Бразилското крило Даглас Коста ќе се врати во Јувентус на лето, откако Баерн (Минхен) не планира да го задржи играчот кој е позајмен за оваа сезона, пренесува „Тутоспорт“. Од друга страна раководството на „старата дама“ исто така нема желба да го има Бразилецот и отсега бараат потенцијално заинтересирани клубови за овој играч. Даглас Коста одигра 11 натпревари, гима еден ол и асистенција за Баерн во Бундеслигата оваа сезона. Неговиот договор со италијанскиот клуб е до летото 2022 година, а во зима се зборуваше за интерес кон него од Милан. Во слична ситуација се наоѓаат и – Матеа Перин, Марко Пјаца…
Author: riste
Капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш не се опорави од повредата и нема да може да игра на гости кај Њукасл, меч кој е на програмата утре. Ова го изјави менаџерот на тимот од Бирмингем, Дин Смит. Сепак, Смит не губи надеж дека неговиот најкреативен играч ќе биде во комбинација за домашниот натпревар со Тотенхем во следното коло. „Џек Грилиш е многу подобар, но нема да го видите против Њукасл. Тој се опоравува добро и ние сме задоволни од тој факт. Се надевам дека ќе може да игра против Тотенхем следниот викенд”, рече Смит. Менаџерот додаде дека дефанзивецот Мати Кеш…
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, го коментираше пласманот на тимот во четвртфиналето од Лигата на шампионите по осминафиналната прсметка против Барселона. На првата средба парижаните во Шпанија како гости го совладаа противникот со резултат 4:1. На реваншот, Каталонците одиграа само 1:1 против ПСЖ и беа елиминирани. „Да се дојде до четвртфиналето во Лигата на шампионите е гордост. Лично, веќе заборавив што се случи пред четири години (Барселона, по поразот од 0:4, победи со 6:1 и го нокаутираше ПСЖ). Историјата ќе остане историја, но ние одигравме одлично и ја поминавме силната Барселона, затоа сме среќни. Нејмар и Мбапе се играчи на…
Шпанскиот гигант Реал Мадрид започна преговори за нов договор со еден од нивните главни дефанзивци – Рафаел Варан, пренесува „Марка“. Актуелниот договор на централниот дефанзивец со Реал Мадрид истекува летото 2022 година. Од „Сантијаго Бернабеу“ се надеваат дека ќе ја избегнат можноста да го загубат овој фудбалер без никакво обештетување за помалку од една година и се решени да му се посветат на играчот за многу подолг временски период. Според „Марка“, преговорите течат добро и наскоро се очекува договор меѓу двете страни. Во последно време се почести се шпекулациите за иднината на 27-годишниот дефанзивец, па дури имаше информации дека играчот…
Вечерва од 21:00 часот се игра и реваншот помеѓу ПСЖ и Барселона од 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Францускиот шампион го победи својот противник со 4:1 во првиот натпревар на „Камп Ноу“ и веќе е со една нога во следната фаза. Парижаните би биле целосно смирени во однос на нивната предност против кој било друг ривал, но не и против Барселонаа. Каталонците направија еден од најпознатите пресврти во ЛШ против ПСЖ и сега сонуваат за нов таков подвиг. Сите се сеќаваме како во сезоната 2016/17 Барса и ПСЖ беа повторно едни против други во 1/8 финалето. Тогаш Французите победија…
Вечерва се игра реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и РБ Лајцпиг. Двете екипи уште еднаш ќе се соочат на „Пушкаш Арената“ во Будимпешта, каде се одигра првиот натпревар поради мерките против КОВИД-19. Овој пат, сепак, Ливерпул ќе биде симболично домаќин. Тие постигнаа одличен резултат, победувајќи на првиот натпревар со 2:0, но сè уште не ја завршија својата работа и мора да се концентрираат што е можно повеќе на натпреварот кој вечерва го играат за да избегнат непријатно изненадување. Ливерпул е во огромна криза во последно време. Тимот забележа порази во Премиер лигата и го расипа…
Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, стана играч во Лигата на шампионите, кој постигна најбрзо 20 погодоци и воедно е најмладиот играч што го стори тоа, откако синоќа погоди двапати за 2:2 против Севиља. Овој резултат го однесе неговиот тим во четвртфиналето. https://twitter.com/goal/status/1369429467677011975 На 20-годишниот Норвежанец му беа потребни само 14 натпревари за да стигне до бројката од 20 погодоци во Лигата на шампионите. Тоа се 10 натпревари помалку од претходниот рекордер Хари Кејн од Тотенхем. Тој исто така постави рекорд една година порано од Килијан Мбапе, кој постигна 20 гола во Лигата на шампионите непосредно пред да наполни 22…
Крилниот дефанзивец на Интер, Ашраф Хакими е близу до преселба во Лондон. Арсенал е заинтересиран за услугите на 22-годишниот Мароканец, информираше „Фудбал Лондон“. Хакими е на личниот потесен избор на главниот тренер на „топџиите“, Микел Артета . Арсенал го има Ашраф Хакими како приоритетна цел за трансфери за следното лето, бидејќи Ектор Белерин може да го напушти тимот. Во јануари оваа година, лондонскиот клуб го ослободи платниот список, разделувајќи се со Месут Озил, Сократис Папастатопулос, Шкодран Мустафи и Сеад Колашинац. Арсенал сега е финансиски подготвен за скапата аквизиција како што е Хакими. Во моментов неговата вредност се проценува на 50…
Ромелу Лукаку ќе биде голема трансферна цел на Манчестер Сити следното лето, тврдат медиумите во Англија. На „Етихад“, се чини дека решиле да се разделат со Серхио Агуеро и да побараат негова замена, а Белгиецот Лукаку е на врвот на списокот. До неодамна се сметаше дека главна трансфер цел на Сити е Килијан Мбапе од ПСЖ, но „Граѓаните“ беа шокирани од високите финансиски барања на Французинот и се откажаа од овој трансфер. Меѓу целите поставени од челниците на клубот се Ерлинг Халанд, Хари Кејн и Лаутаро Мартинез, но најновите информации се дека Ромелу Лукаку е најбараниот од сите. 27-годишниот Белгиец…
Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, повторно беше главен играч на својата екипа на мечот со Севиља во 1/8 финалето од Лигата на шампионите. Норвежанецот ги постигна двата гола за својата екипа за нерешените 2:2, што беше доволно за неговата екипа обезбеди пласман во четвртфиналето. „Беше тежок натпревар. Уморен сум во моментов, но чувството да се биде во следната рунда е одлично. Очекувавме да одиграат силно на реваншот, но откако поведовме, знаевме дека мораат да постигнав три гола. Беше одлично. Да поведеме со 1:0 на полувремето, и постигнав убав гол. Го промашив првиот пенал, но ако голманот останеше на голот,…
