Author: riste

Фил Фоден го пропушти тренингот на репрезентацијата на Англија само еден ден пред финалето на Европското првенство против Италија. Од таборот на Англија објаснија дека играчот на Манчестер Сити имал полесна повреда и од претпазливост го пропуштил денешниот тренинг. Фоден ги започна првите два натпревари на Англија на Евро 2020, но остана резерва за следните четири. Селекторот Герет Саутгејт тешко дека ќе смета на него утре уште од почетокот на натпреварот, но секако дека сака да го има на клупата и доколку е потребно да влезе во игра.

Read More

УЕФА одлучи да го казни Фудбалскиот сојуз на Англија (ФА) со 30.000 евра по полуфиналето на Европското првенство – 2020 односно мечот Англија – Данска (2:1), се наведува на официјалната веб-страница на УЕФА. Оваа одлука е донесена во врска со употребата на ласери од страна на навивачите на англискиот тим, свиркањето за време на изведбата на националните химни, како и употребата на пиротехника. Да потсетиме, средбата се одигра на 7 јули на стадионот „Вембли“ во Лондон. Во регулаторното време натпреварот заврши нерешено 1:1, а Англија победи со гол од пенал во продолжението. Во моментот на изведување на пеналот, некој од…

Read More

Челзи го контактираше тимот на Рен за можноста да го привлече Едуард Камавинга. Постои сериозен интерес за играчот од средниот ред уште од Манчестер Јунајтед и ПСЖ, кои започнале преговорите за фудбалерот. 18-годишниот Французин има договор со Рен на уште една година и клубот најверојатно ќе го продаде ова лето, бидејќи во спротивно ризикува да го изгуби без пари. Камавинга дебитираше за тимот на Рен на само 16-годишна возраст и веќе има 3 натпревари за репрезентацијата на Франција.

Read More

По 14 години повторно во финалето на Копа Америка ќе се сретнат селекциите на Бразил и Аргентина. Тогаш славеше Бразил, кој е повторно фаворит, а ова средба ќе биде интересна затоа што на спротивните страни ќе бидат две големи ѕвезди на светскиот фудбал. Нејмар во селекцијата на Бразил, и Лео Меси како предводник на Аргентина. Овие две репрезентации ќе се борат за тронот на Копа Америка. Пред овој дуел доаѓа одлична вест, властите во Рио де Жанеиро одлучија на трибините на Маракана да има публика. Капацитетот на стадионот ќе биде исполнет 10% одново ќе има околу 7.800 навивачи на трибините.…

Read More

Фудбалерите од средниот ред Жоржињо и Марко Верати се најголемата опасност за Англија во финалето на Европското фудбалско првенство против Италија, смета играчот на домашната селекција Калвин Филипс. Двете екипи ќе се соочат утре во 21 часот на „Вембли“ во Лондон. „Играв против Жоржињо. Тој е одличен играч и многу добро се снаоѓа во Челзи. Играч кој совршено ја контролира топката и го користи своето тело за да ја заштити. Сепак, тој нема да биде единствениот предизвик со кој треба да се соочиме. Марко Верати не е помалку добар играч и навистина му се восхитувам. Со нив, средината на Италија…

Read More

Македонската кошаркарска репрезентација предпладнево го одржа првиот официјален тренинг на чело со новиот селектор Драган Бајиќ. Со ова стартуваа подготовките во пресрет на претквалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство. Во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ селекторот Драган Бајиќ најнапред ги собра младите кошаркарски надежи кои се потенцијални репрезентативци. На првиот собир селекторот Бајиќ викендов ќе направи селекција од 17 кошаркарски надежи. На денешниот прв собир тренираа Максим Митевски, Димитар Иванов, Андреј Андоновски, Леонид Тодоровски, Лејсон Зекири од МЗТ Скопје Уни Банка, Виктор Ефремовски (Работнички), Валмир Какруки (Навико Академија ФМП), Андреј Настовски (Црн Дрим), Андреј Митревски (ТФТ), Иван Волкановски…

Read More

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт го надмина поранешниот британски премиер Винстон Черчил по популарност меѓу Британците, пишува „Дејли експрес“. Според изворот, селекторот на Англија имал 72% рејтинг. 11% од испитаниците се негативни во однос на Саутгејт. За време на Втората светска војна, рејтингот на одобрување на Черчил бил 65%. 22% од испитаниците имале негативен став кон премиерот. Забележано е дека и приврзаниците на конзервативците и приврзаниците на лабуристите го подржуваат Саутгејт. Ќе потсетиме, утре, 11 јули, репрезентацијата на Англија ќе игра со репрезентацијата на Италија во последниот натпревар на Евро 2020 . Средбата ќе се одигра на стадионот „Вембли“ во…

Read More

Тешко повредениот лев бек на италијанската репрезентација Леонардо Спинацола објави дека ќе биде на стадионот „Вембли“ во Лондон за финалето на Евро 2020, во кое „азурите“ ќе се соочат со Англија. 28-годишниот играч на Рома беше еден од најдобрите играчи на Европското првенство, но се здоби со повреда на Ахиловата тетива во победата од 2:1 против Белгија во четвртфиналето и ќе паузира најмалку половина година. „Утре ќе бидам во Лондон со соиграчите“, изјави Спинацола за РАИ 1. „Неверојатно е возбудливо, момците ја направија мојата вечер прекрасна. Ние сме прекрасна екипа и навистина се чувствуваме како едно семејство“, продолжи левиот бек…

Read More

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне и неговите помошници ги продолжија договорите со клубот. Договорот на аргентинскиот тренер е до 2024 година. Претходниот договор на Чоло Симеоне истекуваше следното лето. Симеоне го води Атлетико од 2011 година, а претходно ги водеше Расинг, Естудијантес, Ривер Плата, Сан Лоренцо и Катанија. https://twitter.com/atletienglish/status/1413181933786370057?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1413181933786370057%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.bg%2Fnews-2021070818241210604 Под водство на Аргентинецот, „јорганџиите“ двапати ја освоија Ла Лига, Лига Европа и Суперкупот на Европа, а триумфираа и во Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија. Атлетико двапати стигна до финалето во Лигата на шампионите, но и во двата случаи загуби од градскиот ривал Реал Мадрид.

Read More

Холанѓанецот Бјорн Кујперс ќе биде главниот судија на финалето од Европското првенство помеѓу Англија и Италија. Нему ќе му помагаат Сандер ван Роекел и Ервин Заинстра, а четврти судија ќе биде Карлос Дел Серо Гранде од Шпанија. Така, на вториот последователен натпревар на Англија, судијата ќе биде од Холандија. Во полуфиналето против Данска судија беше Дани Меккели, кој досуди контроверзен пенал за домаќините, кој го реализираше Хари Кејн, а Англија се пласираше во финалето по продолженијата со победа од 2:1. Кујперс досега судеше на три натпревари на ЕП 2020: Белгија – Данска (2:1) и Шпанија – Словачка (5:0) во групната…

Read More