Ден пред заминување за Шопрон каде ги чекаат натпреварите од ФИБА „Челенцер“ турнирот, селекторот на нашата машка репрезентација „Под 20“ години, Тони Симиќ го направи конечниот избор на 12. кошаркари кои ќе се појават на овој турнир во Унгарија. Изборот не е оној кој го посакуваше Симиќ, особено ако се земе в предвид дека носителите на играта на оваа селекција, Лејсон Зекири и Андреј Андоноски се прекомандувани во А селекцијата. Но затоа пак добра вест за стручниот штаб во кој освен Симиќ се уште и Нермин Пепиќ и Никола Велев е враќањето на тренинзите на Лука Савиќевиќ. Бекот на МЗТ…
Author: riste
ПСЖ се уште се обидува да го задржи напаѓачот Килијан Мбапе, чиј договор истекува следното лето. Според „Марка“, клубот е подготвен да му понуди на 22-годишниот фудбалер исклучително профитабилна зделка, според која тој ќе заработи колку што заработува и неговиот партнер во нападот Нејмар. Според неофицијални податоци, Бразилецот добива 30 милиони евра годишно по оданочување и без бонуси. Во исто време, Мбапе сè уште верува дека треба да го напушти ПСЖ. Французинот верува дека нема да може да ги реализира сите свои амбиции во овој тим. Во овој случај, парите играат споредна улога за Килијан. Мбапе игра за ПСЖ од…
Напаѓачот на Ајакс, Душан Тадиќ го продолжи договорот со клубот. Ова го објави официјалната веб-страница на тимот. Новиот договор меѓу Србинот и Ајакс е со важност до 2024 година. Претходниот договор истекуваше во 2023 година. Исто така претходно беше објавено дека Тадиќ може да го замени Хакан Чалханоглу, кој го напушти клубот од Милано како слободен играч. Беше објавено дека претставници на миланскиот клуб разговарале со агентот на 32-годишниот српски фудбалер. Минатата сезона, Тадиќ учествуваше на 51 натпревар за Ајакс во сите натпреварувања, на кои постигна 22 погодоци и 26 асистенции. Тој се приклучи на холандскиот клуб летото 2018 година,…
Интер се договори со Хектор Белерин за трансфер на Шпанецот на „Џузепе Меаца“. Според „Газета дело Спорт“, италијанскиот клуб му понудил 5-годишен договор и плата од 3,5 милиони евра по сезона. Сепак, „нероазурите“ сега треба да се договорат со Арсенал за трансферната сума на играчот. Лондончани сакаат да го продадат дефанзивецот, а Интер сака да го позајми со опција за откуп. Арсенал го проценуваат Белерин на 20 милиони евра. Италијанскиот шампион има ограничен буџет за трансфери и се надеваат дека желбата на играчот да се пресели во клубот ќе биде клучен фактор. Симоне Инзаги бара замена за Ашраф Хакими кој…
Завршено е со трансферот на Џанлуиџи Донарума во ПСЖ. Младиот италијански репрезентативен голман е нов член на клубот од Париз, со кој потпиша договор кој ќе има важност до 2026 година. Европскиот првак со Италија заминува од Милан како слободен играч по осум години поминати во оваа екипа и се приклучи на „светците“. Во Париз, Донарума според најавите ќе добие годишна плата од 12 милиони евра, а во наредните пет години може да исполни и разни дополнителни бонуси. Последната понуда на Милан беше за четири милиони евра пониска, па голманот се реши за нов предизвик во кариерата. Целиот трансфер беше договорен…
Лионел Меси и Барселона веќе се договорија за новиот договор на Аргентинецот, објавија медиумите во Шпанија. Веста може да биде официјално објавена до крајот на неделава. Многу е интересно и неочекувано дека рокот на новиот договор ќе трае пет години. Ова не значи дека Меси ќе игра на „Камп Ноу“ до својата 39 година. Наместо тоа, се очекува да одигра уште две сезони во Барселона, а потоа да ја продолжи кариерата во Интер Мајами. Покрај тоа, овој договор ќе стави крај на сите можни шпекулации за остатокот од кариерата на „Камп Ноу“. Самиот Меси исто така се согласил на голем…
Новиот селектор Драган Бајиќ денеска официјално ја презеде македонската сениорска репрезентација, како наследник на Александар Тодоров. Претходните денови тој тренираше со неколку потенцијални репрезентативци кои треба да бидат потпора на поискусните, но оние кои го носеа товарот претходните години, почнаа денеска. На првиот тренинг, Бајиќ објасни што очекува од македонската репрезентација во следниот период. „Се надевам дека ќе можеме да ги повториме резултатите од некоја не толку далечна иднина. Се што правевме од почетокот на моето преземање е со таа цел и јас од него не планирам да се откажам. Сакам репрезентацијата да се подмлади, да направиме некој план и…
Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо е стрелец бројот 1 на Европското првенство во фудбал, кое заврши синоќа во Лондон. Роналдо има пет гола, како и Патрик Шик од Чешка, но подобрите дополнителни индикатори му ја даваат круната на Португалецот. УЕФА го реши спорот во корист на sвездата на Јувентус, кој има уште една асистенција и тоа го прави победник. И додека до неодамна, со еднаков број на голови, играчите ја делеа индивидуалната награда, сега во случај на ист број на голови на двајца или повеќе фудбалери, УЕФА постави дополнителни критериуми. И тие стапуваат на сила на штотуку завршеното првенство. Првата…
МОК ја објави листата на спортисти кои ќе настапат на престојните ЛОИ во Токио. Конечната листа на најдобрите македонски спортисти – Олимпијци кои ќе настапат на одложените Олимписки игри ТОКИО 2020 (23 Јули – 8 Август 2021 година) е следната: Блажевска Еминова Миа – пливање 100 м. Бранковски Борјан – спортско стрелаштво 10 м. воздушен пиштол Георгиевски Дејан – таеквондо – +80 кгр Деркоски Филип – пливање 400 м. Јованоска Пулексенија – карате – Ката Нуров Магомедгаджи – борење слободен стил – 97 кгр Реџепи Арбреша – џудо – 52 кгр Стојоски Јован – атлетика 400 м. Првата група спортисти,…
Италијанската фудбалска репрезентација заработи 34 милиони евра за освојување на титулата на Европското првенство во фудбал. Англија заработи 30,25 милиони евра откако загуби по изведувањето на пенали во финалето на „Вембли“. УЕФА распредели рекорден награден фонд од 371 милиони евра на шампионатот, при што секоја од 24-те учеснички екипи има загарантиран бонус од 9,25 милиони евра, како и дополнителни бонуси за победи и нерешени резултати во групната фаза и за пласман во секоја од елиминациите рунди.
