Повторно одбраната на нашата репрезентација ќе биде пред голем предизвик на мечот со Холандија кој ќе се игра во Амстердам. Дефанзивецот Висар Мислиу вели дека само со тимска одбрана и тимски дух може да се сопрат налетите на домашната Холандија која е голем фаворит на дуелот со Македонија. „Посакувавме добра игра и добри резултати на овој шампионат. Одигравме два добри натпревари, но тоа не беше доволно за бодови. Без разлика на тоа ние сме мотивирани, ние сме професионалци, на ова ЕП ја претставуваме Македонија. Против Холандија има што да покажеме. За квалитетите на Холандија не треба да се трошат зборови, знаеме…
Author: riste
Македонија ја очекува последниот натпревар во групата Ц од ова ЕП, а противник ќе ни биде првиот фаворит Холандија. На денешниот брифинг, Елиф Елмас изјави дека без разлика дали Холандија ќе игра со најсилниот состав или не, ги чека тешка битка за бодови на ова ЕП. „Подготвени сме за овој натпревар. Нè очекува тежок дуел, без разлика на тоа што Холандија може да игра со втор состав. Тоа нас не ни е многу важно. Треба да ја играме нашата игра и да продолжиме со одличните партии на овој турнир и време е да ја израдуваме нацијата со една победа. Одигравме…
Константин Чешмеџиев и официјално е нов играч на Шкупи и во новата сезона ќе го носи дресот на оваа екипа. Тимот од Чаир денеска го промовираше 25-годишниот фудбалер, кој доаѓа од тимот на Вележ со кого пред неколку дена ја прекина соработката. „Првите контакти со луѓето во клубот беа уште пред еден месец, ми ги претставија своите планови за иднината на Шкупи и веднаш стана јасно дека тоа е сериозен проект. Клучно беше то што тимот се натпреварува во европските купови, но и што тренер е Гоце Седлоски, од кого ќе можам многу да научам“, изјави Чешмеџиев на промоцијата.
Македонската фудбалска експедиција го напушти Букурешт и од денес е во Амстердам, градот каде ќе го одиграат треттиот натпревар на ЕП. Нашите фудбалерите ги загубија првите два натпревари, но за Амстердам отпатуваа по првиот бод или првата победа на ова Европското првенство. По пристигнување и сместување во хотелот, следува мала пауза за играчите. Оние кои не играа на дуелот со Украина ќе имаат целосен тренинг, а сотанатите ќе паузираа на тренингот кој е закажан за 18.00 часот. Последниот меч на ЕП за Македонија ќе биде во понеделник која на „Јохан Кројф“ арената ќе играме против домаќинот Холандија. Нашиот противник веќе обезбеди…
УЕФА ги замоли сите играчи од 24 репрезентации да престанат да ги поместуваат или тргаат позиционираните спонзорски пијалоци. За ова дискутираше директорот на натпреварите Мартин Кален. „Ова е важно затоа што заработката од спонзорите е важна за натпреварувањето и европскиот фудбал. Спонзорите се неопходни за да се обезбеди развој на фудбалот низ цела Европа, вклучително и младите и жените”, рече Кален. Кален ги предупреди фудбалските федерации дека се можни и казни затоа што играчите преку нивните федерации се договорно обврзани да ги почитуваат условите и правилата на натпреварувањето. Тој исто така истакна дека ги разбира играчите како Погба, кои тоа…
Напаѓачот на Ред Бул Салцбург, Патсон Дака ќе му се приклучи на Лестер, објави новинарот Фабрицио Романо. Според изворот, двете страни постигнале договор. Трансферот ќе биде официјално објавен следната недела. Според извештаите на медиумите, Ливерпул, Челзи и РБ Лајпциг исто така тврдеа дека фудбалерот е во нивните планови. Минатата сезона, 22-годишниот напаѓач од Замбија стана најдобар стрелец на австрискиот шампионат. Тој има 34 гола и 12 асистенции на 42 настапи за Салцбург во сите натпреварувања. Порталот Трансфермаркт го проценува играчот на 22 милиони евра. Дака игра за Салцбург од 2018 година. Играчот ја започна својата европска кариера во австрискиот клуб…
Матијас Де Лихт не настапи на првиот натпревар на Холандија на Евро 2020, но се врати на теренот против Австрија во победата од 2:0. „Лалињата“ се веќе во осминафиналето, а младиот дефанзивец истакна дека тимот добива се поголема самодоверба. „Мислам дека со оглед на двата дена што не тренирав, се претставив добро. Ние добро се браневме како тим, што многу ја олесни задачата на нас дефанзивците“, рече Де Лихт. „Стануваме посамоуверени и помирни. Чувствувам дека секој од нас е подготвен да му помогне на другиот. Не создадовме голем број ситуации, но целосно го контролиравме натпреварот. Секако не беше лесно, но…
УЕФА и се закани на Англија дека ќе и го одземе организирањето на финалето на Евро 2020 и ќе го премести во Унгарија, објави весникот „Тајмс“. Европската централа бара британската влада да исклучи од задолжителниот карантин 2.500 ВИП лица кои се очекуваат за мечот за трофејот на 11 јули. Доколку тоа не се случи, натпреварот за трофејот најверојатно ќе се игра на стадионот „Ференц Пушкаш“ во Будимпешта, каде првиот натпревар се одигра пред неколку дена со полн капацитет на стадионот. Во Унгарија нема никакви ограничувања за навивачите и ќе може целосно да се искористи капацитетот на стадионот, но исто така…
Џенаро Гатузо ( 43) е близу до назначување за главен тренер на Тотенхем, објави на Твитер новинарот Николо Скира. „Гатузо ќе биде новиот тренер на Тотенхем. Договорот ќе биде до 2023 година со годишна плата од 2,5 милиони евра. Извршниот директор на Тотенхем Фабио Паратичи е во Милано и ќе се состане со Џенаро Гатузо во текот на денешниот ден за да ја реализираат целата зделка“, објави Скира. Да потсетиме, Гатузо, три недели по назначувањето, ја напушти функцијата тренер на Фиорентина поради несогласувања со управата. Претходно, Џенаро Гатузо беше на чело на Наполи, од каде замина на крајот на сезоната…
Австрискиот селектор Франко Фода ги откри причините за поразот од Холандија 0:2. Ова беше прв пораз за Австријците на Евро 2020, откако на стартот во групата Ц ја совладаа Македонија со 3:1. „Или грешевме со последното додавање, или нашите удари беа непрецизни. Не бевме доволно решителни во последната фаза од нападите. Затоа не создадовме многу чисти позиции”, коментираше Фода. „Пред паузата лесно ја загубивме топката и му дозволивме на противникот да се закани кон нашиот гол. Во второто полувреме имаше подобрување, но не успеавме да најдовме начин да стигнеме до голот”, додаде австрискиот селектор. Последниот натпревар за Австрија ќе биде…
