Author: riste

Бразил е првиот финалист на овогодинешното издание на Копа Америка. Синоќа домаќините на турнирот остварија победа од 1:0 над Перу во првата полуфинална пресметка на стадионот „Олимпико Нилтон Сантос“ во Рио де Женеиро. Херој за „кариоките“ беше Лукас Пакета, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 35-та минута. Двата тима имаа добра игра по едно полувреме. Бразил доминираше во првото полувреме, а Перу во второто поувреме. Во 35-та минута Бразил сепак ја материјализираше својата супериорност. Нејмар влезе во шеснаесетникот, измами двајца дефанзивци и даде една повратна топка на пеналтикот, каде беше Лукас Пакета, кој погоди за 1:0 што на…

Read More

Репрезентацијата на Италија предводена од Роберто Манчини игра одлично на Европското првенство на кое во полуфиналето ќе сретнат со Шпанија во битка за финалето. Од друга страна селекторот на Шпанија Луис Енрике има малку искусни фудбалери и повеќе се базира на младите и талентирани играчи. Тоа не е причина италијанскиот селектор да не верува во тежок натпревар на „Вембли“ во обидот да стигнат до големото финале. „Ќе биде тежок натпревар, Шпанија има поинаква игра од Белгија. Со Австрија во осминафиналето ни беше тешко бидејќи тие се агресивни, ве спречуваат да играте. Шпанија е извонредна, таа е силна репрезентација веќе со години. Сега…

Read More

Макс Верстапен по седми пат во својата кариера освои пол-позиција откако беше најбрз на денешните квалификации на патеката „Ред Бул Ринг“ во Австрија. Возачот на Ред Бул, кој воедно е лидерот во генералниот пласман зад себе го остави Ландо Норис од Мекларен. Трето најбрзо време во овие квалификации оствари Серхио Перез кој заврши пред Луис Хамилтон и Валтери Ботас. Пред утрешната трка во генералниот пласман води Макс Верстапен со 156 бода пред најголемиот ривал за титулата Луис Хамилтон кој има 138 бода. Трката за ГН на Австрија ќе се вози утре со почеток од 15:00 часот.

Read More

Џејдон  Санчо, кој веќе го сметаат за играч на Манчестер Јунајтед, ќе започне за прв пат како стартер за Англија на Евро 2020. Ова ќе се случи на денешната четвртфинална пресметка со Украина, според медиумите на островот. Талентираниот крилен напаѓач ќе го замени Букајо Сака во почетниот состав, кој го пропушта мечот поради повреда што ја доби на еден од последните тренинзи на Англија. Досега, Санчо имаше само еден настап како резерва на првите четири натпревари на Англија на Евро 2020. Селекторот Герет Саутгејт ќе направи уште една промена во својот почетен состав. Мејсон Маунт ќе се врати во него…

Read More

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах не беше вклучен во египетската репрезентација за Олимписките игри во Токио. Салах не се најде на списокот со 22 играчи објавен на официјалната веб-страница на Египетскиот фудбалски сојуз. 29-годишниот Салах, најпознатата спортска sвезда во Египет, настапи на Игрите во Лондон 2012 година, постигнувајќи гол на сите три натпревари во групната фаза против Бразил, Нов Зеланд и Белорусија, пред Египет да биде елиминиран по поразот од Јапонија. Во Токио, Египет е во групата Ц со двократниот шампион Аргентина, со победниците во 1992 година – Шпанија и Австралија. На Олимпијадата учествуваат играчи на возраст под 23 години…

Read More

Францускиот фудбалски клуб Бордо беше отстранет од елитната Лига 1 и испратен во втората лига по повлекувањето на мнозинскиот акционер. Клубот објави дека ќе се жали на одлуката, бидејќи во лигата беше претставен новиот проект за финансирање на клубот од страна на бизнисменот Жерард Лопез. Бордо се надева дека жалбата ќе биде прифатена откако проектот ќе биде финализиран и тимот ќе биде вратен во елитата. Бордо доживува сериозни финансиски проблеми и е ставен под административна контрола по повлекувањето на американскиот сопственик – команијата „Кинг Стријт“ во април. Целиот француски фудбал страда сериозно по раскинувањето на договорот за ТВ-права со „Медиапро“…

Read More

Голманот на Белгија, Тибо Куртоа го коментираше резултатот од четвртфиналето на Европското првенство – 2020 година со репрезентацијата на Италија (1:2). „Тешко е, но знаевме дека нè чека ваква игра. Имавме две шанси, но голманот им помогна. Плус, дозволивме резултатот да се отвора премногу лесно. Навистина, можеше да се да биде поинаку, но италијанската репрезентација заслужи да победи“, изјави Куртоа за УЕФА. Белгија по овој пораз си оди дома, додека Италија продолжува понатаму на патот кон финалето, а пред тоа ја очекува средбата со Шпанија која ќе с еигра во вторник.

Read More

Дефанзивецот на Италија, Леонардо Спинацола ќе отсуствува од фудбалските терени четири месеци поради повредата која ја заработи на вчерашниот натпревар. Да потсетиме, во 79-та минута од 1/4 финалето на Европското првенство – 2020 година помеѓу Белгија и Италија,  Спинацола беше изнесен надвор од теренот на носила со солзи во очите. Средбата заврши со победа на италијанскиот тим со резултат 2:1. Според информациите, на Спинацола ми е дијагностицирана повреда на Ахиловата тетива. Италијанскиот фудбалер се очекува да се опорави за четири месеци. Неговата репезентација во полуфиналето ќе игра со Шпанија и ќе се бори за место во големото финале.

Read More

Заврши сагата околу иднината на седумкратниот светски шампион во Формула 1 – Луис Хамилтон. Официјално беше објавено дека Британецот потпиша нов, двегодишен договор со тимот на Мерцедес, за кој се натпреварува од 2013 година. Партнерството помеѓу Хамилтон и Мерцедес е едно од најплодните во историјата на шампионатот. Донесе вкупно 77 победи, 74 пол позиции, 44 најбрзи круга, 122 подиуми и шест светски титули на 165 трки. „Тешко е да се поверува дека работам со овој неверојатен тим веќе девет години, возбуден сум што ќе го продолжиме нашето партнерство уште две години. Заедно постигнавме многу, но сè уште имаме што да…

Read More

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, официјално ја објави својата одлука дека ја завршува кариерата во репрезентацијата на Германија. По 106 натпревари за Бундес-тимот, 31-годишниот играч за врска целото внимание ќе го насочи кон своите настапи во својот клуб. Крос објави дека ја донел својата одлука многу пред Евро 2020, за каде се надеваше дека ќе стигне до титулата. https://twitter.com/Sporf/status/1410938135593238529?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1410938135593238529%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.bg%2Fnews-2021070212334881768 „Одиграв 106 натпревари за Германија. Нема повеќе. Се надевав дека ќе завршам со 109 и уште еден голем трофеј – оној од Европското првенство. Направив се што е можно за тоа да се случи. Одамна решив дека овој турнир ќе…

Read More