Макс Верстапен по седми пат во својата кариера освои пол-позиција откако беше најбрз на денешните квалификации на патеката „Ред Бул Ринг“ во Австрија.
Возачот на Ред Бул, кој воедно е лидерот во генералниот пласман зад себе го остави Ландо Норис од Мекларен. Трето најбрзо време во овие квалификации оствари Серхио Перез кој заврши пред Луис Хамилтон и Валтери Ботас.
Пред утрешната трка во генералниот пласман води Макс Верстапен со 156 бода пред најголемиот ривал за титулата Луис Хамилтон кој има 138 бода. Трката за ГН на Австрија ќе се вози утре со почеток од 15:00 часот.