Author: riste

Вкупните трошоци на Јапонија за Олимписките игри во Токио се 15,4 милијарди долари, рече генералниот секретар на Организациониот одбор на Токио 2020, Тоширо Муто на 138-та седница на Меѓународниот олимписки комитет (МОК). Олимписките игри беа одложени за една година поради пандемијата на коронавирусите и сега ќе траат од 23 јули до 8 август. „Вкупните трошоци на Олимписките игри, кои ги покрива владата на Јапонија и раководството на Токио, се 15,4 милијарди долари“, рече Тоширо Мутој. Генералниот секретар на Организациониот комитет истакна дека буџетот за игрите е ревидиран по одложувањето. Дополнителни 900 милиони долари беа потрошени за да се создаде безбедна…

Read More

Српскиот напаѓач во редовите на Реал Мадрид, Лука Јовиќ ова лето може да го напушти тимот од Мадрид. Новинарот Николо Скира го објави ова на својот профил на Твитер. Според изворот, агентот на 23-годишниот Србин, Фали Рамадани, му ги понудил услугите на својот клиент на Интер. Од друга страна се вели дека клубот од Милано може да го позајми напаѓачот. Јовиќ играше за Ајнтрахт Франкфурт од 2017 до 2019 година на позајмица од Бенфика. Потоа германскиот клуб го купи за 22 милиони евра и го препродаде во Реал Мадрид за 63 милиони евра. Минатата зима, Ајнтрахт Франкфурт повторно го позајми…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е против продажбата на напаѓачот Винисиус Жуниор во Манчестер Јунајтед, пренесува „АС“. Анчелоти верува дека Винисиус ќе стане клучен играч во тимот во новата сезона. Претходно беше објавено дека Манчестер Јунајтед ќе го ангажира напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор. Реал сака да добие најмалку 68,5 милиони фунти (80,4 милиони евра) за Винисиус. Манчестер Јунајтед не е подготвен да плати таква цена за бразилскиот напаѓач, па затоа е поверојатна опција за позајмица. Винисиус Жуниор се приклучи на Реал Мадрид во 2018 година од Фламенго. Минатата сезона, 21-годишниот бразилски напаѓач одигра 35 натпревари во шпанскиот…

Read More

Вест Хем ќе побара 100 милиони фунти својот фудбалер Деклан Рајс, кој имаше одличен настап за својата репрезентација на Еуро 2020. Челзи се смета за главен кандидат за играчот од средниот ред, кој беше стартер на сите седум натпревари на Англија на шампионатот на Стариот континент. Како дете, 22-годишниот фудбалер бил во клупската академија на „Стемфорд Бриџ“, но потоа се определил кариерата да ја гради на друга дестинација. Неговиот договор со „чеканите“ е до летото 2024 година, што нема да им дозволи на кандидатите за него да ги реализираат лесно своите планови. Од друга страна играчот на Челзи, Тами Абрахам…

Read More

Германскиот шампион е подготвен да се раздели со 26-годишниот Французин за сума од 20 милиони евра, пишува „Л’Екип“. Договорот на играчот истекува за една година и од „Алијанц Арена“ сакаат да го продадат сега за да не го изгубат без пари следното лето. Не недостасува интерес за овој фудбалер, бидејќи Јувентус и Наполи се заинтересирами за него. Сепак, двата клуба се двоумат дали да дадат понуда или да чекаат 12 месеци и да го земат без пари. Сепак, се чини дека Јувентус размислува сега да го купи Толисо. На ова инсистира новиот тренер Масимилијано Алегри. Јувентус треба да го засили…

Read More

Манчестер Јунајтед ќе го искористи неуспешниот договор меѓу Атлетико Мадрид и Барселона за размена на Саул Нигес и Антоан Гризман и ќе направи нов обид за привлекување на шпанскиот играч за врска од Атлетико Мадрид. 26-годишниот фудбалер веќе долго време е во центарот на вниманието на „црвените ѓаволи“, кои се надеваат дека овојпат ќе можат да го земат во својот состав, пишува „Мундо Депортиво“. Од „Олд Трафорд“ веќе започнале разговори со агентот на играчот Џонатан Барнет. Тој не ја одигра својата најдобра сезона на „Ванда Метрополитано“, а сега клубот се засили со Родриго Де Пол, што дополнително ќе ги ограничи…

Read More

Реал Мадрид планира да го стави Еден Азар на трансфер пазарот, тврди „Марка“. Белгиецот никогаш не беше во можност да го покаже најдоброто од себе во последните две сезони на „Сантијаго Бернабеу“, а главната причина за тоа се повредите кои го прогонуваа. Тој досега има одиграно само 43 натпревари за Реал Мадрид и се чини дека клубот е подготвен да се раздели од него за да направи буџет за нови засилувања. Новиот тренер на Реал Карло Анчелоти е против таквата продажба и сака да го има во својот состав 30-годишниот фудбалер. Тој верува дека може да го извлече максимумот од…

Read More

Кингсли Коман и неговиот агент Пини Захави бараат од Баерн Минхен годишна плата од 12 милиони евра нето примања за Французинот да остане со продолжување на договорот. Од Барерн Минхен нудат 13 милиони евра бруто плата и сметаат дека барањата на Захави и неговиот фудбалер се нереални. Во исто време , додека Кингсли Коман се најде на списокот на посакувани играчи кај неколку клубови како што се Манчестер Сити, Челзи и Ливерпул, од Баерн Минхен поставија цена од 90 милиони евра за 25 годишниот фуфбалер чиј договор истекува за две години, објави весникит „Билд“.

Read More

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски и официјално од синоќа има нов клуб. Напаѓачот се врати во Спартак Трнава, која се договори за сите услови за да го добие младиот репрезентативен напаѓач. Милан Ристовски, кој има 23 години, со голем успех го носеше дресот на Спартак Трнава во текот на изминатата сезона и со неговите голови даде придонес за пласман на оваа екипа во Европа. Играчот по добрите настапи во Спартак Трнава доби можност да настапи и на Еуро 2020. По крајот на Европското првенство, Ристовски се врати во Ријека, но потоа следуваше раскин на договорот за повторно да дојде во Спартак…

Read More

Германскиот напаѓач на Челзи, Тимо Вернер, може да биде продаден или позајмен во летниот преоден рок, објави „Скај Германија“. Лондончани се подготвени да се ослободат од Тимо Вернер за да го финансираат трансферот на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. Вернер е интересен за неколку врвни европски клубови. Тимо Вернер се приклучи на Челзи во јули 2020 година. Сините му платија на РБ Лајпциг 53 милиони евра. Минатата сезона напаѓачот одигра 52 натпревари за лондонскиот клуб во сите натпреварувања, постигна 12 погодоци и 15 асистенции. Претходно беше објавено дека сопственикот на Челзи Роман Абрамович одвои 175 милиони евра за купување…

Read More