Author: riste

Либерти Медиа, сопствениците на трговските права во Формула 1, објавија дека трката за Големата награда на Турција повторно ќе се најде на календарот на Светското првенство во 2021 година, откако претходно беше одложена поради пандемијата на коронавирусот. Стартот на трката во „Истанбул парк“ беше закажано за 13 јуни како замена за откажаното Гран при на Канада, но Турција беше вклучена во „црвената листа“ на британската влада поради големиот број на пациенти со коронавирус во земјата. Ова значеше дека секој што беше во Турција ќе мора да помине задолжителна десетдневна изолација при враќањето на Островот, што беше невозможно за седумте екипи…

Read More

Холандскиот веб портал „НОС Спортс“ направи избор на играчи кои дадоа белег на групната фаза од ЕП во фудбал. На 36 одиграни натпревари во првата фаза свој добар настап според „НОС Спортс“ имале играчи од врвот на Европскиот фудбал, а меѓу нив се најде и нашиот Горан Пандев. Пандев е во иделаниот состав на групната фаза, не само поради својот фудбалски квалитет на теренот, туку и поради односот надвор од теренот. Македонската фудбалска легенда на најдобар можен начин се прости од репрезентативниот дрес, а со своите одлични игри на Европското првенство не остана незабележан и од страна на странските медиуми.…

Read More

Дефанзивецот на Франција, Лука Дин може да го пропушти остатокот од Евро 2020. Тој влезе како замена на мечот против Португалија, но остана на теренот само седум минути и беше заменет откако имаше проблем со повреда. „Лука Дин има проблем со бутниот мускул. Може да биде и доста сериозно. Ќе видиме за што точно станува збор, но обично ваквите повреди на мускулите не се добар знак“, изјави селекторот Дидие Дешамп. Следниот натпревар на Франција е во 1/8 финалето, каде противник на актуелниот светски шампион ќе биде Швајцарија. Натпреварот се игра на 28 јуни во Букурешт.

Read More

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ја потврди информацијата дека 33-годишниот бразилски бек Марсело ќе продолжи да игра за клубот од Мадрид и ќе го замени Серхио Рамос како капитен на тимот. „Марсело ќе биде наш капитен следната сезона. Тешко е да се најде друг бек како Марсело. Тој и Роберто Карлос беа најдобри на оваа позиција во историјата“, изјави Перез. Да се потсетиме, Марсело се приклучи на Реал Мадрид на 1 јануари 2007 година. Актуелниот договор помеѓу играчот и клубот е со важност до 2022 година. Во последната сезона од Шпанското првенство, Бразилецот учествуваше на 16 натпревари, на кои…

Read More

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е многу близу до потпишување нов договор со клубот, пишува „Тутомеркато“. Двете страни преговараа веќе некое време и се блиску до постигнување договор, со само некои ситни детали што треба да се прецизираат пред официјално да се објави договорот. Новиот договор на Симеоне ќе биде до 2024 година, а се очекува да има и зголемување на платата на тренерот. На „Ванда Метрополитано“ не може да не бидат задоволни од работата на 51-годишниот Аргентинец, кој минатата сезона го водеше клубот до титулата во Ла Лига. Тој е на кормилото на оваа екипа веќе десет години,…

Read More

Англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд не е загрижен за фактот дека Германија има предност во резултатите од директните пресметки меѓу двата тима на големите шампионати. Во вторник, двата тима ќе играат во осминафиналето и една селекција ќе биде четвртфиналист, со тоа што Англија има предност што ќе биде домаќин на средбата која ќе се игра на „Вембли“. „Нема смисла да се плашиме од минатото“, рече Рашфорд. „Нема шанси да се вратиме таму и да го смениме она што се случило. Сепак, можеме да го смениме резултатот на следниот натпревар“ додаде Рашфорд. Тимот на Герет Саутгејт ја освои својата група без да…

Read More

Фудбалската репрезентација на Италија е една од најдобрите според игрите и учинокот на Европското првенство. Пред почетокот на шампионатот италија се сметаше како фаворит од сенка, но избраниците на Роберто Манчини одиграа перфектно во групната фаза и со три победи се пласираа во осминафиналето. Но, таму ќе бидат видно ослабени во одбраната. Како што пишуваат медиумите во Италија, Манчини за натпреварот со Австрија нема да може да смета на искусниот Џорџо Киелини и десниот бек Флоренци. Двајцата, не го одработиле ниту денешниот тренинг на селекцијата, па се очекува дека ќе го пропуштат дуелот со Австрија кој се игра утре. Флоренци се повреди уште на стартот…

Read More

Интересен податок е забележан на тековното Евро 2020. Невообичаено многу автоголови се постигнати на ова Европско првенство. На претходните 15 Европски шампионати, вкупниот број на вакви погодоци беше девет. Сепак, од почетокот на тековното натпреварувањето, постигнати се дури осум автоголови. Исто така, за прв пат во историјата на ЕП, првиот гол на шампионатот беше автогол, а го постигна Мерих Демирал од Турција. На два од натпреварите имаше дури два автогола на играчи на една екипа. Станува збор за Португалија во поразот од Германија со 2:4 и Словачка во поразот од Шпанија со 0:5. Ова исто така не се случило на…

Read More

Последниот ден од групната фаза на Евро 2020 понуди возбудливи натпревари со многу голови. Во текот на денот беа постигнати најмалку четири гола на сите четири натпревари. Така, вкупниот број на голови на овие натпревари изнесуваше 18, што постави рекорд за најмногу голови на еден ден од Европското првенство. На првите натпревари од групата Е беа постигнати по пет гола во просек. Шпанија ја совлада Словачка со 5:0, додека Шведска стигна до драматична победа над Полска со 3:2. Потоа, на вторите натпревари од групата Ф, Франција и Португалија ремизираа 2:2, а Германија и Унгарија завршија со ист резултат.

Read More

Напаѓачот на Франција, Карим Бензема призна дека е среќен што се сретнал со Кристијано Роналдо на натпреварот од групната фаза на ЕП 2020 со Португалија (2:2). За време на натпреварот, Бензема и Роналдо не го криеја пријателството, постојано комуницираа едан со друг. „Роналдо е мој голем пријател, бевме одличен напаѓачки пар во Реал Мадрид, постигнавме многу заедно. Беше одлично да се сретнам со него на Евро. Разговаравме, си посакувавме среќа на натпреварите за нашите репрезентации и клубови“, изјави Бензема. Да потсетиме, во натпреварот од 3.коло од групната фаза на Европското првенство, репрезентацијата на Португалија се сретна со Франција. Мечот се…

Read More