Формула 1 возачот на Мерцедес Луис Хамилтон беше најбрз на денешните квалификации и ќе стартува од првото место на трката за Големата награда на Шпанија која се вози на патеката „Каталуња“.
Актуелниот шампион во Ф1 шампинатот од минатат година успеа зад себе да ги остави конкурентите и дојде до 100-тата пол-позиција во кариерата.
Зад него ги остави Макс Верстапен и Валтери Ботас, кои ќе стартуваат од второто и третото место на утрешната трка. По нив следат Чарлс Леклер, Себастијан Окон, Карлос Сајнц, Даниел Рикардо, Серхио Перез, Ландо Норис и Фернандо Алонсо.
Хамилтон со оваа своја 100-та пол-позиција испиша историја во формула 1 и стана првиот возач на кого му успеало да дојде до такво достигнување.

Трката за Големата награда на Шпанија на патеката „Каталуња“ се вози в недела од 15:00 часот.

