Author: riste

Во натпреварот од 27-то коло на Шпанската лига Барселона како домаќин ја совлада Хуеска на стадионот „Камп Ноу“, а Лионел Меси постигна гол во 13. Минута, а овој гол беше 20-ти во сезоната на Аргентинецот. Така, Меси стана единствениот играч во историјата на Примера кој постигнал 20 или повеќе голови во 13 последователни сезони. Покрај тоа, средбата со Хуеска беше 767. официјален натпревар на Меси за Каталонците. Во однос на бројот на одиграни натпревари за Барселона, Меси сега се израмни со рекордерот на клубот – Чави. Меси има постигнато 660 голови и 262 асистенции на 767 настапи во сите натпреварувања…

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја коментираше повредата на голманот на Вулверхемптон, Руј Патрисио за време на натпреварот од 28. коло во Премиер лигата . „Тоа беше ужасна ситуација. Зборував со персоналот на Вулверхемптон, тие се позитивни. Ова е жално. Во контактните спортови, ова се случува од време на време. Смирен сум затоа што првиот впечаток не е сериозен. Му посакуваме се најдобро“- изјави Клоп во изјава за „Би-Би-Си“. Да потсетиме, Патрисио се повреди во 86-та минута. Капитенот на „волците“ Конор Коди, обидувајќи се да го спречи ударот на Мохамед Салах, го удри со колено сопствениот голман во глава. Натпреварот…

Read More

Десет тимови на Конфедерацијата ќе учествуваат на Купот на Америка 2021 година, објави прес-службата на КОНМЕБОЛ . Традиционално, екипи од други континенти играат на турнирот, но Австралија и Катар, кои добија покана, одбија да учествуваат. Купот на Америка требаше да се одржи во 2020 година, но поради пандемијата на коронавирусот, тој беше одложен за една година и се совпадна со квалификациите за СП во Азија во 2022 година. Турнирот ќе се одржи од 11 јуни до 10 јули, за прв пат во историјата домаќини ќе бидат две земји – Колумбија и Аргентина. Екипите ќе бидат поделени во две групи. Во…

Read More

Во Реал Мадрид донеле конечна одлука дека ќе се разделат со Иско по завршувањето на оваа сезона, објавија дел од медиумите во Шпанија. Од „Сантијаго Бернабеу“ веќе бараат купувач за играчот од средниот ред, кој не е во плановите на тренерот Зинедин Зидан. Клубот се надева дека продажбата на Иско ќе ја наполни касата за да има повеќе пари за да земе нов напаѓач од висока класа. Мадридскиот тим нема одлучено дали ќе се фокусираат на Килијан Мбапе од ПСЖ или Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

Read More

Sвездата на Тотенхем Хари Кејн скоро сигурно ќе побара трансфер ова лето, тврдат медиумите во Англија. 27-годишниот напаѓач е свесен дека го достигна својот максимум во Тотенхем и сака да замине во тим каде што може да продолжи да се развива и да освојува трофеи. Кејн има договор со лондончани до 2024 година, но нема желба да го исполни до крај. Тој игра уште една одлична сезона, постигнувајќи 21 гол во сите натпреварувања. Тимот се уште е во битка за трофејот во Лигата на Европа, каде е на чекор до пласман во четврт-финалето, а исто така е во финалето на…

Read More

Раководството на Барселона размислува да му понуди нов договор на крилото Осман Дембеле. 23-годишниот Французин беше привлечен на „Камп Ноу“ со големи очекувања, но повредите го спречија да го открие целиот свој потенцијал. Оваа сезона, сепак, тој започна да ги покажува своите сериозни квалитети и се претставува се подобро и подобро, веќе има 34 натпревари на својата сметка во сите натпреварувања. Според „Ел Мундо Депортиво“, Барселона е подготвена да му понуди продолжување на договорот. Самиот играч исто така е подготвен да потпише повторно, но прво сака да види кои услови ќе му бидат понудени.

Read More

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ја коментираше победата на неговата екипа на натпреварот од 28-то коло во Премиерлигата против Тотенхем (2:1). „Неверојатно е како одигравме денес по само два дена од последниот натпревар во Лигата на Европа. Тоа беше неверојатно. Губевме со 1:0 , но одигравме одлично и се вративме во натпревраот. Продолживме да го играме нашиот фудбал и заслуживме да победиме. Во последните 10 минути не можевме да се носиме со текот на натпреварот, и ова уште еднаш покажува дека треба да се подобруваме како тим. Ние се потпревме на среќата. Денес одигравме одлично и требаше да победиме со…

Read More

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи ја пофали улогата на 36-годишниот португалски напаѓач Кристијано Роналдо во неговиот клуб. „Несомнено, Кристијано е иднината на Јувентус. Јас сум целосно сигурен во ова. Чест ни е што Роналдо е дел од нашиот тим. Нам ни одговара и ни се допаѓа, многу сме среќни што таквите шампиони се со нас“, изјави Паратичи. Да потсетиме, по сензационалното испагање на Јувентус од Лигата на шампионите во 1/8 финалето од Порто, медиумите почнаа да шират информации за можно заминување на Роналдо од Јувентус. Интерес за него се припишува на Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Реал Мадрид. Својата класа…

Read More

Ракометната репрезентација на Македонија е поразена убедливо на гостувањето во Данска кај актуелниот светски шампион кој на свој терен ја победи Македонија со 37:21 и на најдобар начин се реваншираше за поразот во Скопје. По херојскиот триумф во Скопје пред три дена, денес нашата репрезентација настапи без тројца клучни играчи, капитенот и селектор Кире Лазаров, искусните Миркуловски и Стоилов кој воопшто не отпатува во Данска поради повреда. Од почеток до крај Данска покажа дека максимално влегува на оваа средба и не дозволи Македонија која настапи со подмладен состав да им ја загрози победата. Стручниот штаб донесе одлука шанса за настап…

Read More

Марко Одермат е победник на велеслаломската трка во рамките на Светскиот-ски Куп одржана на патеката во Крањска Гора, Словенија. Швајцарецот имаше најдобро време по двете трки и со вкупно време од 2:12.87 стигна до третата победа во својата кариера. Одермат зад себе во интервал од над една секунда го остави неговиот сонародник, Лоик Меиљард, кој доцнеше секунда и шест десетинки. На подиумот место имаше и за Бренштеинер од Австрија, додека без подиум останаа Алексис Пинтуро и Февр кои завршија на четвртото и петтото место. Возбудувањата кај мажите во Светскиот Куп продолжуваат утре, на истото место на патеката во Крањска Гора…

Read More