Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Излетување на Верстапен, драма во финишот и победа на Хамилтон на патеката Силверстоун
    Меѓународен микс

    Излетување на Верстапен, драма во финишот и победа на Хамилтон на патеката Силверстоун

    risteBy riste18/07/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон победи на денешната ГП трка за ГН на Велика Британија која се возеше на патеката Силверстоун, што е домашен терен или патека на Хамилтон.

    Тој успеа да дојде до победа откако во предпоследниот круг успеа да го помине Шарл Леклер од Ферари за да стигне до победа, иако мораше да одлежи казна од десет секунди.

    На самиот старт на трката многу возбудувањаа, во првиот круг имаше контакт меѓу Верстапен и Хамилтон, а подебелиот крај го извлече верстапен кој излета од патеката и не можеше да ја продолжи трката, додека следуваше прекин и рестарт на трката во која ледер беше Леклер кој не успеа д апобеди на крајот од оваа возбудлива трка.

    Поради инцидентот по кој Ферстапен заврши во надвор од трката , Хамилтон доби казна од десет секунди, но и тоа не го спречи за на крајот да победи на домашното ГП и да ги израдува бројните навивачи. Леклер заврши на крај како втор, а клупскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас заврши како трет на подиумот. За Луис Хамилтон ова беше 99-та победа во кариерата. Бодови освоија уште Норис, Рикардо, Сајнц, Алонсо, Строл, Окон и Перез.

    По денешната трка, Луис Хамилтон сега ја намали предноста на Макс Ферстапен на само седум бода и најави драматична втора половина од сезоната во Ф1 шампионатот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ринс ја санирал повредата

    28/09/2023

    Ќе има ли рокади на возачите во Ф1?

    27/09/2023

    Германецот веројатно ќе вози за „Јота“

    27/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    • ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања
    • Рустемовски освои бронза на Балканското првенство
    • Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?
    • Мурињо: Ова е најлош почеток на една сезона во мојата кариера
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.