандев и Трајковски, но секако дека во фаза на напада ќе се приклучуваат и неколку наши играчи од средниот ред.
Менаџерот на Вест Хем Дејвид Мојс потпиша нов тригодишен договор, официјално објави клубот. 58-годишникот ги предводеше лондончани до шестото место во Премиер лигата минатата сезона, со „чеканите“ постигнаа клупски рекорд од 65 поени и се пласираа во европските купови само по трет пат во нивната историја. Тие долго време беа во топ 4 и беа еден од претендентите за место во зоната за настап во Лигата на шампионите, но ја пропуштија оваа можност во последните неколку кола од сезоната. За Мојс ова е втор престој на кормилото на Вест Хем, кое започна во декември 2019 година. Неговиот прв период во…
Вчера започна групната фаза на Европското првенство-2020. Воведниот натпревар на турнирот беше дуелот меѓу Турција и Италија. Средбата се одигра на стадионот „Олимпико“ во Рим и заврши со резултат 3:0 во корист на Италијанците. Дефанзивецот на италијанскиот тим Џорџо Киелини беше во стартниот состав. За 36-годишниот фудбалер ова е четврто Европско првенство. Претходно учествуваше на Европските првенства во 2008, 2012 и 2016 година. Така, тој го повтори репрезентативниот рекорд што претходно го држеа Џанлуиџи Буфон и Алесандро Дел Пјеро. Италијанската репрезентација освои три бода и ги во првиот натпевар од групата А во која уште играат Швајцарија и Велс, кои…
Капитенот на репрезентацијата на Хрватска, Лука Модриќ ја прогласи Англија за еден од најголемите фаворити на Европското првенство. Утре (недела), Англија и Хрватска се соочуваат на „Вембли“ на првиот натпревар за двата тима на Евро 2020 и во еден вид реванш натпревар на полуфиналето на Светското првенство во Русија пред 3 години, кое Хрватите го добија. „Ги ценам квалитетите на тимот од Англија”, рече играчот за врска на Реал Мадрид. „За мене, тие се едни од фаворитите на турнирот. Покрај тоа, Англичаните ќе бидат домаќини на скоро целиот турнир дома. Имаат добар тренер кој знае да комуницира со тимот, но…
Предводникот на Англија, Герет Саутгејт нема да биде разрешен од функцијата селектор, дури и ако резултатот на Европското првенство кое започна вчера се покаже како неуспешен, пишува „Тајмс“. ФА е задоволна од перформансите на англискиот тренер и е решена да создаде млад тим со цел да се пласира во финалето на Светското првенство следната година. Раководството на ФА смета дека натпреварот на Европското првенство – 2020 година со Хрватска (13 јуни) не треба да се смета како индикатор за развојот на националниот тим. Англија цели барем во полуфиналето на Евро 2020, но ако се пласира во плејофот против силен ривал…
Еден ден ја дели Македонија од дебитантскиот настап Европскота првенство, а првиот човек на Фудбалската федерација (ФФМ), Муамед Сејдини им се обрати на навивачите и на нацијата и со емотивна порака испрати поддршка до нашите репрезентативци предводени од селекторот Игор Ангеловски: Обраќањето на Сејдини ви го пренесуваме во целост: „Таква беше годината. Некои ќе кажат неправедна, за македонскиот фудбал историска. Некои ќе кажат тажна, за македонскиот фудбал величествена. За некои ужасна и трагична, за македонскиот фудбал неповторлива. За повеќето од нас, година на борба. За македонскиот фудбал година на гордост и слава. На заедништво. Некои приказни едноставно подобро се раскажуваат…
