Author: riste

Франција и Швајцарија одиграа драматично осминафинале кое го доби селекцијата на Швајцарија по подобро изведување на пенали со 5:4, а во регуларниот дел и продолженијата мечот заврши нерешено 3:3. Натпреварот почна лошо за Франција, противничката репрезентација на Швајцарија успеа да го отвори резултатот уште во 15.минута од натпреварот откако Сеферовиќ искористи еден убав центаршут од левата страна и ја смести топката во голот на Уго Лорис за водство на неговата селекција од 1:0. Веднаш потоа Франција ја превзеде иницијативата, но до крајот на првиот дел не успеа да дојде до израмнување на резултатот. На стартот на вториот дел Франција започна…

Read More

Шпанија се пласираше во четвртфиналето на ЕП откако во драматичен натпревар славеше против Хрватска вечерва на „Паркен“ стадионот во Копенхаген. Шпанците водеа со 3:1, но во последните неколку минути Хрватска успеа да постигне два гола, од кој вториот беше во 92.минута од натпреварот за израмнување на резултатот на 3:3 и да се изборат за продолженија. Сепак во дополнителните 2х15 минути , Шпанија беше поуспешна и ја совлада Хрватска со 5:3 што и донесе пласман во четврфиналето. Шпанија ќе го очекува подобриот од вечерашниот дуел меѓу Франција и Швајцарија, а Хрватска се враќа дома по настапот на ова ЕП.

Read More

Напаѓачот на Атлетико Мадрид и Португалија, Жоао Феликс ќе биде подложен на операција на зглобот, пренесуваат медиумите во Португалија. Напаѓачот ќе оди на операција во Порто, а според најавата ќе пропушти два месеци. Феликс веќе неколку месеци има непријатност со оваа повреда. Феликс почувствува непријатност во левата нога за време на тренингот на репрезентацијата на Португалија во пресрет на мечот со Германија. Медицинскиот штаб на репрезентацијата одлучи да не ризикува со играчот, па Феликс не беше вклучен во списокот на националниот тим за мечот со германската селекција. Феликс се приклучи на Атлетико Мадрид од Бенфика во 2019 година. Сумата на…

Read More

Англискиот напаѓач Хари Кејн ги сподели своите очекувања од натпреварот против Германија во осминафиналето на Евро 2020. „Утре ќе имаме вистински тест. Можеме да зборуваме за играта колку што сакаме, но главната работа е да влеземе на терен и да постигнеме резултат пред милиони луѓе. Многумина од нас го прават тоа во нашите клубови, вклучително и многу помлади играчи. Треба само да го пренесете во националниот тим. Ќе дадеме се од себе да победиме“, изјави Кејн за веб страната на УЕФА. Да потсетиме, Германија го освои второто место во групата со Франција, Португалија и Унгарија. Во 1/8 финалето на Евро…

Read More

Германската репрезентација доби дозвола од УЕФА да тренира на „Вембли“ денес, но нема да го искористи тоа. Пред неколку дена, кога стана јасно дека во осминафиналето Германија ќе игра против Англија во осминафиналето, домаќините предупредија дека поради очекуваните врнежи од дожд, подобро е никој да не реализира тренинг на теренот за да го задржат квалитетот. Поради оваа причина, УЕФА првично ги извести Германците дека треба да бараат друга опција. Истата забрана им беше дадена на Австрија и Италија пред нивниот дуел кој се одигра на „Вембли“. Сепак, „Билд“ откри дека следела официјална жалба од Германија, од каде веруваат дека се…

Read More

Репрезентацијата на Чешка успеа да го изненади фаворизираниот тим на Холандија и да се пласира во четврфиналето на Еуро 2020. Чешка ја совлада Холандија со 2:0 на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта и закажа нов натпревар на ова ЕП. Се чини дека клучниот момент на натпреварот беше црвениот картон на Матијас Де Лихт во 55.минута кога играше намерно со рака. Веднаш потоа Чешка дојде до водство со голот на Холеш во 68.минута, а победата на Чешка ја потврди Патрик Шик во 80.минута. Со оваа победа Чешка успеа да се пласира во четвртфиналето и ќе игра против Данска во Баку на 3.јули…

Read More

Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп ги сподели своите очекувања од мечот со Швајцарија во 1/8-финалето на Евро 2020. „Не можеме да ги потцениме. Ова е плеј-офф натпревар, затоа мора да дадеме се од себе за да имаме насмевки на лицето на крајот од мечот. Мораме да ја покажеме нашата најдобра игра. Жештината во Будимпешта за време на последниот натпревар од групната фаза си го направи своето. Имавме дополнителен ден помеѓу натпреварите – пет, а не четири. Но, нашите ривали имаа осум дена, што е многу подобро. Тука е исто така жешко, но сепак е малку полесно за телото да…

Read More

Формула 1 возачот на Ред Бул,  Макс Верстапен возеше трка без грешка и заслужено го освои првото место на трката за ГН на Штаерска која денес се возеше на „Ред Бул Ринг“. Возачот на Ред Бул стартуваше од пол-позицијата место и возеше без грешка од почетокот до крајот на трката која се одржа во Австрија. Верстапен стартуваше прв и заврши прв, а зад себе ги остави двата болида на Мерцедес, управувани од Луис Хамилтон и Валтери Ботас. Четвртото место во Австрија му припадна на Серхио Перес, а потоа следеа Норис, Сајнц, Леклерк, Штрол, Алонсо и Куонда, кои освоија бодови на…

Read More

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, не успеа да ја заврши втората трка на патеката „Валелунга“ во рамки на ТЦР-шампионатот во Италија. Нашиот Иџе стартуваше од шестата позиција на втората трка, а веднаш на стартот имаше едно мало излетување што го однесе дури на 14-та позиција, сепак Стефановски возеше добри и дојде до 8-то место и во моментите кога можеше да нападне за подобра позиција излета од патеката и не можеше да продолжи. Првата трка Стефановски ја финишира на шестата позиција, така што ќе остане само со тие бодови. Сега следи едномесечна пауза во ТЦР-шампионатот во Италија, а следната трка…

Read More

Најдобриот фудбалер на Македонија, Горан Пандев кој официјално ја заврши репрезентативната кариера со настапот на ЕП ќе треба да одлучи дали ќе продолжи да настапува за Џенова во наредната сезона. По пристигнувањето во Македонија по настапот на ЕП, Горан пандев изјави дека нема добиено понуда за нов договор со Џенова, а на тоа веднаш реагираше тренерот на Џенова, Балардини кој нагласи дека Пандев мора да продолжи барем уште една година. По се ова следуваше реакцијата на Џенова, која му понудила и официјално нов договор на Горан Пандев, па така сега на потег е нашиот фудбалер. Веројатно деновиве Горан Пандев ќе…

Read More