Author: riste

Раководството на Фудбалската федерација на Македонија предводено од претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски денеска во швајцарски Нион, во седиштето на УЕФА, одржаа работен состанок со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и директорот на Национални асоцијации на УЕФА, Зоран Лаковиќ. На покана од првиот човек на Европската фудбалска асоцијација Александар Чеферин, претседателот и генералниот секретар на ФФМ на состанокот разговараа за актуелните случувања во македонскиот фудбал, поддршката од УЕФА за важните развојни проекти на ФФМ, како и за учеството на македонската репрезентација на Европското првенство. „УЕФА и претседателот Александар Чеферин сметаат дека успехот и напредокот на ФФМ под…

Read More

Четири дена откако пристигна во Битола, египетскиот голман Карим Хендави официјално беше претставен како нов член на Еурофарм Пелистер. Хендави веќе одржа неколку тренинзи со групата на повредени ракометари, со кои работи Божидар Мојсов, а вечерва првпат заееднички ќе тренира со новите соиграчи, кои доцна синоќа се вратија од Загреб. Со Хендави, како и со останатите голмани, ќе работи тренерот на голманите Ице Соколески. Хендави во Еурофарм Пелистер ќе го носи дресот со број 88.

Read More

Играчот на Барселона, Роналд Араухо, скоро сигурно ќе го пропушти следниот месец поради повредата што ја заработи во неделата против Бетис. Клубот откри дека Уругваецот има истегнување на левиот скочен зглоб, но не даде предвидување за враќање на терените. Според медиумите во Шпанија, сепак станува збор за 4 недели. Доколку се остварат предвидувањата, Араухо ризикува да го пропушти реваншот против ПСЖ во 1/8 финалето од Лигата на шампионите, што е на 10 март. Првиот дуел меѓу овие две екипи е на 16 февруари. 21-годишниот Јужноамериканец ја минува третата сезона со Каталонците откако беше купен за 1,7 милиони евра од уругвајската…

Read More

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи му ветил на својот колега од Реал Мадрид, Флорентино Перез дека клубот нема да контактира со дефанзивецот Серхио Рамос се додека конечно не бидат прекинати преговорите за продолжување на договорот меѓу Реал и играчот. Ова е објавено од страна на „Мундо Депортиво“, повикувајќи се на пишувањата во францускиот весник „Л’Екип“. Рамос игра во Реал Мадрид од 2005 година. Беше објавено дека фудбалерот ја одбил понудата на мадридскиот клуб за нов договор. ПСЖ е главниот кандидат за потпис со фудбалерот. Оваа сезона, Рамос учествуваше на 14 натпревари од шпанскиот шампионат и постигна 2 гола. Пред неколку…

Read More

Само Иско од повредените успеа да се опорави и да влезе во групата на Реал Мадрид за мечот со Хетафе кој се игра утре. Тренерот Зинедин Зидан е ограничен во неговиот избор, има само 13 играчи од првиот тим, од кои двајца се голмани. Загриженоста за Алваро Одриозола и Едер Милитао, кои се повредија беше оправдана. Од различни причини, на натпреварот нема да учествуваат Серхио Рамос, Еден Азар, Даниел Карвахал, Федерико Валверде, Лукас Васкез, Родриго и Тони Крос. Во оваа ситуација, тренерот беше принуден да повика шест играчи од академијата на Реал Мадрид. Овој натпревар против Хетафе требаше да се…

Read More

По долгите преговори кои ги натераа медиумите да шпекулираат околу иднината на шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон ја заврши целата таа сага и стави потпис на нов договор со Ф1 тимот на Мерцедес. Мерцедес ја официјализираше соработката со Британецот и за следната сезона, а слично како и досега тој ќе заработи 40 милиони евра за договорот. Хамилтон веднаш по потпишувањето на новиот договор призна дека е среќен што и понатаму ќе соработува со овој тим. „Возбуден сум што ќе ја возам деветтата сезона со колегите во Мерцедес. Ние постигнавме извонредни резултати заедно, решен сум да продолжам по истиот пат…

Read More

Проблемите со кои се соочува Барселона оваа година тешко да се намалат, напротив продолжуваат да ги мачат и управата и спортскиот и техничкиот персонал на клубот. Денес, имаше информација дека младата надеж Ансу Фати претрпе втора операција на Ахиловата тетива и ќе го пропушти остатокот од сезоната. Вчера весникот „АС“ напиша дека Серхи Роберто најверојатно ќе отсуствува еден месец, а денес „Марка“ додаде дека овој пат веројатно ќе биде двојно повеќе надвор од теренот односно може да пропушти цели два месеци. Овој играч беше надвор од теренот од ноември и се врати минатата недела против Атлетик Билбао, но во средата…

Read More

Меѓународната федерација за историја и статистика на фудбалот (ИФФХС) објави рангирање на најдобрите фудбалери во оваа деценија во Африка. На врвот од оваа листа се најде напаѓачот на Ливерпул и египетската репрезентација Мохамед Салах. На второ место е неговиот клупски партнер, напаѓачот на репрезентацијата на Сенегал и Ливерпул, Садио Мане. Ријад Марез, играчот за врска на Манчестер Сити и репрезентацијата на Алжир е на треттото место. Да потсетиме дека Салах игра за Ливерпул од 2017 година. Египетскиот напаѓач оваа сезона одигра 21 натпревар за Ливерпул во англиската Премиер лига, постигнувајќи 15 гола и 3 асистенции. Актуелниот договор на играчот со…

Read More

Продолжуваат проблемите на РК Вардар оваа сезона. Тимот никако да влезе во натпреварувачки ритам, затоа што повторно е одложен натпреварот против ПСЖ во Париз и истиот ќе се одигра во нов термин. Канцеларијата на ЕХФ го информираше Вардар дека од Француската ракометна федерација добиле известување за нови рестрикиции што ги вовела државата за лицата што не се од Европска Унија (задолжителен карантин при пристигнување). Новите правила се на сила до неодреден датум и поради тоа нема шанси да се одигра натпреварот од ЕХФ лигата на шампионите во Франција. Средбата во Париз требаше да се игра на 9 февруари 2021 година во 18:45 часот. ЕХФ…

Read More

Италијанските медиуми денес објавија информација дека актуелниот шампион Јувентус сака да го задржи Крисијано Роналдо уште една година плус во Торино. Јувентус ќе му понуди на Кристијано Роналдо продолжување на соработката и останување во Торино. „Тутоспорт“ тврди дека раководството на тимот од Торино, ќе му понуди нов договор со важност до 2023 година, односно една година повеќе од сегашниот. Кристијано Роналдо утре ќе наполни 36 години, сепак игра во одлична форма, а тоа го покажа на мечот со Интер кога постигна два гола. Во истата информација се вели дека нема да има измени во финансискиот дел од договорот, па Роналдо…

Read More