Author: riste

29-годишниот играч за врска на Италија и Челзи, Жоржињо го запиша своето име во историјата со тоа што стана еден од ретките играчи што постигнал едно несекојдневно статистичко достигнување, објави УЕФА на Твитер . Според изворот, Жоржињо станал само десетти фудбалер кој во една сезона успеа да го освои Европското првенство и Лигата на шампионите. Минатата сезона за Челзи, Жоржињо учествуваше на 43 средби во сите натпреварувања, на кои постигна осум гола и две асистенции. На Евро 2020, тој одигра седум натпревари без да биде постигне гол или асистенција, но беше важен фактор во играта на својата репрезентација. Токму тој…

Read More

Голот за израмнување на Леонардо Бонучи во финалето на Евро 2020 против Англија беше гол број 13 за Италија на шампионатот. На овој начин Италија го подобри својот рекорд за најмногу голови во завршницата на едно големо натпреварување. Досега, Италијанците постигнаа 12 гола на Светските првенства во 1934, 1982 и 2006 година, каде завршија со титулата. Самиот Леонардо Бонучи е веќе највозрасниот голгетер во финалето на ЕП. Дефанзивецот на Јувентус има 34 години и 71 ден. Претходниот рекорд му припаѓаше на Германецот Бернд Холцебајн, кој имаше 30 години и 103 дена на денот на финалето на Евро 1976 против Чехословачка.

Read More

Дефанзивецот на Италија, Леонардо Бонучи, постигна гол за Италија во финалето на Евро 2020 против Англија пред да ја освои втората титула во историјата. Бонучи е само вториот играч на Јувентус кој постигнал гол во финалето на Европското првенство. Пред него тоа го стори само Мишел Платини. Легендарниот Французин постигна еден од головите за триумф со 2:0 против Шпанија на Еуро 84. Покрај тоа, Бонучи се изедначи со Бастијан Швајнштајгер на најмногу натпревари на европските шампионати – 18. Логично, италијанскиот дефанзивец беше избран за најдобар играч во финалето.

Read More

Капитенот на Англија, Хари Кејн, секако беше крајно разочаран од поразот во финалето на Европското првенство. Италија ја доби битката за трофејот по изведувањето на пеналите на „Вембли“. „Немаше што повеќе да се даде. Момчињата немаа што повеќе да дадат. Губењето на пенали е најнепријатното чувство на светот. Не беше наша вечер, но тоа беше фантастичен турнир и мора да сме со кренати глави. Секако, боли сега. Ќе боли некое време, но ние сме на добар пат, градиме добар тим и се надевам дека ќе продолжиме“, рече Хари Кејн. „Игравме против многу добар тим. Започнавме совршено. Веројатно се повлековме премногу…

Read More

Селекторот на Италија, Роберто Манчини, го предводеше својот тим до втората европска титула во историјата на Италија. Неговата селекција го доби финалето на Евро 2020 против Англија на „Вембли“ на пенали. Италијанците примија гол на стартот на натпреварот, но тренерот верува дека после тоа неговиот тим доминираше на натпреварот. Низ солзи во очите, тој рече дека сега секој во неговата татковина може да слави. „Момците добро се снајдоа. Примивме ран гол и тоа ни ја отежна работата, но од тој момент доминиравме. Моите играчи се фантастични, не знам што друго можам да кажам. Ова беше важен успех за сите луѓе…

Read More

Репрезентацијата на Италија е новиот шампион на Европа откако успеа да слави во финалето на ЕП по подобро изведување на пенали, откако мечот заврши со нерешени 1:1 во регуларните 90 минути и по продолженијата кои беа одиграни. Финалниот натпревар почна одлично за репрезентацијата на Англија која дојде до водство уште во 2.минута од натпреварот. По центаршутот на Трипие од десната страна, на втора статива одлично ја сочека топката Лук Шо кој со прекрасен удар го совлада Донарума и донесе радост за навивачите на Англија на „Вембли“. Во продолжение од натпреварот Италија се обиде да ја презеде играта и да го…

Read More

Новак Ѓоковиќ не дозволи никакво изненадување и го освои третиот сезонски Грен слем трофеј, откако во финалето на Вимблдон го победи матео Беретини од Италија со 3:1 во сетови (6:7, 6:4, 6:4 и 6:3). Иако Италијанецот пружи силен отпор и одигра добар натпревар, посебно во првиот сет кој го доби со 7:6 сепак немаше сили за подвиг на оваа средба. Новак Ѓоковиќ го покажа својот врвен квалитет во моментите кога беше најпотребно и успеа да ги освои преостанатите три сета од овој меч кои му ја донесоа 20-та титула на Грен слем турнирите и со тоа се изедначи со Рафаел Надал и Роџер Федерер. Ѓоковиќ ја…

Read More

УЕФА размислува за проширување на Европското првенство од 24 на 32 екипи, пренесува „Асошиејтед Прес“. Форматот се ревидира додека се одредува тимот домаќин на Еуро 2028. Одлуката треба да биде донесена до крајот на 2023 година. Доколку се одлучи да се зголеми бројот на екипи, УЕФА може да ја популаризира Лигата на нации, што на крајот може да ги замени квалификациите за Европското првенство. Причината за можното проширување од 24 на 32 екипи е да се израмни форматот на завршниот турнир. Од Евро 2016, најдобрите четири екипи кои го освоија третото место, исто така учествуваат во плејофот на ЕП. Сепак,…

Read More

Наполи ја даде првата понуда за дефанзивецот на Челзи, Емерсон Палмиери, тврди „Газета дело Спорт“. Новиот тренер на наполитанците Лучијано Спалети повторно сака да работи со италијанскиот репрезентативец. Тренерот веќе разговарал со него и го убедил да се приклучи на неговиот проект. Понудата на Наполи за поранешниот дефанзивец на Рома е помеѓу 8 и 10 милиони евра. 26-годишниот фудбалер има договор со Челзи до јуни 2022 година, но лондончани имаат опција да го продолжат договорот за уште една година.

Read More

Фудбалот предизвикува емоции на теренот, но и надвор од него. Најновиот пример за големата еуфорија која ја зафати Англија околу Евро 2020 е венчавката пред куклтниот стадион „Вембли“. Еден заљубен пар го кажа своето судбоносно „Да“ во Лондон и го овековечи својот најсреќен ден со фотографии пред самиот спортски објект. Тие позираа во дрес со број 7 на Англија и ги привлекоа погледите на навивачите и фотографите околу стадионот.

Read More