Author: riste

Македонските одбојкари на најдобар можен начин ѝ се реваншираа на Данска за поразот од пред пет дена во Струмица и со идентични 3:0 прокнижија нови бодови во Шлагелсе во рамките на ЦЕВ Сребрената европска лига. Во дуелот од четвртото коло во групата А , Македонија освои нови бодови со што нашите одбојкари покажаа дека може квалитетно да одиграат и на гостински терен и да слават на убедлив начин.  Првиот сет беше изедначен, Македонија сепак успеа да го добие со 25:23. Во вториот сет Македонија направи добра серија и успеа да се одлепи и предноста да ја зголемува за нависоките 25:17).…

Read More

Интер ризикува да се раздели со некои од клучните играчи ова лето, но Алесандро Бастони нема да биде меѓу нив. Централниот дефанзивец потпиша нов договор со Интер до 2024 година. Бастони стана столб на одбраната под водство на Антонио Конте и ја имаше главната заслуга за освојувањето на титулата минатата сезона. Преговорите за неговиот нов договор беа одложени за некое време, но на крајот сепак се е договорено. Бастони одигра 33 натпревари оваа сезона во Серија А, а од влегувањето во првиот тим на Интер има 74 настапи на официјални натпревари. Тој е исто така репрезентативец на Италија. 22-годишниот дефанзивец…

Read More

Дефанзивецот Давид Алаба и официјално е нов играч Реал Мадрид. Тој го напушта Баерн (Минхен) бидејќи му истекува договорот и пристигнува во шпанскиот гигант како слободен агент. Веста официјално ја објави шпанскиот гигант. 28-годишниот австриски репрезентативец потпиша 5-годишен договор со својот нов клуб. Тој ќе добие 12 милиони евра по сезона на „Сантијаго Бернабеу“. Реал го објави трансферот денес, но додаде дека играчот ќе биде официјално претставен по завршувањето на Европското првенство. Тој одби голем број понуди за да стане играч на Реал Мадрид. Интерес за него имаше од Ливерпул, Манчестер Сити, Јувентус, Интер и ПСЖ. Алаба пристигна во Баерн…

Read More

Хамес Родригез нема да настапи за Колумбија во квалификациите за СП во јуни и за целиот турнир од Копа Америка. Плејмејкерот на Евертон е повреден, но репрезентацијата не ја откри природата на неговата повреда. Тој пропушти неколку натпревари во Англија со болка во мускулот. „Во последниве денови, Хамес Родригез помина неколку медицински тестови и открија дека не е во оптимална форма. Поради оваа причина, Хамес отпадна од списокот на селекторот Рејналдо Руеда”, соопшти фудбалска федерација на Колумбија. Колумбија игра на светски квалификации со Перу и Аргентина на 3 и 8 јуни. Копа Америка започнува на 13 јуни, а Колумбија ја…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека резултатот од утрешното финале во Лигата на шампионите против Челзи нема да ја смени неговата иднина на кој било начин. Последните денови се шпекулираше дека претседателот на Барселона, Жоан Лапорта се надева дека ќе успее да го убеди Пеп Гвардиола да се врати на „Камп Ноу“ по утрешниот натпревар. „Јас точно знам како сакаме да играме и против кого играме. Неверојатна привилегија е да се биде тука. Лично, кога ја започнав мојата кариера, никогаш не очекував да бидам во финалето на Лигата на шампионите. И сега сум во уште едно повторно. Секој…

Read More

Јувентус на својата официјална веб-страница го објави назначувањето на Масимилијано Алегри на функцијата главен тренер на тимот. Деталите за договорот не беа прецизирани, но беше соопштено дека тој ќе биде за наредните четири години. Како предводник на „бјанконерите“, италијанскиот тренер го заменува досегашниот тренер Андреа Пирло, кој беше отпуштен денес. Алегри беше без работа откако се повлече од Јувентус во 2019 година. На чело на Јувентус беше од 2014 година. Под негово водство, тимот од Торино стана шампион на Италија пет пати, освои четири Куп титули и два Суперкупа на Италија и двапати стигна до финалето во Лигата на шампионите,…

Read More

Црногорскиот интернационалец Мирко Радовиќ и следната сезона ќе го носи дресот на РК Еурофарм Пелистер. И покрај тоа што конкуренцијата ќе се зголеми со тоа што во клубот од Битола потпиша Хрватот, Јосип Божиќ Павлетиќ, искусното крило, кое добро игра и како бек, доби договор на уште една сезона. „РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека постигна согласност за нов договор со ракометарот Мирко Радовиќ. Десното крило на црногорската репрезентација и во сезоната 2021/22 ќе го носи дресот на битолскиот суперлигаш. Обновувањето на договорот на една сезона доаѓа на обострано задоволство и клубот ќе го официјализира со церемонија во клупските…

Read More

Масимилијано Алегри се враќа во Јувентус. Според „Скај Италија“, Јувентус постигнал договор со тренерот, а денес се очекува да биде објавено дека Андреа Пирло ќе биде е отпуштен. Алегри освои пет последователни титули во Италија со Јувентус помеѓу 2014 и 2019 година. Тој имаше недоразбирање со спортскиот директор Фабио Паратичи и тоа беше една од причините што ја напушти позицијата. Паратичи го напушта клубот на крајот на месецот, што го елиминира овој проблем. Алегри е заинтересиран за Реал Мадрид и Интер. Сепак, Алегри е уморен од чекање за понудата од Шпанија. Интер е заинтересиран за Алегри, но ситуацијата во клубот…

Read More

Она што синоќа беше најавено, веќе стигна и официјализација. Зинедин Зидан повеќе не е тренер на Реал Мадрид. Францускиот фудбалски стратег го имаше вториот период на клупата на клубот од кој заминува како еден од најуспешните во историјата. Преку објавување на соопштение, Реал Мадрид упати благодарност до Зинедин Зидан и ја појасни ситуацијата. Заминувањето на стручњакот е по негово лично барање, а клубот не се противеше и договорот беше спогодбено раскинат. Кралскиот клуб остана без освоен трофеј оваа сезона, откако беше елиминиран во полуфиналето од Лигата на шампионите од Челзи, во Ла Лига заврши на втората позиција зад Атлетико Мадрид,…

Read More

Пред почетокот на ЕП во фудбал, Македонија останува на 62-то место на ФИФА ранг-листата. Имено нашата најдобра фудбалска репрезентација за месец мај се најде на 62-то место на ФИФА листата, а тоа значи дека не сме се помрднале од ова место во однос на месец април кога бевме исто на 62-та позиција. Ова е сосема логично и очекувано, затоа што во изминатиот период немаше репрезентативни активности. Во месец јуни сигурно е дека ќе има поместувања затоа што на 11 јуни стартува ЕУРО 2020 на кое ќе учествува и Македонија, а секој позитивен резултат може да не искачи некоја позиција погоре.…

Read More