Серхио Перез од Ред Бул е победник на трката за ГН на Азербејџан откако го искористи лошиот ден на својот колега Макс Верстапен, а подоцна и грешката на Луис Хамилтон.
Верстапен беше пред победа на оваа трка, но на четири круга до крајот остана без пласман, кога пукна неговиот пневматик и удри во заштитниот ѕид. Трката беше прекината и имаше повторен рестарт, а тоа можеше да го искористи Луис Хамилтон, но на повторениот старт на два круга до крајот, Британецот направи грешка и излета од патеката во првиот завој и со тоа остана без бодови.
Второто место му припадна на Себастијан Фетел од Астон Мартин, додека на третото место на подумот место имаше за Пјер Гасли од Алфа Таури.
Макс Верстапен ја задржа предноста пред Луис Хамилтон на врвот во генералниот пласман, а следната трка ќе се одржи наредната недела на патеката во Канада.