Author: riste

Челзи е уште еден клуб кој се приклучи во трката за потписот на Никола Миленковиќ од Фиорентина. 23-годишниот Србин е еден од најбараните играчи за претстојниот преоден рок. Досега, неговото име најчесто се поврзуваше со Манчестер Јунајтед и Ливерпул, но другите тимови внимателно ја следат ситуацијата околу него, а еден од нив е Челзи, пренесува „Тутомеркато“. Меѓутоа, неодамна, интересот на Манчестер Јунајтед и Ливерпул  малку се олади по неколку неубедливи настапи на Миленковиќ со репрезентацијата на Србија. Сепак, ова не им пречи на газдите на „Стемфорд Бриџ“, за кои привлекувањето нов централен дефанзивец станува една од главните цели за летото,…

Read More

Се чини дека Манчестер Јунајтед дава се од себе да го задржи играчот за врска Пол Погба во своите редови. Раководството на клубот е подготвено да му понуди рекорден договор на Французинот за да го убедат да потпише повторно, тврди „Мирор“. Актуелниот договор на 28-годишникот е до јуни 2022 година. Во оваа фаза, преговорите за негово обновување запреа и ова сериозно ги загрижува челниците на „Олд Трафорд“. Затоа сега во Манчестер Јунајтед се меѓу две опции. Првата е сериозно да ја сфатат понудата за Погба, во надеж дека ќе го убедат да потпише повторно. Втората опција е да се започне…

Read More

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Почетино ги пофали своите фудбалери по победата над Баерн Минхен со 3:2 на првиот натпревар од четврт-финалето во Лигата на шампионите на „Алијанц Арена“. Сепак, тој предупреди дека неговиот тим мора да ја прикаже истата игра и на реваншот доколку сака да оди во следната фаза. „Задоволен сум од резултатот и од односот на тимот. Излеговме од тешка ситуација против најдобриот тим во Европа. Им честитам на играчите за пожртвуваноста. Мораме да го повториме овој учинок на реванш натпреварот“, рече Покетино. „Лесно е да ги објасните вашите одлуки кога ќе победите. Тогаш сите велат дека сте…

Read More

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе беше sвезда на вечерта на гостувањето кај Баерн (Минхен) од четврт-финалето во Лигата на шампионите. Тој постигна два од гола за победа од 3:2 на „Алијанц Арена“. По натпреварот, играчот рече дека сака вакви натпревари на кои има можност да игра против најдобрите во светот. „Обожавам да играм против најдобрите играчи на светот, а Мануел Нојер е еден од најдобрите голмани во историјата. Не чувствував напнатост. Целиот тим играше брилијантно и го искористив тоа да постигнам два гола. Но, да не заборавиме дека ова е само прво полувреме на многу тежок судир меѓу ПСЖ и…

Read More

Играчот за врска на Челзи, Мејсон Маунт беше еден од хероите за победата над Порто од 2:0. Тој го постигна својот прв гол во Лигата на шампионите и стана најмладиот голгетер на Челзи во ова натпреварување. Маунт не го криеше задоволството од овој факт. „Тоа беше важен натпревар за нас, и за мене лично, затоа што го постигнав мојот прв гол. Долго чекав на овој момент и многу сум среќен што дојде со ваква важна победа. Факт е дека задржавме „чистата” мрежа и тоа е исто така одлично. Мислам дека сите се претставивме добро”, рече Маунт. „Во првото полувреме пред…

Read More

Во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите, Манчестер Сити беше домаќин на Борусија Дортмунд. Средбата се одигра на стадионот „Етихад“ во Манчестер (Англија) и заврши со победа на домаќините од 2:1. Како што објавија денес медиумите, 31-годишниот германски напаѓач Марко Ројс, кој постигна гол против Манчестер Сити, стана најдобар стрелец на Борусија Дортмунд во историјата на Лигата на шампионите, оставајќи го зад себе Роберт Левандовски, кој сега игра за Баерн Минхен. Марко Ројс постигна 18 голови во ова натпреварување за Борусија, додека Левандовски имаше постигнато 17 гола. Оваа сезона, Ројс учествуваше на 39 средби за Борусија Дортмунд во…

Read More

Можеби најголемата sвезда во сегашниот состав на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, конечно потпиша нов договор со „граѓаните“. Претходниот договор истекуваше во 2023 година, а новиот договор е продолжен за уште две сезони – до летото 2025 година. Плејмејкерот во јуни наполни 30 години, што значи дека најверојатно ќе остане на „Етихад“ до крајот на кариерата. Според медиумите на островот Де Бруин, ќе добива повеќе од 300.000 фунти неделно, а во оваа сума не се вклучени дополнителни бонуси. Ова го прави Белгиецот еден од најдобро платените играчи во Премиер лигата. „Не можев да бидам посреќен. Откако се приклучив на Сити…

Read More

Порто и Челзи се соочуваат еден против друг во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Натпреварот нема да се игра на стадионот на Порто во Португалија, туку на „Рамон Санчез Писхуан“ во Севиља. Тимот на Томас Тухел е фаворит, но Порто е искусен тим во Лигата на шампионите во претходната рунда му го зеде скалпот на Јувентус. Од друга страна, Челзи ќе мора брзо да застане на нозе откако пред неколку дена претрпе срамен пораз од 2:5 на „Стемфорд Бриџ“ од ВБА. Во осминафиналето Челзи го елиминираше Атлетико Мадрид по победите со 1:0 и 2:0. Тимот игра многу…

Read More

Баерн (Минхен) и ПСЖ вечерва се среќаваат во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите, што е повторување на финалето од минатата сезона. Пред осум месеци Баварците триумфираа со 1:0 и по шести пат се искачија на врвот на европскиот фудбал, а интересно е тоа што тогаш, единствениот гол го постигна поранешниот фудбалер на ПСЖ, Кингсли Коман. Баерн не ги крие амбициите повторно да дојде до пехарот. Германскиот гигант ќе остане без неговата гол машина Роберт Левандовски и заразениот со коронавирус Серж Гнабри, но и ПСЖ има важни играчи кои ќе го пропуштат дуелот на „Алијанц Арена“. Домаќините во…

Read More

Херта го отпушти тренерот на голманите Золт Петри откако проговори за мигрантите и ЛГБТ лицата. Ова беше објавено на веб-страницата на германскиот фудбалски клуб. 54-годишниот Унгарец Петри во интервју за унгарските медиуми изјави дека не му е јасно зошто неговиот сонародник, голманот на РБ Лајпциг, Питер Гулачи, ги поддржува хомосексуалци и лица со друг сексуален идентитет. Тој додаде дека „не разбира како Европа може да падне толку морално“. Петри исто така додаде дека не му се допаѓа миграцијата затоа што Европа е полна со криминалци, а доколку не ви се допадне тоа, тогаш тие ќе ве обвинат за расизам“. Ден…

Read More