Author: riste

УЕФА официјално го извести Јувентус дека учеството на тимот во следното издание на Лигата на шампионите е загарантирано, објави агенцијата АНСА. На „Бјанконерите“ им се закануваше исфрлање од Лигата на Шампионите затоа што одбија да се повлечат од Суперлигата. Првично, УЕФА се закани со строги санкции за Јувентус и другите два клуба – Барселона и Реал Мадрид, кои исто така се категорични дека нема да ја напуштат идеjата за формирање на Супер лига. УЕФА дури отвори дисциплинска постапка против бунтовниците, но потоа „замрзна“ сè откако швајцарскиот суд го предупреди Нион дека нема надлежност да казнува во овој случај.

Read More

Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру, ја прифатил понудата на Милан за двегодишен договор со плата од 5 милиони евра по сезона, пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио. Агентите на 34-годишниот фудбалер сега работат на ослободување од договорот со Челзи, бидејќи „росонерите“ немаат намера да плаќаат трансфер за него. Се верува дека лондончани му ветиле на францускиот репрезентативец дека ќе го ослободат доколку се пресели во странски клуб, иако неодамна објавија дека го продолжиле неговиот договор за уште една година.

Read More

Напаѓачот на Лестер Сити, Џејми Варди стана косопственик на американскиот фудбалски тим Рочестер Рајнос. 34-годишниот Варди купи малцински дел акциите во клубот, но не планира наскоро да престане да игра фудбал. Рочестер, основан во 1996 година, не се натпреваруваше на шампионатот на САД во последните четири години поради финансиски потешкотии, но планира да ги продолжи натпрерварите во 2022 година со помош на Варди и другите партнери.

Read More

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо е првиот фудбалер во историјата кој настапил на пет Европски првенства откако се најде во составот на својата репрезентација на мечот со Унгарија на Евро 2020. Роналдо го имаше своето деби на Евро во 2004 година и од тој момент нема пропуштено настап на ЕП. Во 2016 година, репрезентацијата на Португалија го освои Европското првенство, совладувајќи ја Франција во финалето (1:0). Да потсетиме во групата Ф, покрај Унгарците и Португалците, се наоѓаат и репрезентациите на Франција и Германија кои играат вечерва во Минхен.

Read More

Дефанзивецот Кире Ристевски не настапи на првиот натпревар со Австрија на ова ЕП, но ја чека својата шанса на следните два натпревари. По вчерашниот натпревар тој даде свое мислење околу се она што се случуваше на оваа средба, но најави борба до крајот против Украина. „Беше тешко, по химната се наежив, уште тогаш имаше емоции кај мене. Но, за жал, селекторот одлучи да останам на клупата. Натпреварот го видов доста добро, соиграчите играа доста добро. Јас бев спремен да одговорам на предизвикот. Штета што загубивме, бевме доста добри, се надевам дека на следниот натпревар ќе ја подобриме нашата игра. Околу…

Read More

Напаѓачот на нашата репрезентација Александар Трајковски кој беше во стартниот состав на средбата со Австрија, ден по првиот натпревар и поразот на ЕП 2020 (1:3), направи анализа на натпреварот и најави дека овој неуспех не е крај за Македонија на европското првенство. „Искрено, мислам дека одигравме квалитетни 70 минути и се боревме до крај. Го имавме тој позтивен резултат, а потоа примивме два гола, по, мое мислење, наивно, по еден центаршут и еден аут. Не можам да кажам дека Австријците беа поквалитетни од нас. Ние создававме шанси и игравме наш фудбал, покажавме дека може да играме со секого и ако…

Read More

Англискиот тим Тотенхем во следните 72 часа ќе објави склучување на договор со Пауло Фонсека. Ова денес го објавија неколку медиуми во Англија. Претходно беше објавено дека двете страни постигнале договор. Фонсека ќе потпише тригодишен договор. Португалскиот специјалист ќе добива 4 милиони евра по сезона во Тотенхем. Да потсетиме, Фонсека се прости од Рома на крајот на сезоната 2020/2021. На негово место, во тимот дојде уште еден португалски стручњак – Жозе Мурињо, кој беше отпуштен токму од Тотенхем. Претходно, медиумите го поврзуваа Пауло Фонсека со Спартак Москва и Доњецк Шахтјор, на чие чело работеше пред да се пресели во Италија.…

Read More

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, чиј договор истекува на крајот на месецот, сепак може да остане во тимот. Според „АС“, 35-годишниот фудбалер имал состанок со претседателот на клубот, Флорентино Перез , по што од Реал Мадрид изразиле подготвеност да му дадат уште еден предлог за нов договор. Кај Реал Мадрид постои расположение да го продолжи договорот со Рамос, и покрај сите потешкотии во преговорите, а се должи на фактот што неговиот одбранбен партнер Рафаел Варан нема намера да го продолжи договорот, кој е со важност до летото 2022 година, и може да биде продаден веќе во овој преоден рок.…

Read More

Ѕвездата на репрезентацијата на Словачка Марек Хамшик ја санираше поврфедата и ќе може да игра на дебитантскиот натпревар на земјата на Евро 2020 против Полска. Натпреварот е денес во 18.00 часот во Санкт Петербург. „Се чувствувам здраво и подготвено. Не се квалификувате на Европско првенство секој ден, особено кога сте од земја како Словачка”, рече 33-годишниот играч за врска. Словачка дебитираше во европските првенства на шампионатот во Франција во 2016 година. Таму тимот стигна до четвртфиналето, каде загуби од Германија. Како резултат на проблеми со повредата, Хамшик оваа година не играше за националниот тим, но сега ќе биде од голема…

Read More

Турски Бешикташ му понуди на бразилскиот играч за врска Алекс Тешеира договор до 2023 година со плата од 2 милиони евра годишно со можност за продолжување на уште една сезона. Според одредени извори од Турција, фудбалерот сака плата од 3 милиони евра годишно. За возврат, турскиот клуб му понуди на 31-годишниот Бразилец бонус од 1,5 милиони евра по потпишувањето на договорот. Преговорите меѓу двете страни се во тек. Во 2021 година, Тешеира заврши со играњето во Кина, каде настапуваше од 2016 година. Претходно, фудбалерот играше за Шахтјор Доњецк и Васко де Гама во Бразил. Во декември 2020 година беше објавено…

Read More