Стартот на новата сезона во Формула 1 не носи ништо ново во однос на победниците, фантастичниот Луис Хамилтон продолжи онаму каде што застана минатата сезона и ја отвори сезоната со победа на трката за големата награда на Бахраин.
Иако актуелниот шампион не стартуваше од пол ползицијата, сепак на крајот заврши прв пре Макс Верстапен кој имаше прво место во квалификациите и во текот на целата трка беше во конкуренција за првото место со Луис Хамилтон. Во финишот од трката Верстапен успеа да го помине Хамилтон, но во истиот круг хамилтон повторно се врати на лидерското метсо кое го задржа до крајот.
Место на подиумот имаше и за вториот возач на Мерцедес, Валери Ботас, кој заврши како трет. Бодови уште освоија Норис, Перез, Леклерк, Рикиардо, Саинц Јр., Цунода и Штрол.