Ракометарите на Еурофарм Пелистер влегоа во победнички ритам во Европската ракометна лига и ја забележаа третата победа во серија од ова натпреварување, откако славеа и во вториот натпревар со Татабања за само два дена. По вчерашните 21:19, вечерва, македонскиот тим славеше со 24:21 (9:11), иако долго време беше во негатива и ја бркаше предноста на Татабања која на момент во првото полувреме беше и 4 голови разлика. Со овие две победи Еурофарм Пелистер ги задржа шансите за пласман во елиминационата фаза. Мандалиниќ со девет гола од 14 обиди беше најдобар стрелец во редовите на домашната екипа, а солиден настап имаше и…
Author: riste
По извршената инспекција на објектите односно стадионите кои треба да бидат место за одигрување на натпреварите на ЕП 2021 година, од страна на УЕФА е потврдено дека сите 12 градови се подготвени да бидат домаќини на натпреварите на Европското првенство. „Сакам да потврдам дека турнирот ќе се одржи, бидејќи јас и мојот тим сме овде во Санкт Петербург денес. Со висок степен на самодоверба можам да кажам дека сите 12 градови ќе бидат домаќини на натпреварите. Постојано ја следиме моменталната состојба, ќе гледаме како се развива. Но, во моментот, сите оние кои треба да бидат организатоти – 12 градови -…
Една од најголемите sвезди на ПСЖ – Нејмар, сигурно ќе го пропушти првиот 1/8 финален дуел во Лигата на шампионите против Барселона. Ова го објави францускиот весник „Л‘Екип“, кој додаде дека попладнево Бразилецот со многу лошо расположение ја напушти болницата во Париз. Според изданието, испитувањатата покажале дека Нејмар има повреда на зглобот од втор степен, што официјално го вади од мечот следната недела. Според „Л‘Екип“ не е сигурно дека поранешниот играч на Барселона ќе биде подготвен за реваншот. Напаѓачот се повреди на вчерашниот натпревар со Каен од Купот на Франција. Тој го напушти теренот во 64-та минута откако лежеше на…
Баерн (Минхен) ја потврди информацијата за позитивен тест за коронавирус на Томас Милер. Сепак, сите други во тимот се здрави. Фудбалерот е веќе изолиран и нема да учествува на вечерашното финале на Светското клупско првенство во Доха. По враќањето во Германија, Милер ќе биде ставен во карантин. Поради КОВИД-19, Леон Горецка и Хавиер Мартинез воопшто не заминаа за Катар, а вчера Жером Боатенг по итна постапка го напушти кампот откако неговата поранешна девојка изврши самоубиство. Во битката за трофејот, Баерн Минхен ќе игра против мексиканскиот Тигрес, а натпреварот ќе започне вечерва во 19 часот.
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски во „Куќа на фудбалот“ одржаа работен состанок со високите гости од Турција, претседателот на Турската фудбалска Федерација, Нихат Оздемир и потпретседателот на Турската фудбалска Федерација и член на Извршниот комитет на УЕФА, Сервет Јардинџи. Состанокот со гостите од Турција е продолжување на конструктивната соработка меѓу двете пријателски федерации. На средбата со раководството на Фудбалската федерација на Македонија почитуваните гости беа запознаени со активностите на нашата федерација и можностите за идна соработка. „Турската фудбалска Федерација е една од најголемите во Европа. За разлика од нив, ние сме мала федерација, но…
Натпреварот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите меѓу Атлетико Мадрид и Челзи ќе се одигра во Букурешт, се наведува на официјалната веб-страница на клубот од Мадрид. Домаќин на оваа средба е „Националниот стадион“во главниот град на Романија. Според информацијата, средбата која е закажан за 23 февруари, е одложен од Мадрид за Букурешт поради ограничувања на патувањето меѓу Шпанија и Велика Британија, поради пандемијата на коронавирусот. Реванш натпреварот е планирано да се одржи на 17 март. Претходно УЕФА објави дека првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите на УЕФА, РБ Лајпциг – Ливерпул ќе се одигра на „Арената…
Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси се наоѓа пред својот натпревар број 900 во кариерата. Вечерва Каталонците гостуваат на „Рамон Санчез Писхуан“ на натпреварот против Севиља во првиот натпревар од полуфиналната пресметка за Купот на кралот. Напаѓачот досега одигра 757 официјални натпревари за Барса со 651 погодок, додека во селекцијата на Аргентина има 142 натпревари и 71 погодок. https://twitter.com/barcacentre/status/1359434394038067200?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1359434394038067200%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D887023 Интересно, Севиља е „омилена жртва“ на Меси. Тој постигнал гол против оваа екипа од Андалузија 37 пати на 40 натпревари на 4 различни натпреварувања. Во Ла Лига натпреварите се 28, а головите 29, во Купот на кралот натпреварите се 5, а головите…
Јувентус ќе се обиде повторно да се договори со Атлетико Мадрид за Алваро Мората, пишува „Кориере ди Торино“. Шпанскиот напаѓач моментално игра на позајмица со „бјанконерите“, кои имаат можност да ги откупат неговите права за 45 милиони евра. Клубот е многу задоволен од голгетерот, кој совршено се вклопи во шемата на Андреа Пирло и има 13 гола на 20 натпревари во сите натпреварувања. Затоа „Старата дама“ сака трајно да го задржи Мората во своите редови. Наместо да ја плати откупната клаузула во договорот со Атлетико, Јувентус ќе се обиде повторно да ги договори условите за позајмица со тимот од Мадрид.…
Меѓународната федерација за историја и статистика на фудбалот (ИФФХС) состави список на најдобри стрелци во историјата на фудбалот на клупско ниво. Овде се вклучени фудбалерите кои постигнале 500 или повеќе голови во својата клупска кариера. Прв на оваа ранг-листа е бразилскиот напаѓач Ромарио (689 голови). Пеле (684) го следи својот сонародни, додека Кристијано Роналдо е на треттото место 661 погодок. Лионел Меси (651) е на петтото место. Меѓу активните играчи, во рејтингот влезе и Златан Ибрахимовиќ , кој постигна 501 гол за различни клубови. Најдобри стрелци според (IFFHS) на ниво на клуб Ромарио (Бразил) – 689 гола Пеле (Бразил) -…
Дефанзивецот на Манчестер Сити, Џон Стоунс, најверојатно ќе остане во тимот по крајот на сезоната. Според „Тајмс“, клубот е задоволен од играта на 26-годишниот фудбалер и има намера да го продолжи договорот со него на лето. Менаџерот на тимот Пеп Гвардиола сака да го задржи Стоунс во тимот и е заинтересиран тој да го продолжи договорот. Стоунс се пресели во Манчестер Сити од Евертон во 2016 година. Износот на трансферот беше 55,6 милиони евра. Актуелниот договор на Англичанецот е до летото 2022 година. Оваа сезона Џон Стоунс настапи на 13 натпревари во англиската Премиер лига, на кои постигна 2 гола,…
