Author: riste

Напаѓачот на Аталанта и репрезентацијата на Колумбија, Дуван Запата проговори за неговиот омилен клуб во англиската Премиер лига. „Може ли да бидам во англиската Премиер лига во иднина? Во фудбалот, никогаш не кажувај никогаш. Кога бев дете, секогаш ја гледав Премиерлигата. Од детството бев навивач на лондонски Арсенал! Секоја недела станував рано за да ги гледам нивните натпревари во живо (временската разлика помеѓу Колумбија и Велика Британија е 6 часа). Бев вљубен во Арсенал кога Тиери Анри играше за нив. Во Колумбија, ја сакаме англиската Премиер лига. Кој знае, можеби некогаш ќе можам да играм таму“, изјави Запата за „Газета…

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја прекинаа серијата од три порази по ред со побдата синоќа против Младост Богданци, а сега ги очекува гостување кај Татран Прешов во СЕХА лигата. Без тренерот Жељко Бабиќ, кој и понатаму е во изолација поради коронавирус, тимот предводен од Божидар Мојсов, уште рано изутрина тргнаа на пат за Словачка, каде утре од 17.45 часот ќе одигра против Татран. „Минуваме низ тежок период, играме доста натпревари и густ е распоредот. Многу патуваме, па мора да играме и не е лесно. Сега се натпреваруваме и во Купот на Македонија и во плеј-офот. Се подготвуваме и знаеме каков…

Read More

Лестер нема да ја искористи опцијата за купување на крилото Џенгиз Ундер и ќе го врати во Рома по завршувањето на сезоната, пренесуваат медиумите во Англија. 23-годишниот Турски интернационалец моментално игра на позајмица во Лестер Сити, но не успеа да се етаблира во составот на Брендон Роџерс, кој нема намера да го задржи во клубот. Британците платија 3 милиони евра за позајмицата на играчот и во договорот со Рома има откупна клаузула вредна 25 милиони евра, но таа нема да се активира. Ундер беше привлечен со големи очекувања во Лестер, но не успеа да ги оправда, бидејќи одигра само 19…

Read More

Манчестер Јунајтед е подготвен да му понуди на Дони ван де Бек да биде вклучен во преговорите со Јувентус за Адриен Рабио. „Црвените ѓаволи“ веќе долго време се интересираат за членот на француската репрезентација, Сега од Манчестер Јунајтед повторно го гледаат овој играч и ќе се обидат да го земат во својот состав на лето, пишува „Тутоспорт“. Според информациите, Јунајтед е подготвен да понуди директна размена на играчи испраќајќи го Дони ван де Бек во Торино, а Рабио да се пресели на „Олд Трафорд“. Холанѓанецот никогаш не можеше да покаже својот потенцијал по неговиот трансфер од Ајакс минатото лето. Тој…

Read More

Манчестер Јунајтед може да го продолжи интересот за крилото на Борусија (Дортмунд) Џејдон Санчо по завршувањето на сезоната, тврди „Еуроспорт“. „Црвените ѓаволи“ не успеаја да го купат англискиот репрезентативец минатото лето, откако не се договорија со Борусија Дортмунд за цената на играчот. Тогаш Борусија побара да добие 100 милиони фунти за него, но Британците не беа подготвени да платат таква сума. Сепак, од „Олд Трафорд“ не се откажа целосно од идејата за привлекување на Санчо и се очекува да направат нов обид ова лето. Неодамна се појавија информации дека 21-годишниот фудбалер има желба да се врати во Англија и ова…

Read More

Сагата околу напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе продолжува со полна сила. Тој се уште нема потпишано нов договор со клубот и ова сериозно ги загрижува газдите на ПСЖ. Нивните надежи дека тоа ќе се случи сериозно ги сруши фудбалерот, кој рече дека е уморен од критиките на негова адреса во Франција и дека е подготвен да се пресели во друг шампионат Според информациите на „АС“, ПСЖ се чини дека ќе се помири со фактот дека ќе биде тешко да се задржи 22-годишниот фудбалер. Клубот е подготвен да прифати понуда за него во висина од 120-150 милиони евра ова лето. Ова…

Read More

Вардар беше убедливо поразен во првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигтаа на шампионите. „Црвено-црните“ доживеаа незапаметен дебакл на домашен терен од Веспрем (27:41) и со тоа пракитчно и се без шанси да продолжат понатаму во Лигата на шампионите. По натпреварот, тренерот Стевче Алушовски му честиташе на противникот и изјави дека ова е голем неуспех за клубот. „Најпрво, сакам да му честитам на Веспрем за големата победа во Скопје и без разлика што треба да се игра уште еден меч таму, за пласманот во четвртфинале. Го отворивме мечот многу лошо, во еден момент кога имавме двајца играчи повеќе, примавме голови…

Read More

Јувентус останува заинтересиран за 27-годишниот напаѓач на Наполи, Аркадиуш Милик кој е на позајмица во францускит Марсеј. Ова го објави „Фудбал Италија“ повикувајки се на информцијата на „Л’Екип“. Пред да се приклучи на Марсеј, Милик потпиша нов договор со Наполи до 2022 година, така што Наполи не го пушти играчот да оди бесплатно следното лето. Во исто време, Марсеј го зеде напаѓачот на позајмица 18 месеци со задолжителна откупна клаузула од 8 милиони евра и разни бонуси. Сепак, во извештајот на францускиот весник „Л’Екип“ се вели дека преселбата на Милик во Марсеј е привремена мерка и Аркадиуш на крајот ќе…

Read More

Поранешниот тренер на Јувентус, Наполи и Челзи, Маурицио Сари може да ја преземе Рома ова лето. Овој 62-годишен фудбалски стручњак се смета за најголем кандидат за тренерското метсо во Рома, пренесува „Калчомеркато“. Агентот на Маурицио Сари веќе остварил две средби со раководството на Рома, кое се подготвува за потенцијална оставка на Пауло Фонсека. „Волчицата“ ја разгледуваат и кандидатурата на Масимилијано Алегри за позицијата главен тренер. Според изворот, за да се пресели во Рома, Сари ги одбил понудите од Фиорентина и два клуба од други европски шампионати. Можноста за враќање на Маурицио Сари ја разгледува и Наполи. За тренерот беше заинтересиран…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација ја направи најголемата сензација во својата фудбалска историја со победата над Германија во Дуизбург со 2:1. Нашите репрезентативци одигра одличен натпревар и со головите на Пандев и Еламс ја шокираа Германија на нивен терен. Натпреварот започна со доминација на Германија, но заврши со голема победа на нашата репрезентација. Леон Горетцка во 9.минута прими топка во нашиот шеснаесетник, биеше силно но ја погоди само пречката од нашиот гол. Во 27.минута уште една убава шанса за домашната селекција, Гнабри упати удар од страна, а Димитриевски со нога го одбрани неговиот шут. Македонија се закани во 40.минута преку Адеми кој…

Read More