Author: riste

Капитенот на Холандија, Жоржињо Вајналдум ја повика УЕФА да преземе посилни мерки против расизмот. Вајналдум се закани дека ќе го напушти теренот во знак на протест доколку стане жртва на расистички навреди од публиката во Арената „Пушкаш“ во Будимпешта за време на неделниот натпревар од осминафиналето на Евро 2020 против Чешка. „Размислувам внимателно за таков потег. Веќе најавив дека сум подготвен да го напуштам теренот во случај на расизам. Но, тогаш беше лесно затоа што не се соочив со овој проблем. Но, сега си реков, Жоржи, ќе играш во Унгарија, што ќе сториш ако те навредат? Што ќе се случи…

Read More

Милан е заинтересиран за трансфер на играчот за врска на Сампдорија, Микел Дамсгард, објави новинарот Џанлука Ди Марцио. Фудбалерот игра на ЕП 2020 како дел од репрезентацијата на Данска. На средбата со руската репрезентација (4:1), играчот за врска го постигна првиот гол. Данската репрезентација се пласираше во осминафиналето на ЕП. Благодарение на голот против руската репрезентација, играчот за врска на данската селекција Микел Дамсгард стана најмладиот стрелец во историјата на данската репрезентација на големите меѓународни натпреварувања – светските и европските шампионати. Дамсгард постигна гол против Русија на возраст од 20 години и 353 дена. Милан заврши како втор во италијанската…

Read More

Читателите на веб страната „Шампионат“ во Русија учествувале во истражувањето за судбината на селекторот на руската репрезентација Станислав Черчесов по неуспехот на Европското првенство – 2020. Да потсетиме дека репрезентацијата загуби од Данска во последното, 3. коло од групната фаза (1:4) и го освои последното четврто место во групата Б. Од скоро 30.000 читатели кои учествувале во анкетата, 72 % сметаат дека Черчесов треба да ја напушти руската репрезентација. 22 % од читателите се сигурни дека ниту еден тренер не можел да го спаси овој тим. Четири проценти се за тоа Черчесов да продолжи да работи, бидејќи настапот на националниот…

Read More

Барселона ќе го објави новиот договор на мегаsвездата Лионел Меси на 24 јуни (четврток). Ова го објавија медиумите во Шпанија и Аргентина. Актуелниот договор на Аргентинецот, кој моментално е со својата репрезентација на Копа Америка, истекува на 30 јуни и по тој датум тој ќе биде слободен агент. Детали за рокот на новиот договор на Меси не изостануваат, иако се неофицијални. Информациите се дека годоворот ќе биде за период од 10 години. Тој ќе ги игра првите две како играч на „Камп Ноу“, следните три ќе ги игра во американската МЛС лига како амбасадор на каталонскиот клуб, а во последните…

Read More

Франко Џиролами по неколку пласмани на подиумот стигна до својата прва победа во ТЦР Европа, која е воедно прва и за македонскиот тим „ПСС Рејсинг“, кој со ова испиша нова историја како прв македонски тим што победил во ова европско првенство. Македонскиот возач Виктор Давидовски поради проблеми со сопирачките во квалификациите стартуваше од 14 место, но успеа на два пати да финишира во бодови. Во првата трка стигна до 11 место, а во втората до 10 место, „Во првите шест трки има шест различни победници и тоа е јасен показател колку е тешко да се биде на врвот во ТЦР…

Read More

Играчот за врска на Шкотска, Калум МекГрегор го постигна својот прв гол во дресот на Шкотска, но тоа не беше доволно за победа против Хрватска и неговиот тим загуби со 1:3 на својот последен натпревар од групата Д на Евро 2020. Така, Шкотска го заврши учеството на ЕП во групата со Хрватска, Чешка и Англија кои продолжуваат во 1/8 финалето. „Дадовме се од себе, но не можевме да ја покажеме играта што требаше. Можеби бевме уморни од тешкиот натпревар против Англија во петокот, но од друга страна имавме првокласен тим како противник. Горд сум што го постигнав мојот прв гол…

Read More

Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ постави втор неверојатен рекорд зад неговото име. Играчот за врска на Реал Мадрид беше стрелец на вториот гол за Хрватска при победата од 3:1 над Шкотска во натпревар од групата Д на Евро 2020 и стана најстариот стрелец на гол за Хрватска на Европските шампионати – 35 години и 286 дена. Интересно е тоа што, Лука Модриќ исто така се уште е официјално најмлад стрелец на Хрватска на Евопските првенства. Тој постигна гол во Австрија на Евро 2008 година кога имаше 22 години и 273 дена.

Read More

Британската влада објави дека ќе им овозможи на повеќе од 60 000 гледачи да дојдат на култниот стадион „Вембли“ во Лондон за полуфиналето и финалето на Европското првенство во фудбал. Ова значи дека капацитетот на „Вембли“ ќе се пополни до три четвртини, а сите што ќе бидат на трибините ќе треба или да направат негативен тест за ковид-19 или потврда дека примиле втора доза на вакцина против ковид-19 најмалку 14 дена пред натпреварот. За претходните натпревари во групната фаза од натпреварувањето, капацитетот на „Вембли“ беше намален на 22.500 гледачи, а тоа ќе важи и за натпреварот од осминафиналето меѓу Италија…

Read More

ПСЖ е подготвен да ја зголеми својата понуда до Интер за Ашраф Хакими на скоро 75 милиони евра со вклучените бонуси, информираше „Скај Спорт“. Предлогот ќе се објави официјално наскоро и ќе биде прифатен. Агентот на Мароканецот веќе откри дека неговиот клиент дефинитивно го напушта италијанскиот шампион. Челзи е другиот сериозен кандидат за Хакими, но од таму за возврат нудат помала сума и играчи за размена. Поради финансиската криза, Интер повеќе сака да добие пари и најверојатно ќе потпишат договор со ПСЖ.

Read More

По настапот  на ЕП, нашата фудбалска репезентација денес се врати во Скопје, а на Аеродромот Скопје беше пречекана од првиот човек на АМС, Наумче Мојсовски, претседателот на КФМ, Перо Антиќ како и голем број на фанови кој дојдоа да ги поздрават нашите фудбалери. ФОТО: спортмедиа.мк

Read More