Формула 1 возачот на Ред Бул, Макс Верстапен возеше трка без грешка и заслужено го освои првото место на трката за ГН на Штаерска која денес се возеше на „Ред Бул Ринг“.
Возачот на Ред Бул стартуваше од пол-позицијата место и возеше без грешка од почетокот до крајот на трката која се одржа во Австрија. Верстапен стартуваше прв и заврши прв, а зад себе ги остави двата болида на Мерцедес, управувани од Луис Хамилтон и Валтери Ботас.
Четвртото место во Австрија му припадна на Серхио Перес, а потоа следеа Норис, Сајнц, Леклерк, Штрол, Алонсо и Куонда, кои освоија бодови на оваа трка. Веќе наредниот викенд не очекува нова трја од Ф1 шампионатот, имено на 4 јули, исто така во Австрија, повторно на патеката „Ред Бул Ринг“ се вози втората трка на оваа патека.

