Author: riste

Реал Мадрид ќе ја преиспита стратегијата за потпишување на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе. По распадот на Суперлигата, Реал мора да најде нов начин да го попречи новиот договор на Мбапе со ПСЖ. Доколку се спроведеше проектот Суперлига, Реал Мадрид ќе можеше веднаш да го купи Мбапе за голема сума, но сега тие се принудени да бараат други начини за потпишување со Французинот. Во исто време, напаѓачот веќе три пати ја одбиваше понудата на Парижаните за нов договор. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез претходно ги сподели своите очекувања за летниот преоден рок. Перез изјави дека ова лето неговата екипа…

Read More

Крилото Осман Дембеле во оваа фаза одбива да го продолжи договорот и ова сериозно го загрижува раководството на Барселона. Договорот на Французинот истекува во 2022 година, а клубот сака да го продолжи за уште три сезони. „Радио Каталуња“ тврди дека Дембеле бил навреден од челниците на Барселона кои се обиделе да го продадат минатото лето. Тогаш Барса се надеваше дека ќе земе пари за крилниот напаѓач, но не доби доволно добри понуди. Иако честопати е повреден, Дембеле придонесе за некои од најважните победи на Каталонците оваа сезона. 23-годишниот фудбалер во моментов не му е достапен на Роналд Куман поради повреда.…

Read More

Дефанзивецот на Челзи, Цезар Аспиликуета е трансферна цел на Атлетико Мадрид, откриваат медиумите во Шпанија. 31-годишниот фудбалер, кој е и капитен на „сините“ од Лондон, има договор до 2022 година, но сè уште не го продолжил. Доколку преговорите меѓу двете страни се одолговлекуваат, другите тимови ќе гледаат на ова како можност за ангажирање на искусниот дефанзивец. Диего Симеоне е загрижен за честите повреди на Хозе Хименез, а Марио Хермозо, Фелипе и Стефан Савиќ не се константни во нивните настапи. Привлекувањето на Аспиликуета би било одличен потег, но Челзи нема лесно да се раздели со еден од своите лидери. Аспиликуета потекнува…

Read More

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли изрази надеж дека вториот последователен пораз на тимот нема да биде кобен за пласман во топ 4 од Серија А. Милан доживеа тежок пораз со 0:3 од Лацио и паднаа на петтото место на табелата, иако пред почетокот на 33.коло беа второпласирани. „Како што често се случува на овие натпревари, противникот беше поефикасен од нас во одлучувачките моменти. Пред паузата игравме добро и можевме да израмниме. Очекував повеќе од тимот затоа што ги имаме сите квалитети да покажеме врвен фудбал. После вториот голот на Лацио стана многу потешко“, објасни Пиоли. „Ние сме добра екипа. Доживеавме…

Read More

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ и напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку се казнети за меѓусебниот инцидент кој го имаа во четврт-финалето на Купот на Италија, објави „Фудбал Италија“. Според изворот, Ибрахимовиќ ќе треба да плати 4.000 евра, додека Лукаку ќе плати 3.000 евра парична казна. Милан и Интер исто така беа казнети со 2.000 и 1.200 евра, за неможноста да ги контролираат сопствените играчи. Забележано е дека и двајцата играчи ќе донираат пари во добротворни цели. Да потсетиме, на крајот на првото полувреме од тој натпревар, дефанзивецот на Милан, Алесио Ромањоли го фаулираше Лукаку, што предизвика незадоволство на Белгиецот. Ибрахимовиќ…

Read More

Иако Месут Озил го напушти Арсенал и се приклучи на Фенербахче во јануари, англискиот клуб сепак исплаќа над 90% од неговата плата. Според медиумите во Англија, лондончани ќе продолжат да го прават тоа до крајот на јуни, кога ќе истече договорот на играчот за врска со „топџиите“. Платата на Озил беше 350.000 фунти неделно, а тој некако успеа да постигне таков договор со Арсенал, според кој ќе добие околу 315.000. Останатите 35.000 ќе ги преземе неговиот нов клуб Фенербахче. Се вели дека од следната сезона Озил ќе добива по 68.000 неделно во турскиот гигант, а потоа Арсенал ќе биде ослободен…

Read More

Познат е судискиот тим, кој ќе го воси првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА, ПСЖ – Манчестер Сити. Средбата на ПСЖ со Манчестер Сито ќе ја судат тим на судии од Германија предводени од Феликс Брих. Во тимот ќе учествуваат асистенти Марк Борш и Стефан Луп. Со ВАР ќе управува Марко Фриц, потпомогнат од Бастијан Дакерт. Резервен судија – Даниел Зиберт. Првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите ПСЖ – Манчестер Сити ќе се одигра на 28 април на стадионот „Парк на принцовите “ во Париз. Средбата се игра во стандардниот термин од 21.00 часот,…

Read More

Реал Мадрид објави на својот официјален Твитер профил список на играчи кои ќе конкурираат за настап на мечот со Челзи во полуфиналето од Лигата на шампионите. Играчот за врска Федерико Валверде, на кого неодамна му беше дијагностициран коронавирус, нема да им помогне на своите соиграчи за претстојниот натпревар. Целосен список на играчи: Голмани: Куртоа, Лунин, Алтубе. Одбрана: Карвахал, Милитао, Варан, Начо, Марсело, Одриозола, Мигел. Среден ред: Крос, Модриќ, Каземиро, Иско, Арибас, Бланко. Напад: Азар, Бензема, Асенсио, Винисиус Жуниор, Маријано и Родриго. Натпреварот Реал Мадрид – Челзи ќе се одигра утре на 27 април на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид.…

Read More

Претседателот на Баерн (Минхен) Карл-Хајнц Румениге откри дека управата на клубот ќе седне на разговори со тренерот Ханзи Флик. Клубот се надева дека тренерот кој минатата сезона го водеше тимот до сите можни трофеи ќе остане на клупата на нивниот тим. Минатата недела Флик објави дека сака да го напушти Баерн Минхен. Една од причините е неговата желба да ја преземе германската репрезентација по Европското првенство, кога Јоаким Лев ќе поднесе оставка. Другата причина е поврзана со неговите затегнати односи со спортскиот директор Хасан Халихамиџиќ. „Се согласивме да седнеме на разговори по натпреварот со Мајнц. Ако ја задоволиме желбата на…

Read More

Познат е судискиот тим, кој ќе го води првиот натпревар од 1/2 финалето во Лигата на шампионите на УЕФА, Реал Мадрид – Челзи. Оваа информација веќе ја објави УЕФА на својата официјалната веб-страница. Средбата на мадридскиот тим со лондончани ќе ја суди тим на судии од Холандија, предводени од Дани МекКели. Во тимот ќе бидат асистентите Хесел Стегстра и Јан де Врис. ВАР ќе го води Кевин Блом, потпомогнат од Јохем Камфус. Резервен судија е Израелецот Гринфилд. Првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Челзи ќе се одигра на 27 април на стадионот „Алфредо ди…

Read More