Клубовите основачи на Суперлигата очекуваат да имаат огромни приходи од учеството во новоформираното натпреварување. Тие најавија дека секој од нив ќе добие по 350 милиони евра при формирањето на натпреварувањето и дека нивните очекувања се дека тоа ќе им гарантира приходи од 10 милијарди евра годишно. „Газета дело Спорт“ направи студија која покажува дека Милан, Интер, Јувентус, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Арсенал, Челзи, Тотенхем, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Ливерпул имаат голема потреба од огромни приходи, а сето тоа е врз база на нивните вкупни долгови кои изнесуваат 7,7 милијарди евра. Најголема е онаа на Челзи, а најмала е…
Author: riste
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список на ракометари на кои ќе смета за последните два квалификациски меча од циклусот за ЕП 2022 против Финска и Швајцарија. На списокот се наоѓаат 35 ракометари, а Лазаров реши да повика шест нови имиња меѓу оние кои кандидираат за настап во нашата најдобра репрезентација. Нови имиња на овој список се голманот Васил Гогов кој има искуство со Вардар во ЛШ, крилото Дарко Кондев од Тиквеш, како и бековите Марко Стојковиќ (Голден Арт КЛ7), Давид Саврески (Работнички), Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер 2) и Марко Митев (РК Бутел). Ракометната селекција на Македонија прво ќе гостуваат…
КФСМ денес на прес-конференција го промовираше новиот селектор на кошаркарската репрезентација Драган Бајиќ кој ќе ја предводи машката кошаркарска репрезентација, а доаѓа на местото на Александар Тодоров на кого раководството на КФСМ не му понуди нова соработка, откако имаше неуспешните квалификации за ЕП. Драган Бајиќ е петтиот странец, кој седнува на клупата на нашиот национален тим, а ќе има за задача да ги мине претквалификации за СП, а потоа и да ја врати Македонија на ЕП, каде последен пат игравме во 2015 година. Новиот селектор на кошаркарската репрезентација во моментов е тренер на Игокеа, со која оваа сезона во АБА-лига…
Жозе Мурињо веќе не е тренер на Тотенхем. Клубот одлучил да се раздели со Португалецот кој не ги оправда очекувањата во тековната сезона. Оваа информација доаѓа од англиските медиуми како големо изненадување. Поранешниот англиски фудбалер рајан Мејсон ќе ја преземе неговата улога до крајот на сезоната. Позицијата на Мурињо сериозно се разниша по елиминацијата во Лигата на Европа од Динамо Загреб, но и неубедливите резултат во Премиерлигата. Последните изјави на Мурињо околу карактерот на неговите играчи помогнаа Даниел Леви да ја донесе оваа одлука да му даде отказ на еден од најуспешните менаџер во историјата. За само една недела Тотенхем треба да игра…
Голманот на Ајакс од Амстердам, Андре Онана е близу до напуштање на клубот. Ова го пренесува „ESPN“ по разговорот со техничкиот директор на клубот, Марк Овермарс. „Преговорите се стопирани. Можеби тој ќе се обиде да замине во јули. Штета е што не го решивме ова прашање“, рече Овермарс. Во февруари, Онана беше суспендиран на една година поради кршење на антидопинг правилото. Оваа сезона, Камерунецот одигра 26 натпревари во сите натпреварувања, прими 22 гола и го сочува својот гол недопрен на девет натпревари. Во март, Трансфермаркт го состави список на највредни фудбалери надвор од најдобрите 5 европски лиги. Двајца играчи на…
Манчестер Сити планира да му понуди нов договор на својот играч за врска Фил Фоден, објави весникот „Мирор“. Овој 20-годишник оваа сезона има постигнато 13 голови и девет асистенции на 42 натпревари. Според изворот, клубот има намера да го продолжи рокот на договорот на Фоден за две сезони – до летото 2026 година и да ја зголеми за повеќе од тројно платата на играчот – од 30 000 на 100 000 фунти неделно. Фил Фоден го постигна победничкиот гол во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд. Тој стана вториот фудбалер кој постигнал гол во две четврт-финалиња…
По последниот натпревар од 31.коло во италијанската Серија А, во кој Интер одигра нерешено со Наполи 1:1 забележан е еден интересен рекорд во Серија А. Благодарение на овој бод, Наполи стана 5-от клуб во италијанскиот шампионат, кој по 31-то коло успеа да освои најмалку 60 поени. Според ОптаПаоло на Твитер , ова е историска личност. Претходно во историјата на Серија А, откако беше воведен системот за три поени во 1929 година, 5 клуба одеднаш не ја надминаа границата од 60 поени до 31-то коло. Да потсетиме, на табелата води Интер со 75 бода. Следат Милан (65), Аталанта (64) и Јувентус…
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд ги процени шансите на тимот да ја освои англиската Премиер лига оваа сеозна. Вчера, Гринвуд постигна два гола против Барнли (3:1) и беше најзаслужен за победата на неговата екипа. „Никогаш не можете да бидете целосно сигурни во ништо. Манчестер Сити сè уште може да се сопне. Треба да се концентрираме на следните натпревари. Сè е можно. Се надевам дека тие сепак ќе губат бодови, но нема да размислуваме за нивните натпревари. Знаев дека ќе дојдат моите голови и продолжив да работам напорно. Ги искористив моите можности. Драго ми е што играм многу. Тренерот ми…
Преговорите меѓу Барселона и францускиот играч за врска Осман Дембеле се дојдени во ќорсокак, информираат медиумите во Шпанија. Клубот во неколку наврати испрати нацрт-договор до луѓето околу Французинот кои ги водат неговите работи, но не е добиен одговор. Според информациите, Каталонците сакаат да го задржат Дембеле уште три години по истекот на неговиот сегашен договор летото 2022 година. Французинот неодамна изјави дека сака да остане во Барселона. Тој исто така доби информација дека нема да ја има истата плата на друго место. Доколку Дембеле го одбие новиот договор, тој ќе биде ставен на трансфер листата. Барселона се надева дека доколку…
Кевин Де Бруин заработи повреда на скочниот зглоб и не можеше да помогне до крајот на средбата со Челзи во полуфиналето на ФА Купот. Белгискиот офанзивец ја напушти играта во 48. минута, кога побара лекарска помош. Според првичните имформации, состојбата на 29-годишникот не е добра. По еден дуел со Н’Голо Канте играчот на Манчестер СИти се пожали на болка во скочниот зглоб, а денес беше објавено дека тој ќе мора да пропушт неколку важни натпревари во претстојниот период. Манчестер Сити се надева дека ќе може да смета на Де Бруин за полуфиналните дуели против ПСЖ во Лигата на шампионите. Претходно…
