Македонските преставници во Конференциската лига на УЕФА, Силекс и Шкупи со идентичен резултат 1:1 ги зваршија своите први натпревари во новата сезона од новоформиранито натпреварување. Силекс на домашен терен во Скопје одигра 1:1 со Петрокуб од Молдавија, а единствениот гол за екипата од Кратово го постигна Додевски во 4-та минута од натпреварот. На средбата која Струга ја одигра во летонија против Лиепаја исто така немаше победник, пред се благодарение на Исеини кој го израмни резултатот во 93-та минута од натпреварот и донесе на Струга резултат кој може да ја однесе во следното коло. За седум дена Силекс ќе гостува во…
Author: riste
Француската фудбалска федерација потврди дека Дидие Дешамп останува селектор и ќе ја предводи селекцијата на Франција на СП во Катар. Ова беше потврдено од раководството на федерацијата откако имале средба во текот ан вчерапшниот ден во Гингамп, а разговарале за болната елиминација на Франција од Швајцарија во осминафиналето на Евро 2020 (3:3 во регуларното време, 4:5 по изведувањето на пеналите). „Тој ќе ја предводи Франција до Катар. Прашањето беше решено за три минути. Неговата желба да продолжи беше исто така и моја. Не се сомневаме во неговата работа”, рече првиот човек на Француската фудбалска федерација Ле Греј. „Не смееме да…
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо Фернандез потпиша нов договор, објави клубот. Договорот ќе го задржи 31-годишниот Начо Фернандез на „Сантијаго Бернабеу“ до 30 јуни 2023 година. Начо, кој има 22 натпревари за репрезентацијата на Шпанија, е дел од првиот тим на Реал Мадрид од 2011 година. https://twitter.com/realmadriden/status/1413104005484584960?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1413104005484584960%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.bg%2Fnews-2021070812532651649 За шпанскиот гигант Начо има одиграно 233 натпревари и постигнато 12 голови.
Дефанзивецот на ПСЖ, Серхио Рамос ќе игра во новиот клуб со дресот со број 4. „Навистина го ценам бројот 4. Ова е суеверие затоа што играв со него од самиот почеток на мојата кариера. Тој беше покрај мене цела моја кариера, ме надополнуваше, ми донесе среќа и многу победи. Бројот 4 е дел од мене како личност и како професионалец. За мене е чест да го носам овој број во клуб како ПСЖ. Настапот под овој број за ПСЖ дефинитивно ќе ми донесе посебни чувства“, изјави Рамос за прес-службата на ПСЖ. Претходно се дозна дека шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос потпиша…
Францускиот играч за врска Хатем Бен-Арфа може да се врати во Марсеј во летниот преоден рок. 34-годишниот играч во моментов е без клуб, бидејќи неговиот договор со Бордо заврши, објави „L’Equipe“. Според изворот, главниот тренер на Марсеј, Хорхе Сампаоли е заинтересиран за играчот со кого сакаше да работи уште кога беше тренер на Севиља, но тогаш трансферот не беше реализиран. Сега Сампаоли ќе се обиде да се договори со претседателот на Марсеј за потребата од Бен Арфа во неговата екипа. Хатем Бен-Арфа се приклучи на Бордо како слободен агент во 2020 година. Во сезоната 2020/21, играчот за врска играше 25…
Голманот на Англија, Џордан Пикфорд е најголемиот кандидат за да го добие признанието „Златната ракавица“ за најдобар голман на Евро 2020. Ова стана јасно по синоќешното полуфинале помеѓу Италија и Шпанија, кое заврши 1:1 по 120 минути игра и го доби Италија по изведувањето пенали. Голот на Алваро Мората за Шпанија во 80-та минута значи дека Џанлуиџи Донарума нема да има повеќе од четири суви мрежи на ова ЕП. Досега тој нема примено гол на три натпревари – против Турција, Швајцарија и Велс во групната фаза. Сепак, Пикфорд има пет суви мрежи и дури и Англија да биде елиминирана од…
Англиски Тотенхем може да го купи напаѓачот на португалската Бенфика Харис Сеферовиќ, објави „Мирор“. Според изворот, новиот предводник на Тотенхем, Нуно Еспирито Санто, бара опции за засилување на напаѓачката линија и смета дека 29-годишниот Швајцарец е соодветен за таа позиција. Од друга страна стигнуваат информации дека Бенфика е подготвена да го продаде играчот во текот на летниот преоден рок. Во сезоната 2020/21, Сеферовиќ одигра 48 натпревари за Бенфика, постигнувајќи 26 гола и седум асистенции. Напаѓачот исто така постигна три гола на пет натпревари на Евро 2020. Порталот Трансфермаркт го проценува играчот на 14 милиони евра. Сеферовиќ игра за Бенфика од…
Манчестер Јунајтед сериозно размислува да го испрати голманот Давид Де Геа на позајмица во новата сезона, објавија медиумите во Манчестер. Се чини дека клубот има намера да смета на Дин Хендерсон како прв голман во новата сезона, па 30-годишниот голман ќе стане непотребен на „Олд Трафорд“. Покрај тоа, „црвените ѓаволи“ ги обезбедија и услугите на Том Хитон, кој треба да биде резерва на Хендерсон. Де Геа има договор со Манчестер Јунајтед на уште две години. Ова значи дека клубот не е должен да брза да го продаде ова лето. Затоа, опцијата за позајмица е реална и ќе биде разгледана од…
Крилото на Наполи, Дрис Мертенс беше опериран на левото рамо во Белгија. Тој ќе мора да мирува две или три недели, по што ќе започне процесот на рехабилитација. Фудбалерот беше опериран веднаш штом Белгија испадна од Евро 2020 за да биде подготвен за почетокот на новата сезона во Серија А. „Дрис Мертенс беше подложен на стабилизирачка операција на левото рамо во Белгија од страна на д-р Деклекрк и под надзор на д-р Канонико. Играчот ќе мора да паузира две или три недели, а потоа ќе започне рехабилитацијата“, изјавија од Наполи. https://twitter.com/sscnapoli/status/1412083578394062848?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1412083578394062848%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.bg%2Fnews-2021070602581009099 34-годишниот Мертенс, кој има 102 натпревари со белгискиот тим,…
Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид од синоќа ги започнува своите подготовки за новата сезона. Карло Анчелоти се врати да го води тимот, наследувајќи го Зинедин Зидан. Во оваа фаза, италијанскиот тренер сè уште не може да смета на оние играчи кои се или до неодамна беа вклучени во своите репрезентации на Евро 2020 или Копа Америка. Марсело, Даниел Карвахал, Начо Фернандез, Лукас Васкез, Ферлан Менди, Маријано Дијаз, Лука Јовиќ, Алваро Одриозола, Родриго, Браим Дијаз, Андриј Лунин и Мартин Одегард се појавија на медицински тестови и на стартниот тренинг во базата на Реал Мадрид. Сепак, Менди не учествуваше на тренингот, бидејќи…
