Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Формула 1 се враќа во Турција откако отпадна можноста да се вози во Сингапур
    Меѓународен микс

    Формула 1 се враќа во Турција откако отпадна можноста да се вози во Сингапур

    risteBy riste25/06/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Либерти Медиа, сопствениците на трговските права во Формула 1, објавија дека трката за Големата награда на Турција повторно ќе се најде на календарот на Светското првенство во 2021 година, откако претходно беше одложена поради пандемијата на коронавирусот.

    Стартот на трката во „Истанбул парк“ беше закажано за 13 јуни како замена за откажаното Гран при на Канада, но Турција беше вклучена во „црвената листа“ на британската влада поради големиот број на пациенти со коронавирус во земјата. Ова значеше дека секој што беше во Турција ќе мора да помине задолжителна десетдневна изолација при враќањето на Островот, што беше невозможно за седумте екипи со седиште во Велика Британија.

    Наместо Големата награда на Турција, организаторите на шампионатот додадоа втора трка на Ред Бул Ринг што ќе се одржи викендов. Сепак, откажувањето на Големата награда на Сингапур, што требаше да се одржи на 3 октомври, отвори нова можност за турската патека да биде домаќин на шампионатот и тоа беше потврдено денес.

    https://twitter.com/F1/status/1408351474007093249?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1408351474007093249%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.bg%2Fnews-2021062509404905884

    Стартот на трката во Истанбул ќе биде втор во серија од три последователни викенди, бидејќи Руското ГП е закажано за една недела пред тоа, а Јапонското ГП е поставено седум дена подоцна. Сепак, трката во земјата на изгрејсонцето е доведена во прашање откако претходно оваа недела беше објавено дека Јапонското ГП во Мото ГП нема да се одржи поради пандемијата на коронавирусот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.