Author: riste

Неколку седмици откако на гламурозна промоција во Скопје го претстави автомобилот Порше 991 ГТ3 со кој ќе настапува во 2021 година, македонскиот автомобилист Ристо Вуков – Рико веќе ги најави првите активности. Иако официјалните тестирања за италијанскиот куп се закажани во мај, тој веќе во втората половина на март ќе има приватни тестирања со тимот на Џанлука Ди Лоренци, со кој што настапуваше и минатата година. „Од тимскиот шеф имам конкретни забелешки! Лани најголем проблем имав со чувството за сопирачките, бидејќи тоа не е како во обичниот живот, туку од мене се бара отсечен и силен удар по педалата, нити…

Read More

Тренерот на Баерн Минхен, Ханзи Флик, ја коментираше победата во натпреварот од 24-то коло во Бундеслигата против Борусија Дортмунд (4:2). „Гледам на позитивните аспекти и како тимот се врати во игра. После 0:2 се тресевме и станавме поактивни во дуелите. Тимот го подобруваше својот квалитет и самодоверба со секоја измината минута. По првиот гол се врати смиреноста и доминацијата. Ние извршивме притисок врз противникот во неговата половина од теренот, што се исплатеше. Вреди да се забележи карактерот, менталитетот и желбата на тимот за победа. Како резултат на тоа, извојувавме заслужена победа. Тоа беше сензационален пресврт. Огромен комплимент за тимот“, рече…

Read More

Напаѓачот на Милан, Анте Ребиќ, заработи воспаление на десниот колк за време на денешниот тренинг на тимот и затоа не влезе во групата на играчи на Милан за утрешниот натпревар против Верона. На негово место беше повикан Емил Робак од втората екипа на Милан, а Јенс Питер Хауге најверојатно ќе стартува од почетокот на мечот против екипата на Верона. Другите повредени во тимот на Милан се Златан Ибрахимовиќ, Хакан Чалханоглу, Исмаил Бенасер, Марио Манџукиќ и Даниел Малдини кои нема да бидат во комбинација за настап на оваа средба.

Read More

Група навивачи на Фиорентина не се задоволни од настапите на тимот оваа сезона, објавија медиумите во Фиренца. За време на тренингот на екипата, околу 150 навивачи излегоа на протест, извикувајќи „Почитувај го нашиот дрес“ и активирајќи пиротехника. Навивачите закачија и транспарент: „Денес има бомби, но утре не знаеме! Внимателно! “ Во моментов на чело на Фиорентина е Чезаре Прандели. По 25 натпревари, тимот е на 14-то место со 25 бода. Фиорентина во моментов е на само 5 бода плус од Торино кој е во зоната на испаѓање, а утре тимот од Фиренца на домашен терен ја пречкува Парма која е…

Read More

Македонскиот ракометен шампион Вардар загуби на последниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите од Мешков Брест со 32:36. Со овој пораз Вардар заврши на 7-то место во групата А и веќе го знае ривалот во осминафиналето на елитното натпреварување. Вардар одигра лошо прво полувреме во кое гостите дојдоа до убедлива предност од 12:20, а во вториот дел Вардар се обидуваше да ја намали оваа предност и успеа само да дојде до пристоен пораз од 4 гола разлика (32:36). Перфектен натпревар кај Мешков имаше Валјипау со 12 гола од 12 обиди, пред Скубе со седум и Паниќ со шест, а…

Read More

Дефанзивецот на Рома, Рожер Ибањес потпиша нов договор со римскиот тим, објави клубот од Рим на својата официјална веб-страница. Новиот договор на Бразилецот ќе го задржи на „Олимпико“ до 30 јуни 2025 година. Рожер Ибањес се приклучи на Рома од Аталанта во јануари 2020 година. Оваа сезона има 26 натпревари и 1 гол во сите натпреварувања. 22-годишниот централен дефанзивец има одиграно вкупно 36 натпревари за Рома по неговиот трансфер од Аталанта.

Read More

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике се повреди во полуфиналето на Купот на Шпанија против Севиља (3:0). На 34-годишниот фудбалер му беше дијагностицирана истегнување на внатрешниот страничен лигамент на десното колено, информираат од прес-службата на Барселона. Времето на опоравување на Пике е сè уште непознато. Голот на Жерар Пике против Севиља и помогна на Барселона да изедначи во вкипниот резултат (2:2) а подоцна преку продолженија да обезбедат пласман во финалето. Противиник на Барселона во финалето ќе биде победникот од пресметката меѓу Леванте и Атлетик Билбао која се игра вечерва.Актуелен освојувач на Купот е Валенсија, која ја победи Барселона со 2:1 во…

Read More

УЕФА може да ги исклучи Билбао (Шпанија), Даблин (Ирска) и Глазгов (Шкотска) од списокот на градови за Европското првенство во 2020 година, пренесува „Асошиејтед Прес“. Споменатите градови сè уште не дале гаранции во врска со бројот на навивачи што можат да бидат примени на стадионите до јуни. УЕФА сака да пополни најмалку половина од стадионите на Европското првенство. И официјалните лица на Билбао, Даблин и Глазгов сè уште не ја објавија својата подготвеност да го исполнат ова барање. Доколку се случи одложување, тогаш натпреварите од Даблин и Глазгов ќе се одржат во Англија, а средбите што треба да се одржат…

Read More

Бруно Фернандеш е дефинитивно најдобриот играч на Манчестер Јунајтед откако во јануари минатата година дојде на „Олд Трафорд“. Иако е апсолутен лидер на теренот, Португалецот доста заостанува во рангирањето на најдобро платените играчи на „црвените ѓаволи“. Играчот за врска во моментов има основна плата од 100.000 фунти неделно, а со сите бонуси може да достигне 180.000 фунти. Според овој индикатор, тој е само на седмото место во клубот. Повисоки плати од него имаат Давид Де Геа, Пол Погба, Ентони Марсијал, Единсон Кавани, Маркус Рашфорд и Хари Мегваер. Според „Сан“, клубот од „Олд Трафорд“ планира да ја зголеми платата на Бруно…

Read More

Одложениот натпревар од Серија А помеѓу Јувентус и Наполи ќе се игра на 17 март, официјално соопшти Серија А. Натпреварот на стадионот „Алијанц“ требаше да се одигра на 4 октомври, но не беше одигран поради проблемите кои ги имаше Наполи со играчите заразени со коронавирус. https://twitter.com/SerieA_EN/status/1367069864855273475 На Наполи тогаш му беше забрането да патува во Торино на натпреварот поради два позитивни теста во тимот со КОВИД-19, па Наполи првично беше казнет затоа што не се појавија на терено и средбата беше регистрирана со службени 0:3. Откако се жалеа на оваа одлука, таа конечно беше поништена и стана јасно дека ќе…

Read More