Author: riste

Играчот за врска на Вест Хем, Деклан Рајс е решен да го напушти клубот. Тој веќе одбил две понуди да го обнови договорот со „чеканите“, пишува „Телеграф“. Англискиот репрезентативец го бараат Манчестер Јунајтед и Чели, а наскоро се очекува и двата гиганти да излезат со конкретни предлози. Можно е Манчестер Сити да се вклучи во битката за неговиот потпис. Рајс потекнува од екипата на Челзи, каде се спријателува со Мејсон Маунт. Сепак, „сините“ од Лондон не гледаа потенцијал кај младиот Рајс и во 2013 година тој се пресели во Вест Хем, а од 2017 година е дел од првиот тим…

Read More

Серхио Рамос се согласи на 2-годишен договор со францускиот гигант ПСЖ, пренесува РМЦ Спорт. Во следните неколку дена, 35-годишниот шпански дефанзивец ќе помине лекарски прегледи и официјално ќе стане играч на клубот од француската престолнина. Рамос ќе се приклучи на ПСЖ како слободен агент откако неговиот договор со Реал Мадрид истече на 30 јуни. https://twitter.com/IntChampionsCup/status/1410625745072836609?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1410625745072836609%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.bg%2Fnews-2021070116252257484 Според италијанскиот новинар Фабрицио Романо од ПСЖ планираат во рок од 15 дена да ги објават трансферите на Рамос, Ашраф Хакими од Интер и Џанлуиџи Донарума, кој ги брани боите на италијанскиот Милан. https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1410627193487691779?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1410627193487691779%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.bg%2Fnews-2021070116252257484

Read More

Јувентус доби писмо од УЕФА во кое се вели дека на оваа екипа им е дозволено да учествуваат во Лигата на шампионите за сезоната 2021/2022. Претседателот на „старата дама“ Андреа Ањели го објави тоа. „Добивме писмо во кое бевме примени во Лигата на шампионите. Сакам да ја потврдам нашата желба да се вклучиме во дијалог за подобрување на европскиот фудбал и не се плашиме од закани. Ние сме сигурни во нашите правни постапки“, изјави Ањели за прес-службата на клубот. Да потсетиме, Јувентус учествуваше во проектот на Европската Супер лига. Ова натпреварување беше жестоко критикувано од УЕФА. Суперлигата ја формираа 12…

Read More

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед. Како што објави „ЕСПН“, „црвените ѓаволи“ се блиску до купување на 28-годишниот француски фудбалер на кој му останува уште една година според договорот со Реал Мадрид. Англискиот клуб е уверен дека Рафаел Варан ќе може да го добијат за 50 милиони евра, и покрај првичните барања на Реал Мадрид (70 милиони евра). Реал е подготвен да се раздели со играчот за тој да не замине бесплатно за една година. Варан ги брани боите на Реал Мадрид од 2011 година, а пред тоа играше за Ленс, ода…

Read More

Поранешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос е се поблизу до слободен трансфер во ПСЖ. Братот кој е личен агент на 35-годишниот дефанзивец – Рене Рамос, моментално е во Париз за да го финализира трансферот. Според францускиот печат, преговорите се движат во насока што ја бараат двете страни, но главната тема, должината на договорот допрва треба да се постигне. Рамос сака двегодишен договор, но многу е можно втората сезона да зависи од исполнување на одредени услови во првата. Платата на Рамос во ПСЖ ќе биде нешто пониска од платата на „Сантијаго Бернабеу“, за да не се наруши структурата на платите…

Read More

ЕХФ денес ги одреди четирите шешири во пресрет на ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите. 16-те екипи ќе бидат поделени во четири шешири според резултатите во претходните сезони. Во најквалитетната група се најдоа, актуелниот шампион Барселона, Кил, ПИК Сегед и ПСЖ. Македонскиот претставник Вардар во пресрет на ждрепката е сместен во вториот шешир, заедно со Алборг, Киелце и Порто. Третиот го сочинуваат Мешков Брест, Флензбург, Веспрем и Монпелје, додека во последниот четврти се најдоа Мотор Запорожје, ППД Загреб, Динамо Букурешт и Елверум. Според планот групната фаза ќе се игра стандардно во двокружен систем со 14 кола, екипите ќе…

Read More

По вчера одржаната прес-конференција на која официјално беше објавено дека брендот КЛ7 повеќе нема да биде дел од РК Голден Арт, со соопштение за јавноста денес се огласи најдобриот македонски ракометар и воедно селектор на нашата репрезентација, Кирил Лазаров. Лазаров ги објасни своите причини за разделбата, најави уште подобри денови за брендот и им посака среќа на сите инволвирани во проектот РК Голден Арт. „Во својство на единствен сопственик и идеен творец на брендот „КЛ7“, би сакал да ја известам македонската ракометна и спортска јавност дека истиот е во процес на редефинирање на стратегијата за натамошен развој и повеќе не…

Read More

Англискиот фудбалски клуб Евертон и шпанскиот тренер Рафаел Бенитез постигнаа договор за тригодишен договор и тој ќе биде потпишан во текот на денот, објавија медиумите на Островот. Евертон го бара својот петти менаџер во последните пет години откако Карло Анчелоти, кој минатата сезона го предводеше тимот до десеттото место во Премиер лигата, реши да се врати во Реал Мадрид. Така, Евертон влезе во преговори со 61-годишниот Бенитез, што предизвика различни реакции кај навивачите на тимот, бидејќи Шпанецот го предводеше Ливерпул. Во февруари 2007 година, тој го нарече Евертон „мал клуб“. На Бенитез неколку пати му се закануваа со транспаренти. Еден…

Read More

Дефанзивецот на Рома, Леонардо Спинацола го привлече вниманието на врвните европски клубови. Од она што го објавија медиумите во Италија, за овој играч веќе се распрашуваат Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ. Во исто време, сè уште не се зборува за конкретни предлози кои би стигнале кај Рома. На Евро 2020, Спинацола двапати беше прогласуван за најдобар играч на натпреварот. 28-годишниот дефанзивец игра во Рома од 2019 година. Претходно играше за Аталанта, Перуџа, Виченца, Сиена, Виртус Ланчијано, Емполи и Јувентус. Порталот Трансфермаркт го проценува играчот на 26 милиони евра. Договорот на играчот со Римјаните важи до 2024 година.

Read More

Турскиот Галатасарај е насочен кон 30-годишниот дефанзивец на Наполи, Марио Руи. Оваа информација ја објави новинарот Николо Скира на неговиот профил на Твитер. Според изворот, Турците ќе започнат преговори со Наполи во блиска иднина. Клубот од Неапол сакаат да спасат 8 милиони евра за играчот, чија плата е 2 милиони евра годишно, а договорот истекува во 2025 година. Руи игра за Наполи од 2017 година. Претходно играше за италијанските Рома, Емполи, Специја, Губио и португалска Фатима. Порталот Трансфермаркт го проценува играчот на 8 милиони евра. Во завршената сезона на турскиот шампионат Галатасарај со 84 бода го освои второто место.

Read More