Тимот на Ред Бул и нивниот возач Макс Верстапен ќе ја имаат пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Франција.
Верстапен имаше најдобро време во денешните квалификации, а зад себе го остави актуелниот шампион Луис Хамилтон кој ќе стартува од втората позиција, додека трет беше неговиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас.
Во Ред Бул можат да бидат задоволни и од пласманот на Серхио Перез, победникот на последната трка во Азербејџан, кој квалификациите ги заврши на четвртото место и ќе стартува од вториот ред заедно со Ботас.
Возачот на Ферари, Карлос Саинц имаше петто време во квалификациите, додека Пјер Гасли од тимот на Алфа Таури беше шести. Најдобрите десет ги комплетираа Шарл Леклерк, Ландо Норис, Фернандо Алонсо и Даниел Рикардо.
Трката за ГН на Франција ќе се вози утре со почеток од 15 часот.