Матс Хумелс и Илкај Гундоган го одработиле целосно денешниот тренинг со германската репрезентација, а Томас Мулер е сè уште под знак прашање за последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство против Унгарија, кој се игра утре вечер. Тројцата го пропуштија тренингот во понеделникот, а Милер денес одржа индивидуална сесија во кампот Германија. Sвездата на Баерн има болка во коленото и медиумите во земјата очекуваат тренерот Јоаким Лев да го чува за следната фаза на ЕП. Тој треба да биде заменет со Леон Горетцка или Тимо Вернер. Хумелс, дефанзивецот на Борусија Дортмунд, ќе биде на располагање на Јоаким Лев по…
Author: riste
Натпреварот со Холандија беше посебен за нашата репрезентација, но пред се за нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев кој гоодигра последниот натпревар во дресот на нашата селекција. „Возбуден сум и благодарен за цела Македонија. 20 години носење на овој дрес беше посебна чест и гордост. Одигравме добро ЕП, но ни фалеше тоа искуство. Ни фалеше многу малку, за да направиме добар резултат. Вечно ќе се сеќаваме на овие денови. Што се однесува до оној старт на Блинд, добив удар, но Холандија е фаворит и домаќин и нормално судиите да се наклонети кон неа. Ние и на овој меч го дадовме максимумот,…
Селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски по натпреварот со Холандија на прес-конфернцијата даде своја кратка анализа за настапот на нашата репрезентација на ЕП. „Кога ќе се намалат емоциите ќе дадеме генерална оценка. Можам само да кажам дека беше задоволство да се води Македонија на Европско првенство и заедно со навивачите да се преставиме на Европа. Не треба да бидеме разочарани, ние го пробибавме „мразот“ и одигравме добро иако не освоивме бодови. Сакам да искажам благодарност до мојот стручен штаб и медицинскиот персонал, на фудбалерите, предводени од Горан Пандев, вам новинарите и на крај на моето семејство. Ова се моменти кои…
По натпреварот еден од најискусните во редовите на нашата репрезентација Иван Тричковски им се заблагодари на сите што му овозможија на негова возраст да заигра на едно ЕП. „Ова искуство беше посебно за сите. Секој од нас треба да биде горд и задоволен за сè што направија на овој шампионат. Овие момци заслужуваат да бидат тука, оваа младина е иднината на Македонија. Горд сум на сите нив што ми овозможија на оваа возраст да заиграм на едно ЕП. Никој не сакаше да биде вака, но тоа е фудбалот. Може ако првиот гол ни беше признат, натпреварот ќе беше подруг. Сепак, сè на…
Македонската фудбалска репрезентација го одигра последниот натпревар на својот деби настап на Евро 2020. Поразени од селекцијата на Холандија со 3:0 иако мора да се признае дека нашата репрезентација заслужи да постигне гол на оваа средба затоа што имаше неколку шанси, погодена статива и поништени голови. Натпреварот почна добро за нашата репрезентација со првата шанса за гол која ја имаше Тричковски во 10.минута кога постигна гол, но истиот беше поништен поради офсајд. Втората убава шанса Македонија ја имаше прекуи Трајковски кој ја погоди стативата од голот на Холандија, а веднаш потоа Холандија успеа да дојде до предност со 1:0 откако…
Поранешниот играч за врска на Милан, Хакан Чалханулу призна дека ќе се пресели во Интер. „Да, постигнав договор со клубот. Утре ќе летам за Милано и ќе го потпишам мојот договор“, откри турскиот репрезентативец за ТРТ Спорт. Фудбалерот роден во Германија го засилува шампионот на Италија како слободен агент. Неговиот договор ќе биде на три сезони со плата од 5 милиони евра + 1 милион бонуси. Чалханулу помина четири години во Милано, за што клубот плати 24 милиони евра на Баер (Леверкузен).
Францускиот напаѓач Антоан Гризман го постигна седмиот гол во кариерата на завршницата од европските фудбалски шампионати и се изедначи со легендата на Англија, Алан Ширер, на третото место на вечната листа на голгетери. Фудбалерот на Барселона го изедначи резултатот на мечот на светскиот шампион против Унгарија (1:1) на Еуро 2020. Гризман и Ширер, се стрелци на головите на Еуро 1996 и ЕП 2016, имаат по седум погодоци. Лидер на оваа листа на стрелци е Кристијано Роналдо со 12 голови, а го следи легендарниот француски репрезентативец Мишел Платини со 9. Топ 10 стрелци на головите во историјата на ЕП: Кристијано Роналдо…
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп беше разочаран од ремито 1:1 на гостувањето кај Унгарија од Евро 2020, но рече дека неговиот тим треба да го прифати резултатот. „Во првото полувреме, кога требаше да поведеме, примивме гол од нивната единствена шанса. Оваа поддршка на стадионот им даде сила. Тие се бранеа многу добро, како што го правеа тоа против Португалија до 83. минута. Тоа е еден поен. Очигледно не она на што се надевавме, но со оглед на целата ситуација ќе го прифатиме тоа како и да е. Имавме одлични можности во првото полувреме. Требаше да водиме, но не успеавме. Тоа…
Капитенот на Франција, голманот Уго Лорис рече дека треба да бидат задоволни од нерешениот резултат со Унгарија во однос на се што се случуваше на натпреварот. Избраниците на Дидие Дешамп израмнија во второто полувреме и натпреварот заврши 1:1. „Дешамп ни рече да останеме позитивни. Со оглед на развојот на натпреварот, мора да бидеме задоволни од ремито. На вакви натпревари, кога противникот води, тоа ги комплицира работите. Тие беа добро организирани“, изјави Лорис. „Секако дека сме разочарани, но мора да останеме позитивни. Имавме добра ситуација во првото полувреме. Го промашивме последниот удар. Сега сме сконцентрирани на мечот со Португалија“, додаде Уго…
Тимот на Ред Бул и нивниот возач Макс Верстапен ќе ја имаат пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Франција. Верстапен имаше најдобро време во денешните квалификации, а зад себе го остави актуелниот шампион Луис Хамилтон кој ќе стартува од втората позиција, додека трет беше неговиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас. Во Ред Бул можат да бидат задоволни и од пласманот на Серхио Перез, победникот на последната трка во Азербејџан, кој квалификациите ги заврши на четвртото место и ќе стартува од вториот ред заедно со Ботас. Возачот на Ферари, Карлос Саинц имаше петто време во квалификациите, додека Пјер Гасли…
