Author: riste

Играчот за врска Тони Крос наскоро ќе го објави заминувањето од репрезентацијата на Германија, објави „Билд“. 31-годишниот играч од сега сака да се концентрира на своите настапи во неговиот клуб Реал Мадрид. Вчера, Германија беше елиминирана во четвртфиналето на Евро 2020, откако загуби со 0:2 од Англија во Лондон. Крос ќе има скоро еден месец одмор пред да се подготви за новата сезона со Реал Мадрид. Искусниот играч за врска веќе изјави дека нема желба да игра фудбал до доцна во животот и планира релативно рано да ја заврши професионалната кариера. Крос има 106 натпревари и 17 погодоци за Германија,…

Read More

Иконата на светскиот фудбал, Лионел Меси е само на неколку часови од завршувањето на договорот со Барселона и да од тоа да стане слободен агент. Денес е последниот ден од неговиот договор со Барселона, каде тој е над 20 години. Информациите се дека напаѓачот сепак ќе остане на „Камп Ноу“ со нов договор, но тој сè уште не е потпишан, а тоа се очекуваше да се случи во изминатите неколку дена. Во моментов Лео Меси е со репрезентацијата на Аргентина на Копа Америка. Меси, кој наполни 34 години пред неколку дена, е во Барселона уште од дете. Тој беше привлечен…

Read More

Селекторот на Шведска, Јане Андерсон беше разочаран откако загуби со 1:2 од Украина во 1/8 финалето на Еуро 2020 и неговата селекција е елиминирана оа ова натпреварување. Уште полошо, тоа се случи со гол во дополнителното време во второто продолжение на натпреварот, секунди ги делеа од пенали. „Одигравме прилично добар натпревар. Во второто полувреме имавме шанса да решиме сè, но натпреварот влезе во продолжение, а по црвениот картон главно се браневме. Настапувавме добро, па затоа е уште понепријатно. Најтешко е чувството во фудбалот да се изгуби вака кога сте толку блиску до крајот“, изјави Андерсон. „После натпреварот сите бевме разочарани…

Read More

Селекторот на Украина, Андриј Шевченко беше воодушевен по пласманот на неговиот тим во четврт-финалето на Евро 2020. Синоќа Украина дојде до драматична победа над Шведска со 2:1 по продолженијата. Тренерот рече дека со овој настап неговите играчи ја заслужиле љубовта на целата земја. „Двете екипи играа добро. Беше интересен натпревар. Ниту еден од двата тима не сакаше да загуби, па на оваа драма и дојде крајот. Со овој перформанс и оваа посветеност, нашиот тим ја заслужи љубовта на целата земја. Знаевме дека ќе треба да почнеме силно уште од првата минута. Знаев кој може да не засили за време на…

Read More

Селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев призна дека има намера да се одмори по заминувањето од националниот тим. „После 15 години работа на ваква одговорна позиција, потребна е пауза. Ќе дојде време – и ќе најдете нова сила за нешто друго. Во моментов немам конкретни планови. Во однос на иднината на националниот тим, некои од овие играчи ќе го достигнат својот врв за време на Евро 2024. Тие ќе станат позрели, поискусни и нема да ги простуваат грешките на противникот“, изјави Јоаким Лев по натпреварот со Англија. Вчера, репрезентацијата на Германија се сретна со репрезентацијата на Англија во 1/8 финалниот…

Read More

Леванте на официјалната веб-страница го објави потпишувањето на договор со напаѓачот Роберто Солдадо. Договорот со 36-годишниот фудбалер важи до јуни 2023 година. Солдадо се приклучува на Леванте бесплатно, откако во Ла Лига беше исплатена сума од 1 милион евра за да го раскине тековниот договор со Гранада. Во сезоната 2020/21, Солдадо одигра 43 натпревари, постигна 14 гола и даде две асистенции. Напаѓачот играше за Гранада од 2019 година. Претходно играше за Виљареал, Тотенхем, Валенсија, Хетафе, Осасуна и Реал Мадрид. Во шпанското првенство што заврши, Леванте го зазеде 14-то место со 41 поен, додека Гранада го освои деветтото место со 46…

Read More

Српскиот дефанзивец Александар Коларов ќе го продолжи договорот со Интер од Милано до 2022 година. Ова го објави новинарот Николо Скира на својот профил на Твитер. Според изворот, платата на 35-годишниот играч во клубот ќе биде 1,5 милиони евра по сезона. Претходно беше објавено дека фудбалерот е интересен за Болоња и лично тренерот на тимот Синиша Михаиловиќ. Болоња беше подготвена да му понуди договор на играчот до 2022 година со можност за продолжување на уште една сезона. Во завршената сезона, Коларов играше за Интер, во кој одигра 11 натпревари и направи една асистенција. Договорот на играчот со клубот од Милано…

Read More

Голманот на Швајцарија кој беше јунак на осминафиналниот натпревар со Франција, Јан Зомер ја имаше можби својата најголема фудбалска вечер откако го одбрани решавачкиот петти пенал на Килијан Мбапе и го однесе неговиот тим во четвртфиналето на Евро 2020. Голманот објасни дека никој од неговите соиграчи не се предал откако во еден момент Франција водеше со 3:1, напротив веруваа во себе и успеаа да го израмнат резултатот на 3:3. „Каков натпревар ! Каква фудбалска вечер ! Конечно добивме шанса да го играме во четвртфиналето. Неверојатно е е се ова што се случуваше вечерва ! Игравме со срце и горд сум…

Read More

Селекторот на Украина, Андриј Шевченко зборуваше пред 1/8-финалната пресметка на ЕП 2020 против Шведска, дуел кој се игра вечерва во Глазгов. Според поранешниот напаѓач, нема фаворит или аутсајдер на натпреварот, а победник ќе биде поподготвената екипа во моментот. „Ние сме различни тимови, нашите стилови на игра не се исти. Убаво е што ќе имаме поддржувачи на стадионот. Украина има голема дијаспора во Велика Британија. Ќе се обидеме да ги израдуваме со позитивен резултат, но нема да ветувам ништо. Шведскиот тим има јасен стил, тие се добро подготвени, физички се силни и ги користат своите најдобри квалитети. Тие ја заслужуваат нашата…

Read More

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике го искажа своето задоволство по пласманот во четврт-финалето на Евро 2020. Шпанија ја победи Хрватска со 5:3 по продолженијата и ќе игра против Швајцарија која по подобро изведување на пенали го елиминираше актуелниот светски шампион – Франција. „Верувам во нашиот голман и момците. Успеавме да изградиме нов тим, но сепак растеме. Можеме да победиме и да загубиме од секого. Тоа беше неверојатен натпревар. Во еден момент бев загрижен дека ќе загубиме, но потоа се појави Алваро Мората и постигна одличен погодок. Среќен сум за него“, прокоментира Енрике. Тој не го критикуваше голманот Унаи Симон, кој…

Read More