Author: riste

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед и Англија, Маркус Рашфорд планира да биде опериран по завршувањето на Европското првенство, а со тоа би можел да го пропушти почетокот на следната сезона 2021/2022, тврди „Мирор“. Рашфорд (23) има повреди на стапалото и рамото, но најверојатно ќе биде опериран само на ногата. И покрај здравствените проблеми, напаѓачот одигра 57 натпревари за Манчестер Јунајтед во последната сезона, во која постигна 21 гол и 15 асистенции. На Евро 2020, кое започнува на 11 јуни, Англија е во група со светскиот вицешампион Хрватска, Шкотска и Чешка.

Read More

Македонија и Финска се дебитанти на престојното ЕП во фудбал, а впрочем овие две репрезентации се сметаат за најголеми аутсајдери на ова Европското првенство. Како на Македонија , така и на Финска им се дава мала шанса за изненадување на овој фудбалски собир, додека како главни фаворити за освојување на трофејот се сметаат други репрезентации. Букмејкерите сметаат дека најмали се шансите Македонија и Финска да направат сензација, но затоа главната фаворитска улога им ја даваат на Белгија, Англија, Шпанија и Германија, како и бранителот на титулата Португалија. Во групата заедно со Холандија, Украина и Австрија, нашите репрезентативци се со најмали шанси…

Read More

Одбојкарската репрезентација на Македонија денес го игра финалето на завршниот турнир од Европската сребрена лига, што се игра во салата „Парк“ во Струмица, а противник за златниот медал ќе и биде Данска. Македонија беше подобра во првото полуфинале од Хрватска со 3:2, додека Данска синоќа во вториот полуфинален натпревар ја совлада Унгарија со 3:1. Финалниот натпревар за златниот медал се игра вечер во Струмица со почеток во 20 часот, а претходно од 17 часот во борбата за бронзениот медал ќе се сретнат репрезентациите на Унгарија и Хрватска. Нашите одбојкари и вечерва ќе ја имаат поддршката од публиката која според протоколите…

Read More

Ракометната репрезентација на Македонија ќе одигра пријателски натпревари со репрезентацијата на Србија, а селекторот Кирил Лазаров денес објави нов список на ракометари кои ќе конкурираат за настап на овие средби. На скратениот список нема дури 11 имиња од претходниот избор на Кире Лазаров. Против Србија, двата дуели ќе се одиграат во Ниш, а тие се закажани за 19 и 20 јуни. Список на Македонија за дуелите против Србија:1. Марко Козиќ (Вардар 1961)2. Даниел Ѓорѓески (Металург) 3. Андреј Петковски (Голден Арт КЛ7) 4. Михаил Аларов (Пролет)5. Кристијан Симоновски (Голден Арт КЛ7) 6. Марко Стојковиќ (Голден Арт КЛ7 ) 7. Стефан Атанасовски (Вардар…

Read More

Дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд е исклучен од составот на Англија за Европското првенство 2020 и ќе го пропушти ова натпреварување, објави „Би-Би-Си“ 22-годишниот фудбалер се здоби со повреда на бутот на неодамнешниот пријателски натпревар против репрезентацијата на Австрија кој заврши 1:0. Пред тоа, во повеќе наврати беше објавувано дека Трент нема да биде вклучен во списокот на репрезентацијата за ЕУРО 2020, но тој беше вклучен во проширената листа, а потоа, работејќи на тренинг кампот, го убеди стручниот штаб дека треба да оди на ЕУРО. Трент Александар-Арнолд се очекува да паузира најмалку шест недели. Репрезентацијата на Англија во групната фаза…

Read More

Новиот фудбалски шампион на Европа, екипата на Челзи по освојувањето на титулата во Лигата на шампионите се одлучи веднаш да ја продолжи соработката со тренерот Томас Тухел. Германскиот тренер ја продолжи соработката со лондонскиот клуб до 2024 година. Тоа беше потврдено на официјалната страница на клубот од Лондон. Веднаш почнаа и шпекулации околу тимот со кој што ќе располага Томас Тухел наредната сезона. Планот е да се направи одреден ремонт и да се зголеми конкуренцијата, со цел да се направи напад на трофејот во Премиер лигата. Ретко кој веруваше дека по промената на тренерската позиција на средна од сезоната ,…

Read More

РК Вардар 1961 денес го промовираше својот нов тренер, добро познато има на македонската ракометна јавност. Црногорскиот стратег Веселин Вујовиќ и официјално седнува на клупата на Вардар и ќе го наследи Стевче Алушовски, а амбициите ќе останат исти како и оваа сезона. „Ова е моја трета етапа во Вардар, се надевам дека ќе биде успешна. Од моето заминување од Вардар, до враќањето, се случија сјајни работи. Мојот однос кон Вардар никогаш не се смени. Во меѓувреме, Вардар двапати беше европски првак, што е нешто незамисливо на овие балкански простори и направен е фантастичен резултат. Вардар е бренд во Европа, сите…

Read More

Фудбалската репрезентација на Македонија е поразена на тест натпреварот против Словенија со убедливи 3:0. На мечот кој беше одигран во Терме Чатеж, Македонија буквално го загуби натпреварот ушет во првите неколку минути од натпреварот кога Словенија дојде до брзо водство од 2:0. Матко во 2.минута и Прелец во 7.минута и донесоа предност на Словенија, додека на минута пред крајот на првиот дел Светлин зголеми 3:0 со кои се отиде на одмор. Во вториот  дел Македонија се обиде да го намали резултатот, но не успеа во тоа, а од 76.минута играше и со играч помалку поради исклучувањето на Илиевски. Ова беше…

Read More

Арсенал на својата официјална веб-страница објави заминување на неколку играчи на крајот на сезоната 2020/2021. Голманот Метју Рајан, дефанзивецот Давид Луиз, играчите од средниот ред Дани Себаљос и Мартин Одегард го напуштаат Арсенал. Шпанецот и Норвежанецот играа за Арсенал на позајмица, а имаат договори со Реал Мадрид. „Им благодариме на наведените играчи за придонесот во клубот за време на нивните постојани договори или позајмица. Вие секогаш ќе бидете дел од семејството Арсенал и ви посакуваме се најдобро, здравје, среќа и успех во иднина“, напиша прес-службата на Арсенал. Во сезоната што заврши, „топџиите“ завршија на осмото место на табелата во англиската…

Read More

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос нема иднина во тимот, пишува „АС“. Според весникот, 35-годишниот фудбалер ги влошил односите со управата на клубот, особено со претседателот Флорентино Перез. Првиот човек на Реал Мадрид не е задоволен од постапките на Серхио, кој ги повика своите соиграчи да одбијат да ги намалат платите за 10 проценти. Реал ги праша играчите за тоа во услови на финансиски потешкотии поради пандемијата на коронавирусите, но Рамос беше убеден дека клубот сака да заштеди пари за да го купи напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе. Исто така е објавено дека продолжувањето на договорот на Серхио Рамос со…

Read More