Author: riste

Голманот на ЦСКА (Москва) Игор Акинфеев беше изолиран од тимот поради одредени симптоми кои можат да бидат знаци за коронавирус. „Нашиот голман беше изолиран од тимот и е под контрола на лекарите на клубот, кои во моментов ги прават потребните прегледи“, се вели во соопштението на клубот. Екипата на ЦСК Москва по 19 натпревари ја зазема втората позиција на табелата со 37 бода, а лидер е Зенит (Санкт Петербург) со 41. Во 20-тото коло на рускиот шампионат ЦСКА Москва игра против Локомотив (Москва) на 27 февруари.

Read More

УЕФА ќе одлучи за формата на присуство на гледачи на натпреварите на Европското првенство на 7 април. Ова го објави членот на Извршниот комитет на УЕФА и генерален директор на Организациониот комитет на Русија – Алексеј Сорокин. „Ќе имаме јасна слика околу присуството на гледачи на ЕП на 7 април“, изјави Сорокин. Првично, УЕФА планираше конечната одлука за формата на присуство на гледачи на трибините за време на Европското првенство да ја донесе во март. За време на ЕВРО 2020, кое беше одложено за оваа година поради коронавирусот, организаторите ќе разгледаат четири сценарија – целосно исполнување на трибините, стапка на…

Read More

Напаѓачот на Челзи, Тами Абрахам одбива да потпише нов договор со клубот, тврдат медиумите во Лондон. 23-годишниот играч игра помалку од доаѓањето на новиот менаџер Томас Тухел. Тој е загрижен и за гласините дека лондончани се близу до привлекување на напаѓачот на Борусија (Дортмунд) Ерлинг Халанд. Актуелниот договор на Абрахам е до јуни 2023 година и во оваа фаза тој не сака да преговара за негово продолжување се додека не дознае каква ќе биде неговата улога во клубот на долг рок. Тој сака да игра редовно, и во оваа фаза се чини дека клубот сака да го задржи, но повеќе…

Read More

Во Манчестер Јунајтед внимателно ги следат настапите на напаѓачот на Севиља, Јусеф Ен-Несири. 23-годишниот Мароканец има одлична сезона во тимот од Андалузија и ова не помина незабележано од „црвените ѓаволи“. Досега Ен-Несири има постигнато 17 погодоци во сите натпреварувања. Ен-Несири има договор со Севиља до 2025 година, но интересот за него сè уште расте. До неодамна се поврзуваше со Вест Хем, а сега и од „Олд Трафорд“ фрлија око на овој играч. Се вели дека Ливерпул исто така е зиантересиран за овој играч, па нема да биде изненадување ако има трансфер војна за неговиот потпис. Севиља не сака лесно да…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се изедначи на Жозе Мурињо на четвртото место на листата на тренери со најмногу победи во историјата на Лигата на шампионите. По успехот на „граѓаните“ со 2:0 како гости против Борусија (Менхенгладбах) во првото осминафинале одиграно синоќа, шпанскиот тренер сега е со 81 победа, израмнувајќи со својот португалски колега. Рекордер е легендарниот Сер Алекс Фергусон со 102 победи, а во Топ 3 се уште Карло Анчелоти (89) и Арсен Венгер (86). https://twitter.com/GracenoteLive/status/1364694235233083398?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1364694235233083398%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D889409 Секако дека со резултатите кои ги постигнува Гвардиола со неговата екипа може да се очекува дека до крајот на сезоната може да…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше задоволен од победата над Борусија (Менхенгладбах) од 2:0 во 1/8 финалето од Лигата на шампионите. Сепак, тренерот ги критикуваше своите напаѓачи за премногу промашени шанси на натпреварот. „Генерално, го контролиравме натпреварот. За жал, не бевме доволно прецизни во нападот. Ова е нешто што треба да го подобриме, особено во ова натпреварување. Треба да бидеме прецизни во завршната фаза од нападот. На овој турнир треба да бидете совршени за да бидете сигурни дека ќе продолжите понатаму“, рече Гвардиола. Шпанецот не се согласува дека неговиот тим е главен фаворит за освојување на титулата во ЛШ.…

Read More

Предводникот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан беше задоволен од победата над Аталанта од 1:0 во првиот 1/8 финален дуел во Лигата на шампионите. Шпанците играа со човек повеќе од 17 минути, но нивниот успех дојде во финишот со голот на Ферлан Менди. За тренерот, сепак, најважна е победата и особено голот на гостински терен. „Аталанта е многу силна физички и добро се снајде во одбраната. Остваривме добар резултат и тоа е најважно. Мислам дека немаме проблем со креативноста во нападот, затоа што постигнавме гол и во исто време не примивме. Промашивме многу шанси, но мислам дека сме на добар пат.…

Read More

Тренерот на Аталанта, Џан Пиеро Гасперини беше прилично разочаран по поразот од Реал Мадрид со 0:1. Тој беше многу незадоволен од судијата, кој реши да го исклучи Ремо Фројлер со директен црвен картон во 17. минута. Според тренерот, судијата го уништил натпреварот. „Огорчен сум затоа што не можеме да го одиграме натпреварот што толку многу го очекувавме. Ако не го гледаме резултатот, останува задоволството што добивме шанса да се соочиме со тим како Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Јас не знам каков ќе беше резултатот ако не беше црвениот картон, но мислам дека со таа одлука судијата го уништи…

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп може да го напушти Ливерпул летото 2022 година за да ја преземе германската репрезентација, пишува „Билд“. И покрај проблемите во Ливерпул оваа сезона и слабите резултати во последните месеци, тренерот неодамна изјави дека не планира да го напушти „Енфилд“. Ова не ги спречува германските медиуми тврдоглаво да го поврзат со Бундес тимот. Клоп (53 години) има договор со Ливерпул до 2024 година. https://twitter.com/BILD_Sport/status/1364326364644597761?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1364326364644597761%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D889283 Според Билд, 68% се шансите Клоп да го замени селекторот Јоаким Лев по Светското првенство во Катар во 2022 година. Изданието тврди дека намерите на Клоп се јасни и тој сака да…

Read More

Поранешниот менаџер на Наполи, Челзи и Јувентус, Маурицио Сари има шанса да ја предводи Фиорентина. Според „Тутомеркато“, италијанскиот тренер и клубот воделе преговори, при што Сари добил понуда за тригодишен договор. Маурицио Сари има време да размисли пред крајот на сезоната. Исто така е потврдено дека преговорите меѓу двете страни ќе продолжат. Во моментов екипата на Фиорентина е предводена од Чезаре Прандели. Тој се врати во тимот во 2020 година, претходно работеше во клубот од 2005 до 2010 година. Фиорентина има освоено 25 поени по 23 одиграни кола во италијанската Серија А и се наоѓа на 14-тото место на табелата.…

Read More