Author: riste

Италијанскиот тим Милан на својата официјална веб-страница објави дека младиот шпански талент Браим Дијаз ќе продолжи да го носи дресот на „росонерите“ уште најмалку 2 сезони. Офанзивниот играч за врска ќе остане на „Сан Сиро“ до 30 јуни 2023 година. Тој ќе продолжи да игра во Милан како позајмен од шпанскиот гигант Реал Мадрид. Во зделката меѓу двата европски гиганти постои опција Милан да го купи, како и клаузула која им дава право на Реал Мадрид да го вратат играчот. Според новинарот Фабрицио Романо, Реал Мадрид ќе добие 3 милиони евра за позајмицата на фудбалерот, а опцијата за купување вреди…

Read More

Арсенал официјално објави за ангажманот на 21-годишниот Алберт Самби Локонга од Андеррехт. Трансферот на дефанзивниот играч за врска се очекуваше да се случи во последните неколку дена, а сега тоа е факт. Локонга е дел од академијата на Андерлехт и има одиграно 78 натпревари за првиот состав на клубот од декември 2017 година. Топџиите ќе платат 17,5 милиони за овој играч и уште 4,5 милиони во вид на бонуси. Договорот на играчот е на пет години до летото 2026 година, а тој ќе го носи бројот 23 на својот дрес. Играчот за врска станува второ засилување на лондончани ова лето,…

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер започна со подготовки за сезоната 2021/22. Според планот на подготовки екипата ќе тренира од денес до 23 јули во Битола, а потоа ќе се пресели во Маврово од 23-30 јули. Од 1-11 август – подготвителни натпревари 11 август – Суперкуп на Македонија – Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 21 август – СЕХА Гаспром лига (четвртфинале) – Еурофарм Пелистер – Мешков Брест. За новата сезона екипата е засилена со неколку нови имиња, но има и играчи кои змаинаа од клубот. Дојдоа: Реиние Табoaда (Данкерк), Јосип Божиќ-Павлетиќ (Гепинген), Филип Ивановски (Еурофарм Пелистер 2), Мартон Секељи (Порто), Немања Обрадовиќ…

Read More

Ѕвездата на американската кошаркарска репрезентација Кевин Дурент е најплатениот учесник на Олимписките игри во Токио, пишува списанието Форбс, подготвувајќи рејтинг на спортистите според овој индикатор. Приходот на 32-годишната врвна sвезда од НБА лигата за изминатата 2020 година се проценува на 75 милиони долари. Тој ќе учествува на Олимписките игри по трет пат во кариерата, откако го освои олимпиското злато во 2012 и 2016 година. Второто место во рангирањето на најскапите sвезди на Олимписките игри е за претставничката на Јапонија Наоми Осака. Нејзините приходи за 2020 година се во износ од 60 милиони долари. Третото место на рангирањето е за друг…

Read More

Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон победи на денешната ГП трка за ГН на Велика Британија која се возеше на патеката Силверстоун, што е домашен терен или патека на Хамилтон. Тој успеа да дојде до победа откако во предпоследниот круг успеа да го помине Шарл Леклер од Ферари за да стигне до победа, иако мораше да одлежи казна од десет секунди. На самиот старт на трката многу возбудувањаа, во првиот круг имаше контакт меѓу Верстапен и Хамилтон, а подебелиот крај го извлече верстапен кој излета од патеката и не можеше да ја продолжи трката, додека следуваше прекин и рестарт…

Read More

Лука Јовиќ нема среќа, повторно се повреди и нема да игра на првата контрола. Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ се повреди на еден од првите тренинзи на тимот и нема да учествува на првите конктролни средби пред стартот на новата сезона. Повредата не е сериозна, бидејќи Србинот во моментов тренира одвоено од главната група заедно со Маријано Дијаз, Родриго и Ферлан Менди, кои исто така се жалат на разни повреди. Јовиќ имаше големи надежи за добар учинок на предсезонските натпревари. Тој сака да остане во „кралскиот клуб“ и се надева дека ќе ја добие довербата од Карло Анчелоти. Во…

Read More

Играчот од средниот ред Џејдон Санчо својата кариера ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо на „Твитер“. Манчестер Јунајтед наскоро ќе го објави трансферот на играчот. Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека остануваат само неколку документи што треба да се подготват. Санчо потекнува од школата на Ватфорд и Манчестер Сити и својата сениорска кариера ја започна во Борусија Дортмунд во 2017 година. Тој е дел од репрезентацијата на Англија од 2018 година. Минатата сезона, 21-годишниот играч за врска учествуваше на 26 натпревари во Бундеслигата, на кои постигна осум гола (еден од белата точка)…

Read More

Бројот 4 кој во Реал Мадрид му припаѓаше на дефанзивецот Серхио Рамос, останува празен еден месец по заминувањето на играчот. Според весникот „Марка“, никој од играчите не изразил желба да ја земе „четворката“ по напуштањето на клубот на екс-капитенот. Слична ситуација се случи во репрезентацијата на Шпанија, каде никој не го зеде бројот 15, со кој настапуваше Серхио Рамос. Претходно стана познато дека Серхио, кој се пресели во ПСЖ, го зеде дресот со број 4 и ќе настапува со него. Рамос го напушти Реал Мадрид на крајот на јуни поради истекот на неговиот договор. Тој играше за Кралскиот клуб од…

Read More

Челзи е заинтересиран за размена на крилни напаѓачи со Баерн Минхен, објави весникот „Л’Екип“. Според изворот, лондонскиот клуб сака да го добие Кингсли Коман од Баерн Минхен и е подготвен да го вклучи Калум Хадсон-Одои во зделката, бидејќи тој не е вклучен во плановите на менаџерот Томас Тухел. Дополнителен аргумент во корист на 20-годишниот Англичанец е фактот дека Баерн е заинтересиран за него подолго време. Познато е дека Кингсли Коман не може да се договори со Баерн за нов договор. Според сегашниот договор, кој истекува во 2023 година, 25-годишниот Французин добива 9 милиони евра по сезона пред оданочување. Клубот му…

Read More

Капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш размислува дали да го напушти клубот. Интерес за него има од Манчестер Сити, но англискиот репрезентативец се сомнева во трансфер кај „граѓаните“. Според информациите, Грилиш размислува дури и да потпише нов договор со Астон Вила, иако со постоечкиот е обврзан со клубот до 2025 година. Тој има предлог од клубот да го продолжи договорот за една година и да ја зголеми платата на 150 000 фунти неделно.

Read More