Марко Одермат е победник на велеслаломската трка во рамките на Светскиот-ски Куп одржана на патеката во Крањска Гора, Словенија.
Швајцарецот имаше најдобро време по двете трки и со вкупно време од 2:12.87 стигна до третата победа во својата кариера.
Одермат зад себе во интервал од над една секунда го остави неговиот сонародник, Лоик Меиљард, кој доцнеше секунда и шест десетинки. На подиумот место имаше и за Бренштеинер од Австрија, додека без подиум останаа Алексис Пинтуро и Февр кои завршија на четвртото и петтото место.
Возбудувањата кај мажите во Светскиот Куп продолжуваат утре, на истото место на патеката во Крањска Гора ќе се вози слаломската трка, а стартот е закажан за 9:30 часот.