Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Официјално: Хамилтон уште две сезони во болидот на Мерцедес
    Меѓународен микс

    Официјално: Хамилтон уште две сезони во болидот на Мерцедес

    risteBy riste03/07/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Заврши сагата околу иднината на седумкратниот светски шампион во Формула 1 – Луис Хамилтон.

    Официјално беше објавено дека Британецот потпиша нов, двегодишен договор со тимот на Мерцедес, за кој се натпреварува од 2013 година. Партнерството помеѓу Хамилтон и Мерцедес е едно од најплодните во историјата на шампионатот. Донесе вкупно 77 победи, 74 пол позиции, 44 најбрзи круга, 122 подиуми и шест светски титули на 165 трки.

    „Тешко е да се поверува дека работам со овој неверојатен тим веќе девет години, возбуден сум што ќе го продолжиме нашето партнерство уште две години. Заедно постигнавме многу, но сè уште имаме што да постигнеме и на патеката и надвор од неа. Благодарност до сите посветени и талентирани луѓе во Мерцедес, чија напорна работа овозможи раководството да продолжи да верува во мене. Влегуваме во нова ера на автомобили што ќе биде предизвикувачка и возбудлива и едвај чекам да видам што друго можеме да постигнеме заедно“, напиша Хамилтон на своите профили на социјалните мрежи.

    pic.twitter.com/r2EJzzW63c

    — Lewis Hamilton (@LewisHamilton) July 3, 2021

    Самиот Хамилтон пред неколку недели изјави дека би сакал да ја продолжи својата работа со Валтери Ботас, со кого верува дека имаат одлични односи.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.