Author: riste

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, денеска од 15 часот во Анталија ќе го одигра својот прв од трите планирани пријателски натпревари. Противник на избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе биде селекцијата на Казахстан. Репрезентација со која се сретнавме во последните квалификации за ЕП, забележавме победа на гостински терен, а во Скопје одигравме нерешено. Покрај дуелот со Казахстан, Македонија ќе тестира со Словачка (27 март) и Бугарија (29 март). Овие мини–подготовки, како и трите пријателски натпревари треба да му послужат на селекторот Милевски да го виде потенцијалот на овие играчи за претстијните квалификациски натпревари за ЕП.

Read More

Фиорентина на својата официјална веб-страница го потврди назначувањето на Џузепе Јакини за главен тренер на тимот. Тренерот ќе започне да работи со тимот веднаш. Во текот на денот, тој ќе го направи својот прв тренинг по враќањето во клубот.  Да потсетиме, Јакини претходно беше тренер на Фиорентина. Тој го водеше тимот во 2019 година и доби отказ во ноември 2020 година. После тоа, Чезаре Прандели застана на чело на „виолетовите“, сепак, вчера клубот информираше дека Прандели поднел оставка, а клубот ја прифати. Фиорентина има само три победи на последните 10 натпревари во Серија А. По 28 кола, се наоѓа на…

Read More

Рома ќе направи сериозни промени на голманската позиција по крајот на сезоната. Од „Вoлчицата“ планираат да ги продадат Пау Лопез, Антонио Миранте и Даниел Фусато, а Робин Олсен, кој моментално е на позајмица во Евертон, исто така не е во плановите на тренерот Пауло Фонсека. Постојат неколку имиња кои се можни засилувања на голот на Рома. Изборот број 1 е Хуан Мусо од Удинезе, а другите опции се Алекс Мерет од Наполи и Пјерлуиџи Голини од Аталанта. На списокот е и Марко Силвестри од Верона. Мусо има одлична сезона, но неговата цена може да биде превисока за Рома. Голини и…

Read More

Играчот за врска на Ливерпул, Жоржоњо Вајналдум ги демантираше информациите дека потпишал прелиминарен договор со Барселона. Холанѓанецот беше категоричен дека се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата. „Медиумите секогаш дискутираат за такви работи, вклучително и за мојата иднина. Нема новини. Јас не сум возбуден од сите тие натписи”, рече Вајналдум на вчерашната прес-конференција. Играчот за врска одби да одговори на други прашања на оваа тема и истакна дека целото негово внимание е насочено кон претстојните натпревари на Холандија против Турција, Летонија и Гибралтар. Оваа сезона, 30-годишниот фудбалер има вкупно 40 натпревари за Ливерпул во сите натпреварувања и 3…

Read More

Играчот за врска на Реал Мадрид, Лукас Васкез е се поблизу до разделба со клубот. Двете страни не можат да се договорат за нов договор и 29-годишниот фудбалер скоро сигурно ќе замине како слободен играч, иако Зинедин Зидан инсистира на тоа да остане и понатаму во неговиот тим. Васкез не е задоволен од финансиските услови што му се нудат. Сепак, управата на Реал Мадрид не го гледа крилото како клучен играч. Згора на тоа, тие веруваат дека тој го забавува развојот на Винисиус Жуниор и Родриго Гос, кои ќе добијат повеќе шанси од следната сезона. Во оваа фаза, фаворит за…

Read More

Германската фудбалска лига објави дека ги заострува хигиенските правила за борба против коронавирусот со воведување на задолжителни брзи тестови и можност за тренинг за играчи во карантин. Сите 36 клуба во Првата и Втората Бундес лига ќе мора да прават секојдневни брзи тестови на своите играчи доколку има повеќе од 35 заразени на 100.000 луѓе во нивната провинција. Покрај тоа, PCR-тестовите ќе продолжат да се вршат двапати неделно на сите членови на тимот. Карантинските кампови ќе траат помеѓу 5 и 14 дена и ќе можат да се организираат на барање на Германската фудбалска лига, така што нема потреба да се…

Read More

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис прави се што е можно за да го убеди Џенаро Гатузо да не го напушта клубот, но засега тренерот е категоричен во одлуката да се повлече по крајот на сезоната, пишува „Тутоспорт“. Поради низата слаби резултати пред извесно време, Де Лаурентис решил да побара нов тренер и излезе дека Гатузо дознал за тоа. Во меѓувреме, сепак, тимот ги стабилизираше своите настапи, што ја врати довербата во Гатузо кај самите играчи. Сепак, тренерот беше разочаран од недостатокот на поддршка за него во критичниот момент и од своја страна одлучи дека е време да се раздели…

Read More

Тренерот на Фиорентина, Чезаре Прандели ја напушти функцијата, се наведува на официјалната веб-страница на клубот. Денес, на беше објавено дек атренерот на екипата поднесе оставка по поразот на мечот од 28. коло на италијанската Серија А против Милан (2:3). Раководството на „виолетовите“ ја прифати неговата оставка. Беше објавено дека на чело на Фиорентина повторно ќе биде Џузепе Јакини, кој беше отпуштен во ноември минатата година. Клубот и тренерот во моментов преговараат. Фиорентина оствари само три победи на последните 10 натпревари во Серија А. По 28 кола, тимот го зазема 14-тото место на табелата со 29 бода.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација денес го одработи и вториот тренинг пред заминувањето за Романија (утре, среда) каде во четврток ќе треба д аго одигра првиот натпрева од квалификациите за СП. Во Букурешт нашите репрезентативци ќе и гостуваат на селекцијата на Романија која е фаворит на хартија, но сепак нашите фудбалери досега покажале дека знаат како се игра против селекција која ја има фаворитската улога.

Read More

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Давид Алаба го намали кругот на екипи во кои би сакал да ја продолжи кариерата по крајот на сезоната. Според „Скај Германија“, 28-годишниот Австриец решил да игра во Шпанија, т.е. алтернативите се само Барселона и Реал Мадрид. ПСЖ исто така беше заинтересиран за Алаба, како и повеќето од водечките клубови во Англија. Самиот играч минатиот месец официјално ја објави својата одлука да ја напушти „Алијанц Арената“ по 13 години минати во Баерн. Според „Скај Германија“, одлуката за тоа каде ќе ја продолжи кариерата ќе биде донесена во април или мај. Изворот потсетува дека неговиот агент Захави…

Read More